Дали, како и колку лажете?

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Мразам лажење , уф , ептен ме иритира ..
Ама некогаш кога ќе ме фатат во тесно за некоја ситница , се снаоѓам ..не со лажење , туку со избегнување на вистината:)..
 
Многу ретко лажам.Секогаш ја кажувам вистината во лице.Е сега бидејќи не постои човек којшто не лаже, а јас сум човек, значи моите лаги се сиви лаги.
 
Retko lazam, ama koa imam potreba da i toa profesionalno:D
Mislam deka problem mi e toa...koga lazam lazam ekstra...
 
Несакам да лажам и се трудам тоа да го правам што поретко, ама никогаш со лоши намери или да повредам некој! Јас би рекол дека најчесто употребувам сиви лаги.
 
Не лажам немам потреба од тоа,лажев додека бев средно,знаете кога ке избегате од час па ви треба оправдување.

Ако лажеш мора на секоја лага да смислиш поголема и се поголема за да се мисли дека е вистина, а тоа ти е како да живееш во илузија.

На лагата и се кратки нозете!!!
 
Понекогаш и премногу , али од почетокот на новата година се решив ..NO MORE LIES !! Премногу проблеми ми направија .
 
Ма никакви лаги... Црвени биле, жолти биле, лаги се! Колку и да е тешко, и болно, и грдо, најубаво е да се кажат одма. Барем јас така... Не можам нешто да издржам и да не кажам, макар и да е најмала ситница. Се чувствувам просто и никако.
 
кога ке се најдеш во некоја деликатна мора да лажеш
сакал или не
барем јас така мислам
 
Лажам достоинствено и умерено, односно квантитативно и квалитативно правопропорционално со соговорникот.
 
Лажам коа морам....а како лажам,пааа...наивно:pipi:
 
Штом еднаш излажеш...

Ако еднаш излажеш,,потоа и сто пати да ја кажеш вистината,нема да ти веруваат!!!
Се однесувате ли и вие вака? Дали после една дообра лага,сте спремни повторно да и верувате на личноста или следниот пат малку ќе се подзамислите? Дали сте лековерни или мудро ги толкувате лагите? Мислите ли дека треба да се прифати оправданието за лага,,и дали треба да се прости? Да се прости е во ред, но да се заборави? Што ако дознаете дека некоја блиска личност ве лажела за нешто, би можеле ли потоа повторно да и верувате?
Мене ми се има случено ова, но немаше да ми остави впечаток ако не се работеше за нешто сериозно..Тогаш простив,,но не заборавив...А тоа воопшто не е убаво чувство..Но,,дали е така правилно??
Гледано од другата страна,секој од нас понекогаш лаже,,но во случајов не мислам на ситници туку како што би рекла на 'крупни лаги'.Сигурно и вие сте имале некоја ваква? Што мислите,,ви успеало ли да ја вратите довербата кај таа личност или воопшто не сте се ни обидувале? Која била причината за вашата лага?
Како се однесувате вие во вакви ситуации??
:smir::smir::smir:
 
Принцезо се заигра а?
Ај малку пополека има и слична тема... рагледај прво:smir:
 
Принцезо се заигра а?
Ај малку пополека има и слична тема... рагледај прво:smir:
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: шо да праам досадно ми е.. btw кога сме веќе кај тоа,,пребарувачот не ви работи добро..мислам да поработите на тоа:smir::smir::smir:
 
Имаше три вакви теми за лажењето.

Да не се лажеме да отвараме нови :) дискусијата продолжува овде.

Бујрум!
 
Хмм лажење... па и не е баш некоја добра особина да ја имаш за во секојдневен живот..... да знам да лажам и знам да убедам човек во тоа што ќе го излажам али сепак не се гордеам со тоа.... како и да е за мене лажењето е сосема непотребна работа.. колку и да изгледа лошо тоа што треба да го кажеш подобро кажи го отколку да смислиш некоја слатка лага :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom