мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.113
- Поени од реакции
- 25.304
Прво Беко е фирма и бренд, ама да не навлегуваме во тоа сега.Па ти спомена Беко, Беко е бренд али овде на балкан. Во германија ќе купиш Бош. Овде ќе земеш Вивакс, Квадро, Нео, на запад Техникс, Сони. (зборам за генерално - секако и овде се троши сони, али сооднос со другите е помал) Исто имам приметено дека некој од моделите на посалам брендови (оние со наставки ГХЛДРТВ... се појавуваат само во балкански делови или источна европа, нема во западните, од спецификации, упаства, цени, се е то во левови динари денари рубљи, и тие Брендови си имаат линија за позиромашен пазар и за оној побогатиот.
Ако кога сме веќе кај Бош. Оди купи сега Бош и споредиго со Бошот кој си го купил пред 20 години.
Ете земи машина за перење Бош, има и тука.
Или ајде Горење. Според горење сега со горење пред 20 години.
Брендот моментално не значи ништо освем дека ке го платиш поскапо. Ни се случило цела пратка Панасоник телевизори( сепак Панасоник е бренд, ако не е Беко нели?) да се расипат уште во тек на гарантниот рок. А пази кошташе колку два просечни телевизори од иста класа.
За Сони ич да не правиме муабет. Не е сони тоа што беше. Филипс пак ич, Грундиг уште помалце.
На запад ситуацијата е подобра но не толку колку што мислиш дека е подобра. Незнам како да ти кажам, денес едноставно техниката е ефтина но затоа е и неквалитетна и се оди на тоа наместо да го поправаш да купиш ново. Резервните делови или ги нема , или ако ги има се изгор скапи или пак воопшто не се поправа и повеќе ти се исплаќа да купиш ново отколу да го поправаш. За издржливост да не ни правиме муабет.
Тоа ти е скоро секаде во техниката, а и колите не се исклучок.