^ Ние живееме во една таква мутава државичка со толку крајно неподнослив и мутав-тупав народ, на кој едноставно не може да му се објасни дека тоа куче што е чувано во двор, цел живот на ланец, има душа, сака слобода, дека тој стап од тоа глупаво детиште него го боли. Али сепак, кучето е мртво, баш поради причините на мутавиот народ што го има по целиот Балкан. Не можеш на овој народ да му објасниш, дека куче без причина не напаѓа, без разлика што тоа го има во генот (да се храни и брани).
Јас чувам ротвајлер, никогаш до сега ми нема направено проблем. Јас се сметам себеси за одговорен сопственик, кој знае што му е потребно на своето куче.
Преку глава му е од муабетите дека некои раси не треба да постојат. Ако веќе се фатиме за тоа што треба да постои а што не, јас би рекла дека не треба да постојат луѓе кој што не умеат да ја разберат природата, луѓе кои што одат против истата, а со своите лоши одлуки го загрозуваат и мојот живот.
Ако не можат да ги разберат кучињата, нивната психолигија, тогаш нека не ги чуваат.
Но, некој хејтер на овие раси, да ми зборува за тоа како јас треба да го мразам сопственото куче, како и да се одречам од него, зашо он не знае како треба со куче- е па нема. Не верувам дека е возможно да постои закон кој што може да ме оддели од кучето, а и да постои, ондак видимо се во друга држава. Нека воведат, како што направија во Србија, да треба да се плаќаат такси за овие раси, на радо срце би плаќала, али единствено само поради тоа што ќе знам дека тие што ќе ги чуваат стварно ќе се грижат за нив и нема да ги злоупотребат (пошто нели мора да плаќаат за нив).
Патем, дешавка во Скопјево, пред 2-3 дена. Мој другар доби два конци на прстот, прилично распаран беше, а и едвај запреа крварење, поради тоа што имало некоја вена поткачено, од сопственото куче- пинч.
Најголемата повреда што сум ја имала јас од кучево, ми било модар гз, кога ме бутна на земја од радост што ме гледа...