Дали лепите постери во вашата соба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Имам 3 постери во собата, од Тоше Проески, Кире Лазаров и Стивен Џерард, одамна ми се ставени и не планирам да ги одлепувам
 
Дали знае некој каде може во Македонија (Скопје де) да се купат постери, ама кога викам постери мислам на постер со димензија минимум 70х100цм.
Во Југотон во ГТЦ имаш голем број на постери, мислам дека се и со димензиите што ги бараш отприлика.
Во мојата соба сега имам само еден голем постер од Курт Кобејн, и еден календар со Каролина Гочева.Кога бев основно и земав Наш свет целата соба ми беше излепена, но сите ги извадов поради варосување, и од тогаш немав ништо залепено се до пред некое време кога ми текна да го закачам Курт.
 
ООООООО кога беше тоа чудо.Ама лета времето.Инаку лепев од металика,ајрон мејден,мегадет,васп,ники лауда,аритон сена......зафатени сите 3 слободни ѕида.
 
Да, имам од Ријана, Тиесто, Лејди Гага, Шакира, Дејвид Гета...

:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Имам само еден, поголем, oд Fight Club.
И е со стаклена рамка, не лепен.
Пошо имам стил.
 
Дали знае некој каде може во Македонија (Скопје де) да се купат постери, ама кога викам постери мислам на постер со димензија минимум 70х100цм.

Во литиум.
 
Порано лудница ми беше собата од постери. Ѕидот беше резервиран СТРОГО за фудбалери, а на вратата лепев пејачи, пејачки, глумци, глумици .. Но откако ја реновиравме детската сите постери добија карта во еден правец.

Сега имам само 2 од Ман.Јун. и еден Марија Шарапова :back:, а сестра ми пак е луда по Селена Гомез и има залепено над нејзиниот кревет околу 5-6 постери од неа. :icon_lol:


Хахаха јас имам 78 постери во мојата соба ! 53 се од Селена Гомез :), а останатите се од други актери и пејачи
 
Постери не лепам бидеејки пораснав..порано лепев,сега на ѕидовите во детскава ми стоат слика од тимот на барселона,голема платнена слика на роналдињо во барселона,каталонско знаме на барселона,шалот на барселона,оргинален дрес на барселона закачен на ѕидот и палка на барселона обесена на ѕидот..:D
 
Одамна беше то ко лепев, пред 4/5 години. Све тргнав... :) Се изгуби некако и тоа, не е ко шо беше.

Ај ние го поминавме тоа, кујзнае сеа маливе дали лепаат -_- И баш ме интересира ако лепаат, шо баш лепаат? Ваљда не некој дота херои???
 
Одамна беше то ко лепев, пред 4/5 години. Све тргнав... :) Се изгуби некако и тоа, не е ко шо беше.

Ај ние го поминавме тоа, кујзнае сеа маливе дали лепаат -_- И баш ме интересира ако лепаат, шо баш лепаат? Ваљда не некој дота херои???
дота,вов,кантер..помина времето кога се лепеа фудбалери,кошаркари,ракометари,формула и слично..:D
 
ја имам 2 постери едниот е од Dwayne Wade, a другиот е од Xavi(дека имам дупка во ѕидот и ако дознаат мојте ќе ме стрелаат) (n)
 
Лепев порано постери ама морав да ги извадам за да се вароса и којзнае каде завршиле постерите , сега кога се преселив во друг стан решив да не лепам на ѕид ништо со селотејп пошо кога се одлепува се уништува и ѕидот :)

сега имам еден голем постер од Alice in Wonderland филмот ,би сакал да го урамам ,ама брат ми има на идеа неколку години веќе да стави тапет во соба низ цел ѕид некоја слика направена колажна во фотошоп но никако да го реализира тоа :D
 
Во трета средно имав еден голем постер над креветот од Ристо Вртев. Мајка ми многу ми врескаше за да го тргнам, како страшило бил.
А порано кога бев 6то одделение збирав сешто од ГНР и лепев на ѕидот. Имав и еден постер од Југотон на подарок го добив од Пинк Флојд, каде ми отиде тој незнам, дали некој го џапна, дали е фрлен појма немам, исто и за оној од Ристо Вртев. Имав на другиот ѕид многу постери од Нирвана, веројатно и тие се фрлени или раздадени по луѓето, како што и половината цедиња си ги раздадов по луѓе и не ми ги вратија. Го имав последниот албум од Архангел мислам дека со Тин Шема одеше сестра ми го даде некаде и не и го вратија, до ден денес и го памтам тоа и нема да и простам никогаш:(
 
Постери немам тој лепење некако ич не ми се свиѓа освен ако не е на таблу дрвену па да личи на нешто.Иначе слике обожавам и имам неколко насликани големи хамери.Мое дело :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom