Дали Марија имала деца после Исус?

П.С: ОСТАНАЛА девица! Како што Синот Божји е роден од Отецот, без билошка мајка, така и Христос, Синот Божји е роден од мајка БЕЗ билошки татако, така и раѓањето Христови се случило НАДПРИРОДНО (како и неговот ЗАЧНУВАЊЕ!) после кое Богородица останала девојка! Ако кажеме дека имала и други деца по Христа, ЛОГИЧНО би било Богородица да не остане девојка! Но, овде не зборување за човечка логика, туку за ВЕРА и за ДОГМА.

П.П.С: Еден од идеалите во живеењето во правосланата вера е ДОСТИГНУВАЊЕТО на телесната, душевната а пред се, ДУХОВНАТА состојба во која живеела Адам и Ева во Рајот. А тие живееле ДЕВСТВЕНО, се до нивното изгонување од Рајот, кога Бог ја „анатемисува„ Ева со раѓањето деца!
 
Како може бе да остане девица кога на раѓање се кине хименот ( ако претпоставиме дека така е оплодена , “боженствено„ ) ...

Нема химен = на недевица ....копренде :?
 
Веќе имам напишано: и зачнувањето и раѓањето Христово не е настан по природен, билошки пат, туку се се случува НАДПРИРОДНО, преку ОСЕНУВАЊЕТО на Богородица од Светиот Дух, а не со телесен/физички контакт. Таа „надприродност„ с(в)е објаснува. Синот Божни е роден (не биолошки) од Отецот, без биолошка мајка, а во овој свет, Сниот Божји е роден од мајка без биолошки татко. Може да се види дека целиот настан околу „очовечувањето„ на Синот Божји во Исуса Христа е уникатен и досега неповторен настан, својствен само за Бога. Последично, и мајката Божја не ги ТРПЕЛА породилните маки како другите жени. Сходно на тоа, останала девојка се до крајот на овоземниот живот. Раѓањето Христово не ја повредило нејзината девственост.
Но сето ова е нерационално и нелогично, за поедници кои сакаат верките категории да ги разберат по рационален пат а не по патот на верата.
 
Девица ке зачне и ке роди син и ке му го стават името Емануил (со нас е Бог)” (Иса. 7.14). Значи Спасителот ќе го роди чиста непорочна девојка (алма), Мојсеј видел на планината Хорив несогорлива капина која е праслика на приснодевственоста на Богородица (1 Мој. 3, 1-8). И истчната врата во симболичката визија на пророкот Језекил низ која поминува само Господ Бог Израилев (со своето доаѓање на овој свет) и при тоа останува затвотена за секогаш, е праслика на приснодевствпто (Језек. 44,2).

Новиот Завет уште појасно го прикажува раѓењето на Спасителот од
девојка без присуство на маж. Кога архангелот Гаврил и ја јавил на
благата вест на Марија дека ќе го роди спасителот на светот таа зачудено
прашала: Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж (Лука 1,34).
Архангелот Гаврил и одговорил: Светиот Дух ќе слегне на тебе и со
силата на свишниот ќе те осени; па за тоа роденото од тебе ке се
нарече Син Божји (Лука 1,35).

По свршувачката на мајка му Марија за Јосиф се виде дека е тешка од
Светиот Дух (Мат. 1,18)

Јосиф кога дознал дека е бремена сака да ја отпушти но ангел му се јавува на Јосиф и му вели: тоа што е зачнато е од Светиот Дух (Мат 1,20).

Дека Јосиф не му бил вистински татко на спасителот и маж на Богородица се потврдува во генеологијата кај евангелитот Матеј. Стигнувајќи од Авраама до Јосиф не се вели дека Јосиф го роди Исус туку Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија од кој се роди Исус наречен Христос (Мат. 1,16)

Пророкот Исаија пророкува Девица ке зачне и ке роди син и ке му го стават името
Емануил (со нас е Бог)” (Иса. 7.14), побожната Елисавета ја нарекува
мајка на Господа, тоа е важно зошто ја нарекла така исполнета од
Светиот Дух а не сама од себе. (Лука 1.42-43). Архангелот Гаврил и ја
јавил на благата вест на Марија дека ќе го роди спасителот на светот
Синот Бпжји (Лука 1.31-32). Свети Апостол Павле вели: кога се исполни времето Бог го испрати својот возљубен Син Кој се роди од Дева (Галатјаните 4.4) Голема е тајната на побожноста Бог се јави во тело (Тим. 3.16)

Ако ви се малку овие цитати кази има уште а сега биди љубезен и одговорими на прашањето како стиховите од светото писмо сами се толкуваат

Чаир, ај подвлечи ми го стихот погоре каде што се вели дека Марија немала деца после Исус? :)
Сите горни стихови велат дека Марија била девица пред да го роди Исус, но кој го спори тоа? Сите христијани, па дури и муслиманите се сложуваат со тоа. Но друга е дискусијата на оваа тема. Тука не е дискусијата дали Марија биле девица пред да го роди Исус (за кое сите се сложуваме дека била), туку ДАЛИ МАРИЈА ОСТАНАЛА ДЕВИЦА И ПО РАЃАЊЕТО НА ИСУС.

Бујрум, цитирај ми стих на ова прашање :)
 
Дека Јосиф не му бил вистински татко на спасителот и маж на Богородица се потврдува во генеологијата кај евангелитот Матеј. Стигнувајќи од Авраама до Јосиф не се вели дека Јосиф го роди Исус туку Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија од кој се роди Исус наречен Христос (Мат. 1,16)

Nikasde ponatamu ne se naveduvaat bra'ata po telo [to vie tvrdite deka Isus gi imal zar e mozno edna takva va\na rabota evangelistot matej da ispus[i zna;i nemalo koga ne gi spomnal

P.S Uste cekam odgovor na prasanjeto kako pismoto samo po sebe se tolkuva
 
Писмото јасно вели дека Јосиф не му е татко на Исус. Тоа не е проблем. 'Каде' никаде понатаму не се спомнуваат другите браќа и сестри? Во родословието?! Па зошто мора? Сите други браќа/сестри на спомнатите таму се спомнати?
Смешен си.

Ова е до Чорбаџија (извини што се џиткам) ама и јас тврдам дека ПИСМОТО СО ПИСМО СЕ ТОЛКУВА. Што тоа значи? Тоа тие е следното: ако пишува дека Јосиф не ја познал или не и се доближил на Марија се додека таа не го родила своето ПРВЕНЧЕ-Исус, тогаш тоа значи и дека СЕ до тогаш тиен немале сексуални односи.
'Девица ќе зачне и ќе роди син'-пророк Исаија. Проблем во тоа? Нема!
Е отпосле Марија и Јосиф се ДОБЛИЖИЛЕ и праеле што праеле. Има нешто лошо во тоа? Нема! Па тие биле маж и жена кои послушни на Бог 'множете се и наполнете ја земајата' тоа и го правеле.

Кому не му се верува дека тие имале сексуален однос и дека од тоа се раѓаат деца, не мора да верува. Мене не мора 'некој со брада од толку и толку километри' (како што милува Marcus да напише) да ми протолкува дека Марија до смрт останала девица и дека со Јосиф немале деца.
Такво што бураз во Писмото немало, нема и ќе нема.

Грабни си го Писмото. Моли му се на Светиот Дух да ти го разјасни. Читај го!
'Ќе ја спознаете вистината и вистината ќе ве ослободи'-Господ Исус Христос

Благослов
 
Кон болтуваното:
- православието поинаку го толкува изразот „додека„. А како го толкува, веќе имам пишувано и за тоа. А кој милува да се повикува САМО на Писмото, нека го посочи и стихот во кој ЕКСПЛИЦИТНО пишува дека Марија (Богородица) и Јосиф се доближиле!!!! Или е тоа само нечие логично размилување дека до раѓањето не се долижувале а од после се доближувале? А зашто? Само за да продолжат да раѓаат деца?
Тешко....Обајсувањето ќе да е поинакво...
По Божја промисла, ТОКМУ Марија (Богородица) го родила Синот Божји затоа што до Марија, во целиот Израил НЕМАЛО подостојна женска особа која со својата телесна, душевна и духовна ЧИСТОТА би бија ДОСТОЈНА да Го роди НЕПОРОЧНИОТ Христос! Апсурдно е да се каже дека по Хрсита, Марија имала и други деца, оти со раѓањето Христово, Богородица исполнила ДЕЛ од Божјата промисла! А од после Христовото раѓање, раѓала други деца? Зашто? Која е целта од раѓање други деца, кога Сам Бог промислил да Го испрати Својот Син-Единец да биде роден од Богородица? Синот Божји е ЕДЕН и во духовниот и во материјалниот свет, па според тоа, НЕМА потреба од раѓање други деца! Ако е тоа така, тогаш било која друга жена би можела да го роди Христа и истата таа да продолжи да раѓа и други деца, под услов Христос да бил само обичен смртник! Раѓањето други деца, според природниот начин на раѓање, според православното видување на сексот, претсваува ТЕЛЕСНО ВАЛКАЊЕ, луѓеееее!!! Значи, Богородица (нека ми прости Севишниот!!!), раѓајќи други деца, би се ВАЛКАЛА со Јосиф!!! Скраја да е!!!
Па токму за да се спречи тоа телесно валкање, Христос е НАДПРИРОДНО зачнат, со ОСЕНУВАЊЕ од Свеитот Дух, БЕЗСЕМЕНО (!!!) а се ТЕЛЕСЕН контакт со маж/сопруг!!! Дали е сега малку ПОЈАСНО зашто Богородица останала девојка цел живот!??? ПА и раѓањето Христово е НАДПРИРОДНО!!! Богородица не ги ТРПЕЛА породилните маки како другите жени при породувањето!!!
Од изложеното, може да се види дека и зачнувањето и раѓањето и живтотот Христов, сами по себе се НАДПРИРОДЕН, и би рекол, НЕОБИЧЕН настан на кој не подлежат обичните смртници!!!
А што се оденсува до ставот дека Писмото со Писмо се објаснува, моам да ги кажам следното: дома имам ДВА печатени примероци од Светото Писмо и онака, гледајќи ги од страна. барем до денес, немам ВИДЕНО дека едното Писмо го толкува другото Писмо! Како што веќе имам кажано, Писмото се толкува од ТОЛКУВАЧ, а во праославието, тие толкувачи се Светите Оци!
 
размисли бе како е можно да се создаде дете ,ако не се спојат сперматозоит и јајце-клетка .На кој начин ќе се создаде тоа , од каде ќе добие гените за да изгледа на човек, се што си пишал е чиста глупост и нема никаква логика во тоа .

Човекот не се раѓа , тукау така како што те учат твоите “ценети “попови ...

Сега јасно ти зашо викам дека прост(необразован) народ лесно се контролира ?
 
Раѓањето други деца, според природниот начин на раѓање, според православното видување на сексот, претсваува ТЕЛЕСНО ВАЛКАЊЕ, луѓеееее!!!Значи, Богородица (нека ми прости Севишниот!!!), раѓајќи други деца, би се ВАЛКАЛА со Јосиф!!! Скраја да е!!!
Па е телесно валакње, ама тоа ти е начинот на репродукција, освен ако не веруваш дека те донел штрк.Марија го завршила својот повик со раѓањето на Исус...бил натприродно зачнат и така се родил О.К...ама тоа незначи дека после тоа е ставена во стаклено ѕвоно..Па Боже мој му била жена на Јосиф...Во тоа време немало епрувети. Марија е обична жена,немојте да ја ставате на исто или слично рамниште со Исус,тоа ти е како дома да го славиш далинското оти ти го пуштило телевизорот..алоооо
 
Бегањето од реалноста, не ја менува реалноста. Православието изгледа МНОГУ работи си ги толкува онака како што му одговара. Која е идејата на оваа НАМЕРНО ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ПИСМОТО од страна на ПРАВОСЛАВИЕТО, ќе им оставам на форумџииите да си одлучат.
Трошење на време е да им/ти се објасни што е вистина или што не е. Но нека, ќе направам усилба/и.

- православието поинаку го толкува изразот „додека„. А како го толкува, веќе имам пишувано и за тоа. А кој милува да се повикува САМО на Писмото, нека го посочи и стихот во кој ЕКСПЛИЦИТНО пишува дека Марија (Богородица) и Јосиф се доближиле!!!! Или е тоа само нечие логично размилување дека до раѓањето не се долижувале а од после се доближувале? А зашто? Само за да продолжат да раѓаат деца?
Тешко....Обајсувањето ќе да е поинакво...

Раѓањето други деца, според природниот начин на раѓање, според православното видување на сексот, претсваува ТЕЛЕСНО ВАЛКАЊЕ, луѓеееее!!! Значи, Богородица (нека ми прости Севишниот!!!), раѓајќи други деца, би се ВАЛКАЛА со Јосиф!!! Скраја да е!!!
А што се оденсува до ставот дека Писмото со Писмо се објаснува, моам да ги кажам следното: дома имам ДВА печатени примероци од Светото Писмо и онака, гледајќи ги од страна. барем до денес, немам ВИДЕНО дека едното Писмо го толкува другото Писмо! Како што веќе имам кажано, Писмото се толкува од ТОЛКУВАЧ, а во праославието, тие толкувачи се Светите Оци!

1. Ајде Православието нека докаже од ПИСМОТО (не од овој или оној толкувач) дека Марија немала деца кога во ПИСМОТО пишува дека Јосиф не ја ДОБЛИЖИ или ПОЗНА (читај имал сексуален однос) СЕ ДОДЕКА НЕ ГО РОДИ СВОЈОТ СИН;
Инаку не е изразот ДОДЕКА во прашање, туку ДОБЛИЖИ/ПОЗНА. Но и за тоа православието има одговор кој нему му одговара.

2. За какво валкање овде зборуваш? Марија би се извалкала или секое сексуално општење е валкање? Ти женет си? ПОАПСУРДНО размислување (секој има право) немам слушнато. Ако тоа е (а е) православно размислување, тогаш ...

3. Христијанската вера произлегува од САМО од ПИСМОТО 'верата доаѓа од слушањето [стави и читање] на пораката, а пораката - од Божјото Слово'-Римјаните 10:17 [според православниот превод на ПИСМОТО] Инаку јас имам (повеќе од 2) разни преводи на ПИСМОТО. Тоа ми користи НЕ ДА НАОЃАМ ГРЕШКИ во некој од преводите, туку за ЗБОГАТУВАЊЕ на мислата.
СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ГО ТОЛКУВА ПИСМОТО. Светиот Дух е Толкувачот кој на христијаните им го толкува ПИСМОТО кога тие го читаат, се молат и размислуваат за тоа што го читаат.

Моето прашање то тебе МИКИ (и до сите кои САМО се повикувате на ПРАВОСЛАВИЕТО) е: ГО ЧИТАШ ЛИ ТИ ПИСМОТО?

Господ Исус нека те/ве благослови во ЧИТАЊЕТО НА ПИСМОТО.

п.с. инаку и јас од време не време ги читам РАНИТЕ ЦРКОВНИ ТАТКОВЦИ!
 
Бегањето од реалноста, не ја менува реалноста. Православието изгледа МНОГУ работи си ги толкува онака како што му одговара. Која е идејата на оваа НАМЕРНО ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА ПИСМОТО од страна на ПРАВОСЛАВИЕТО, ќе им оставам на форумџииите да си одлучат.
Трошење на време е да им/ти се објасни што е вистина или што не е. Но нека, ќе направам усилба/и.

1. Ајде Православието нека докаже од ПИСМОТО (не од овој или оној толкувач) дека Марија немала деца кога во ПИСМОТО пишува дека Јосиф не ја ДОБЛИЖИ или ПОЗНА (читај имал сексуален однос) СЕ ДОДЕКА НЕ ГО РОДИ СВОЈОТ СИН;
Инаку не е изразот ДОДЕКА во прашање, туку ДОБЛИЖИ/ПОЗНА. Но и за тоа православието има одговор кој нему му одговара.

2. За какво валкање овде зборуваш? Марија би се извалкала или секое сексуално општење е валкање? Ти женет си? ПОАПСУРДНО размислување (секој има право) немам слушнато. Ако тоа е (а е) православно размислување, тогаш ...

3. Христијанската вера произлегува од САМО од ПИСМОТО 'верата доаѓа од слушањето [стави и читање] на пораката, а пораката - од Божјото Слово'-Римјаните 10:17 [според православниот превод на ПИСМОТО] Инаку јас имам (повеќе од 2) разни преводи на ПИСМОТО. Тоа ми користи НЕ ДА НАОЃАМ ГРЕШКИ во некој од преводите, туку за ЗБОГАТУВАЊЕ на мислата.
СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ГО ТОЛКУВА ПИСМОТО. Светиот Дух е Толкувачот кој на христијаните им го толкува ПИСМОТО кога тие го читаат, се молат и размислуваат за тоа што го читаат.

Моето прашање то тебе МИКИ (и до сите кои САМО се повикувате на ПРАВОСЛАВИЕТО) е: ГО ЧИТАШ ЛИ ТИ ПИСМОТО?

Господ Исус нека те/ве благослови во ЧИТАЊЕТО НА ПИСМОТО.

п.с. инаку и јас од време не време ги читам РАНИТЕ ЦРКОВНИ ТАТКОВЦИ!

1. Користејќи ја твојата логика, ќе поставам контра-прашање: а каде во Писмото стои стих кој вели дека Богородица е БИОЛОШКА мајка на споменатите браќа и сестри Христови?
Ако во Писмото нешто (некој настан, личност..) не е споменат, значи дека не ни ТРЕБА да биде споменат. Просто кажано, која е логиката од тоа, Писмото да ни кажува се што сакаме да знаеме, или поточно кажано, се што НАМ ни ОДГОВАРА?

2. Да, СЕКОЕ сексуално општење е ТЕЛЕСНО валкање!! Православието познава мал милион молтивти за одредена потреба, но НЕ ПОЗНАВА молитва за „сексање„. Ти текнува? Сексот има една улога: да го продолжи родот човечки, Се друго е споредно., т.е. се сведува на ЗАДОВОЛСТВО. Во православието, сексот НЕ Е ЗАБРАНЕТ за брачниците, но е забранет надвор од бракот. Во православието, бракот НЕ СМЕЕ да биде покритие за развратот. Но ,дури и во бракот, сексот е ОГРАНИЧЕН и забранет во одредени денови и периоди, за да не испадне дека духовните активност и „задоволства„ се помалку битни од телесните кеифови. Да беше сескот чиста работа, тогаш сам Бог не би ја вовел 7-мата Божја заповед, туку таа или не би постоела или (не дај Боже) би била поинаку формулирана!!!

П.С: Во Рајот, Адам и Ева НЕМАА телесен контакт оти не им ни требаше. Сексот е даден повеќе како КАЗНА кон Ева (за да ги трпи породилните маки) а не за да биде сексањето обично праење кеифови на телото!!!

3. ВЕрата произлегува од Писмото, не вемам не, но она кое е запишано во Писмото треба да се ЖИВЕЕ и да даде ПЛОДОВИ достојни за влез во Рајот („..некој, 30, некој 60 а некој 100...„ како што и вели Сам Христос) а не целиот живот да ни помине само во негото толкување. За православните, толкувањето на Писмоте е „ствар„ на наследство кое го добиваме од Светие Оци од минатите векови.

За крај: да, секако дека го читам Писмото. Тековно, читам православна богословска литература која се занимава со прашања околу толкувањето на Писмото а посебно читам литгература која се занимава со тековна проблематика од живеето православната Црква и проблемите на кои наидуваат верниците во овој свет.

Биди поздравен.

П.П.С. Тие црковни татковци од раната Црква (Тертулијан, Августин, Кирил Александриски, Василиј Велики, Григориј Богослов, Јован Златоуст и др) православието ги слави како Светители и наши застапници пред Христа Бога.
 
А каде Мики пишува дека не е?!

Инаку баш ме интересира што читаш во моментот од ПИСМОТО?

За информација до тебе/сите, јас во моментот го завршив пророкот Малахија во Стариот Завет во која книга се вели дека Господ не се менува-што укажува на тоа дека ние сме тие кои сме променливи и си правиме работички кои нам ни одговараат.
Како што на православието му одговара да си го чува новото божество по секоја цена-КУЛТОТ НА МАРИЈА
 
Хмммммм....
Во моментов, јас сум на моето работно место.
Дома, ја читам книгата со наслов „Чувајте се некој да не ве испревари„ (слободен превод) во која се укажуваат тековните активности низ светот (но и кај нас!) кои укажуваат на трасирањето на патот за доаѓањето од антихристот.

Да, и јас се сеќавам на стихот во кој Севишниот вели „..Јас не сум се променил..„.
Богородица НЕ Е НОВО божество, туку мајката Божја има свое место и заслуга во православната Црква. Сам Бог ја обра Марија да го роди Синот Божји. Таа (Богородица) е наш застапник пред Христа. А кој син не би ги послушал молитвите од мајка си?
 
И сигурен си дека оваа книга не ти влијае на проценките ??
 
И сигурен си дека оваа книга не ти влијае на проценките ??

Кој има очи-нека види..кој има уши-нека слушне..
Помрачувањето на умот е многу гадна работа, разбираш...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom