Порано имав многу постери залепено на ѕид, ама сега имам нацртано Чопер со костур на него .. иначе сакам Еди да биде нацртан на таванот од мојата соба и некои други работи ..
Сите ѕидови од собата ми беа залепени со постери од кого сум стигнала да дофатам.
Светски познати пеачи, глумци меѓу кои оние од шпанските серии итн...
Сега преферирам слики од мене и луѓето кои ги сакам.
Стојат во еден ќош залепени само постерот од Тоше, еден од Енрике и уште еден од Реал Мадрид.
Имав многу постери , ама најдраг ми беше постерот од РИВАЛДО кој ми беше закачен на таванот баш над главата кај што спијам. И еден ден после спиење ги убедував мама и тато дека Ривалдо ми намигнал ноќта
Не лепам повеќе постери. Тоа била на времето кога сме земале Наш Свет или Тин Шема каде добро памтам даваа добри огромни постери(Од Архангел го имам чисто кристално пред очиве).
Единствено нешто блиску до постер кое го чувам во мојава соба е пластифицираново чудо кое ми го подари женската.
Кога одев основно секоја недела зимавме НАШ СВЕТ списание и секогаш имаше постери,си ги лепев во соба,но сега се извадени освен од Лионел Меси на брат ми.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.