Абе луѓе мои, џабе дискутираме имало живот на Марс или немало, има експерти за таа работа, а тие експерти не се кој знае каде, тие се во НАСА.
Остајте ги луѓето во НАСА си работат и тие со сигурност знаат дали има живот на Марс или нема. А тие за да кажат дали има или нема живот на Марс, мало морген. Кој знае што имаат вградено тие во мозоците, за кога ќе почнат да зборуваат за некои тајни за НАСА па да им се блокира мозокот и вртат друга тема.
А за тоа дека сме сами во вселената, не сме сами. Само колку посети имало од вонземјани, НЛО, и колку тврдења има за таа работа од луѓе во светот, а и во Македонија.
Ареа 51. Во подземјето на таа област кој знае што има, цели лабаратории во кои се испитуваат вонземјани од паднати летечки чинии итн. итн. Зашто пример кога ќе се урне некоја летачка чинија било каде од светот доаѓаат експерти од НАСА и тоа што го нашле го носат во Ареа 51. На истражување.
А за да постои живот на другите планети подалеку од Марс, пример Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон.... таму тешко да има живот, како прво сончевите зраци не допираат до таму, зашо што ќе праиш на -200 температура. Можеби друг вид на живот, а ваков каков што е на Земјата ви никој случај.
Толку
.