Дали Исус навистина воскреснал?

  • Креатор на темата Креатор на темата debi7777
  • Време на започнување Време на започнување
Туууу, па истиот став и ја го имам кон Тебе...Немогуче, која коинциденција.
Ти, Мики, немаш ставови. Како што и самиот викаш, верникот не размислува, не се прашува и не претпоставува. Штом ова не го прави, тој нема ниту ставови.

Пошто Црквата не се занимава со атеисти, истата не може да има став за мене. Hence, ниту ти не можеш да имаш став за мене. Сирото, една!
 
Де де, пак си ласкаш...Лично, не се „замарам„ со членови од форумов, оти токму таквите кои се лигават кон другите, немаат ништо посебно да кажат, освен навреди на лична основа.

Тоа дека верникот „не размислува„ или дека верникот „не се прашува„ или дека верникот „не претпоставува„ се саде некои Твои фантазми, оти ем не си верник, ен не живееш по верата и као капак на све, се впушташ да коментираш вернички теми и ставови. Едноставно (нели!), очиглендо е дека духовноста Ти е не слаба, туку никаква и тешка непознаница па не Ти преостанува ништо друго освен да мешаш „баби и жаби„ така што на духовноста, која не е од овој Свет и не е за овој Свет, и противречиш со овосветовни категории.
 
Мрш, бе, таму, коленичи или кај се - не туку валкај теми по форуми. Доста глупости тресеш, па сеа и духовни ментални небулози ќе ни редиш!
 
Мики ме интересира, дали може да се случи, некогаш, да имаш различен став од црквениот?
 
Може да се случи а тоа веќе го имам сторено на форумов, со тоа шо се оградив и посочив дека тоа е само мој став, но не и црковен став, што значи дека постои одредена веројатност дека сум во криво.
 
Значи имаш потенцијал да се преметнеш, полека, кај нас.Размислувањето со сопствена глава е најбрзиот пат до пеколот.Знаеш што рекол Мартин Лутер за тоа...
 
Dream on...

Не само што немам потенцијал, туку немам ни намера да сторам такво нешто. Кој се утрвдил во верата, не го „занима„ поинкава вистина од Божјата, оти во споредба со Божјата, секоја световна вистина е само, најблаго речено, добар виц...

А што рекол Лутер, лично не знам, но и не е од мој интерес, оти и Лутер тоа што го кажал, било саде негова човекова вистина. „Кажал-и останал жив„, како што вели Драган Б. Костиќ.
 
Па не е баш жив чоекот, туку друго ми беше идејата.Пошто спомна дека си имал различен став од црквата за некое прашање, тоа значи дека е можно црквата да е во грешка во врска со тоа прашање.Знаеш и сам што повлекува тоа, да не ти објаснувам,(hint:burning, stakes, torture), ќе ти текне.
 
Доколку човек тргне од една агностичка позиција и претпостави дека Бог можеби постои и дека Христос можеби воскреснал и потоа почне да ја истражува веродостојноста на Христовото воскресение, дури тогаш може да очекува објективни и непристрани резултати од истражувањето.
Најважното нешто при истражувањето е да не дозволиме да не движат нашите предрасуди туку да оставиме да не движат аргументите и фактите до кои што ќе дојдеме. Тоа се вика чесен и објективен пристап во истражувањето.
Ја сваќаш еднаквоста???

Со среќа твоето истражување, не моето, моето отишло многу понапред од потреба од докажување на бог или на еволуцијата.
 
Кога се гледа со мистичен поглед, човек треба да умре за да се роди пак. Она што треба да умре е анималистичката природа (што се наоѓаат во прва, втора и трета чакра), за да може духовната да се роди. И тоа е воскреснување. Јас како такво го гледам воскреснувањето на Исус - не како буквално.
 
Пошто спомна дека си имал различен став од црквата за некое прашање, тоа значи дека е можно црквата да е во грешка во врска со тоа прашање.З

Не реков дека моите ставови се „различни„ со оние од Црквата, туку дека тоа се само мои ставови, од кои се оградувам со посочувањето дека се мои а не истовремено и црковни. Тоа што изразувам свој став, не е тоа мој став „за по дома„, туку мој став заснован на црковното учење, но како мој ства/заклучок, кој (став) не е потврден и од Црквата.

Не е проблем ако некој поединец има и свои ставови, за тоа поединецот нема да биде скршен од ќотек, туку поединецот нека се преиспита сам себе, за да може самиот да увиди дали неговиот став е во духот до црковното учење или е став кој пати од субјективизам.

И денес во Црквата постојат поединци кои на пример, кажуваат афирмативни ставови и за еволуционизмот или за креационизмот, но тоа се само нивни а не и цофицијални рковни ставови кон поеднини теми и прашања.

Не, не е можно Црквата да е „во грешка„, можно е само личноста во Црквата да биде „во грешка„, оти црковните вистини се донесуваат заеднички/соборно, со сето потребо филтрирање на нејзните вистини.
 
Не, не е можно Црквата да е „во грешка„, можно е само личноста во Црквата да биде „во грешка„, оти црковните вистини се донесуваат заеднички/соборно, со сето потребо филтрирање на нејзните вистини.

Filtriranje na vistinata?

:D
 
По бе...:D
Требит да зе одвоит Божјото од човечкото, а уште појќе од демонското.

Ангели, демони, богови, тоа само на филм можеш да го видиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom