Ние убаво се разбираме ама изгледа ти не разбираш дека на кучињата не им е вродено тоа да касаат т.е напаѓаат
Тие тоа го учат од мене и од тебе .. и од било кој човек
Пак не гледам зошто би се забраниле одредени раси
Мислиш на ова животно, со волица поголема од главата со силни мускули на неа да скрши коска и заби наредени и наточени за кинење месо, не му е вродено да каса?
А уште на тоа додава дека тие тоа го учеле од мене или од тебе

демек луѓево касаат и кучињата учат од нив како се прави тоа...
Секоја чест за упорноста на Vanlok да дискутира со вакви дискутанти по ова прашање
Неможе секоја будала, да чува месојадно животно кое по големина и перформанси е способно да убие човек.....
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 07:13 ---
затоа што питот,ротт,доберман,се јаки,физички,и поради тоа болни умови бираат такви кучиња(најчесто,ви кажав дека имам во маало болен ум,со лабрадор)
Епа баш поради таквите болни како што ги нарече умови, несмее секој да чува месојадни животни, и затоа некој покренува дискусија да се најде решение.......според твоите искажани ставови на темава: неразбирање, занемарување на фактите и непотребна нервоза, јас стравувам дека ти не си компетентна личност да чуваш такво куче.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 08:46 ---
Еве што говорат фактите:
Смртоносни напади од почеток на 2006та до крајот на 2008ма.
- 1во место Pit bull, 52 убиства, 59% од убиствата
- 2ро место Rottweiler, 12 убиства, 14% од убиствата
- 3то место American bulldog, 4 убиства, 5% од убиствата
Ова се официјани податоци.......
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 08:53 ---
Ти бе бате колку години си, ако си над 30+ знам, сите сте намќорести, и ептен ми е кејф да поминувам покрај вас со златен ретривер без маска и без поводник, и да ви ја гледам скиселената фаца.
Уште еден пример зошто не смее секој да чува такви кучиња, а бидејки имаме повеке вакви примери, ситуацијата е алармантна, така да единствено решение останува банирањето на тие раси.....перманентно
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 08:59 ---
Уште еден пример..
Ванлок еве нека се донесе законот и нека проба да дојде некој да ми го земе кучето.
Димитри, ме интересира што ќе направиш во таква ситуација, мнозинството одлучува да се донесе таков закон (нели демократија) и законот стапува на сила, доаѓат кај тебе овластени лица да го земат, и?
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 09:28 ---
Па и најтврдоглавиот човек на планетава, досега по толку многу убедувања од
искусни луѓе кои што чуваат и биле во контакт со
„опасните раси
“ ќе сватеше досега дека не е проблемот во кучињата туку дека е проблемот во сопствениците.
За среќа има мноооогу луѓе што во моментов ја читаат темава на форумов и самите ќе си проценат кој е во право.
....за среќа....
Покрај толку убедување ти употно го тврдиш спротивното.
Па нели гледаш дека ти се
ЕДИНСТВЕН на целава тема со такво размислување дека постојат лоши кучиња, и нели гледаш дека луѓето веќе правилно расудуваат и
НИКОЈ не се согласува со твоето мислење
.
Лажеш..
.Болдот пазете „искусни“ фактите не се битни, важно тие се искусни....
Проблемот не бил во кучињата, бил во сопствениците, ок. но мене, а и 99% од публиката не не интересира во кој е проблемот, туку како да се реши овој проблем, затоа што е сериозен и станува збор за убиства на луѓе......и единствен начин за сега е да се донесе закон како во останатите земји кои се заштитиле од несовесните стопанственици и нивните ѕверови....
Можеби и оние со пудлици не се совесни стопанственици, но ете нивните миленичиња не убиле некого барем засега, а овие другите убиваат и ќе убијат, затоа треба да се отстранат.......тоа ли е тешко да се свати?