Дали господ го создал човекот, или човекот го создал господ?

  • Креатор на темата Креатор на темата OFcp&&&
  • Време на започнување Време на започнување

Дали господ го создал човекот, или човекот го создал господ?

  • Вкупно гласачи
    236
Илустрација:
Се шетате во пустина. Наоѓате часовник (касио). Го земате во рака и се восхитувате на неговата убавина, точност и прекрасен дизајн. Се вртите наоколу, разгледувате.. нема никој. Се прашувате од каде се појавил овој часовник овде? Што заклучувате:

а) Часовникот се самосоздал со самоорганизирање на околната материја.
б) Некој Часовничар го создал часовникот.

Јас гласам под б, а вие?
 
Ова ми е познато од некаде , да не го има во онаа книжката “Стражарска кула „ .
Инаку , дали со ова се доказува Бог , тоа ти е поентата , така ?
 
Јас заклучувам дека постојат мнооогу мали шанси да е „а“, но многу поверојатно е да е „б’, затоа ќе претпоставам дека е „б“....но, има можности „ц“, „Д“, и т н.....

Но, да не го мешаме ова со господ,
овој универзум не е пустина, а човекот не е часовник...

А што ти беше поентата на ова?
Дека човекот е создаден од господ?!?
 
Овој документарец е заснован само на цврсти докази. Ти го препорачувам да го гледаш првиот дел од филмов вој кој режисерот врз база на научни истражувања ја побива теоријата за постоењето на религијата.
И самиот тој вели:

Гледај па ке правиме муабет.

поздрав!

Kakov dokumentarec kakvi bakradzi naucnikot koj go spomenuyvash e obicen klovn koj se vika George Dennis Carlin.
 
Вака сеа.

1. Ако некоја појава Х, никогаш и никој не може да ја докаже, значи таа не постои.
Во случајов господ е Х. Никој не го видел, никој не го почувствувал, никој не докажал дека постои.
Значи господ не постои!

2. Мојата тетка имаше рак. Одеше на доктор и примаше разни ужасни третмани. Taa и нејзините блиски секојдневно се молеа на господ. но како и да е таа почина.
Значи господ не постои!

3. Земјата, универзумот, животните... се многу сложени така?
Еволуцијата, а не господ, е доволно добро објаснување како тие станале толку сложени.
Значи господ не постои!

4. Еволуцијата е докажана, значи е вистинита. Тогаш големиот создавател - господ е лажен. Оттука следи дека господ не постои. Господ не е големиот креатор на универзумот. Ако имам недостиг на ментален капацитет и ако немам на училиште учено за тоа и ако немам прочитано ниту една книга, можеби ќе верувам во спротивното, но пак ќе бидам малку збунет.
Значи господ не постои!

5. Ако господ постои тогаш јас а и многу други ќе одиме во пеколот.
Но јас не сум уплашен од тоа. Во Македонија е полошо од пеколот.
Значи господ не постои!

6. Ја прочитав библијата и не најдов ништо во неа што може да ме убеди во постоењето на господ. И ако сум доволно интерегентен можам да видам дека книгава е само една научно-фантастична приказна.
Библијата е лага и е рамна на тоалетна хартија.
Значи господ не постои!

7. Ако господ постои тогаш вие теистите нема да има потреба да губите многу од вашето драгоцено време да ни објаснувате дека тој постои. Ние и самите ќе го знаеме тоа.
Значи господ не постои!

8. Не го чувствувам господ во моето срце. А вие теистите лажете дека го чувствувате него во вашите срца и дека тој ви помага во вашите животи.
Значи господ не постои!

9. Теистите тврдат дека господ е надприроден и дека одсекогаш постоел.
"Натприродното" го содржи зборот "природно".
Ништо што е надприродно не може да постои ако не е природното. Значи прво е создадено природното, па после надприродното.
Оттука следи дека природното го создало надприродното - човекот го создал господ.
Значи господ не постои!

10. Логички, научниците се многу интелегентни т.е поседуваат врвна интелегенција.
Мнозинството од нив тврдат дека господ не постои.
Некој кој поседува врвна интелегенција донесува исклучиво точни заклучоци.
Значи, научниците се интелегентни и ја кажуваат вистината кога тврдат дека господ не постои.
Значи господ не постои!

11. Во "Опуштено" на Т. Михајловски гледам "Добра мисија". Луѓето страдаат. Им треба помош од господ и тоа како. Но господ не го боли ни малото прсте за нив. Ако не праќаат луѓето пари на нивните жиро-сметки нема кој да им помогне.
Значи господ не постои!

ЗАКЛУЧОК: ГОСПОД НЕ ПОСТОИ!

Поздрав!!!
 
Хе , Чорбачија , сега треба да го промениш резултатот :smir:
 
Илустрација:
Се шетате во пустина. Наоѓате часовник (касио). Го земате во рака и се восхитувате на неговата убавина, точност и прекрасен дизајн. Се вртите наоколу, разгледувате.. нема никој. Се прашувате од каде се појавил овој часовник овде? Што заклучувате:

а) Часовникот се самосоздал со самоорганизирање на околната материја.
б) Некој Часовничар го создал часовникот.

Јас гласам под б, а вие?
Некој изгубен случај го изгубил.
Која е следната твоја мудрост:kesa:
 
Вака сеа.

1. Ако некоја појава Х, никогаш и никој не може да ја докаже, значи таа не постои.
Во случајов господ е Х. Никој не го видел, никој не го почувствувал, никој не докажал дека постои.
Значи господ не постои!

1. Ако некоја појава Х, некогаш и некој ја докажал, значи таа постои.
Во случајов Господ е Х. Некој Го видел, некој дал сведоштво за Него, некој докажал дека постои.
Значи Господ постои!

2. Мојата тетка имаше рак. Одеше на доктор и примаше разни ужасни третмани. Taa и нејзините блиски секојдневно се молеа на господ. но како и да е таа почина.
Значи господ не постои!

2. Дали се молеле исправно? Христос рече: "Молете се вака: Татко наш Кој си на Небесата...", но за да го наречеш Бог Татко, треба прво да си го повратиш статусот на Син/Ќерка кај Него. Тоа се постигнува со она што Библијата го нарекува "Нановораѓање, духовно раѓање". Дали блиските на твојата тетка биле нановородени христијани (во библиска смисла на зборот) ?

Не знам дали ќе ми веруваш, но и ЈАС заболев од рак (Тератокарцином). Го открив лани во мај месец. Веднаш имав операција, но бидејќи ми метастазираше и на лимфните јазли морам да почнам и со хемотерапија од јуни до декември. Земав 6 хемотерапии. Околу 30 браќа и сестри редовно се молеа за мене и Господ ме излекува.
Значи Господ постои!

3. Земјата, универзумот, животните... се многу сложени така?
Еволуцијата, а не господ, е доволно добро објаснување како тие станале толку сложени.
Значи господ не постои!

Еволуцијата не е научна теорија, туку само претпоставка на Дарвин. Тоа не го велам јас, туку тоа го рече самиот Дарвин. Не постои ниту еден доказ за еволуцијата. Да постоеше барем ЕДЕН доказ, таа немаше да биде претпоставка/хипотеза, туку ќе беше научна теорија. Во еволуцијата има толку дупки што ги нема во ниедна друга хипотеза (пр Кант Лапласовата хипотеза). Во природата ако ги пуштиме спонтано да се одвиваат работите, владее законот за ентропија кој ги тера системите кој поголем хаос и неред, а не обратно. Часовникот не може сам да настане. Зад него мора да стои Часовничар. Истото важи и за живиот свет. Живот настанува само од живот - ова е законот за биогенеза.
Значи Господ постои!

4. Еволуцијата е докажана, значи е вистинита. Тогаш големиот создавател - господ е лажен. Оттука следи дека господ не постои. Господ не е големиот креатор на универзумот. Ако имам недостиг на ментален капацитет и ако немам на училиште учено за тоа и ако немам прочитано ниту една книга, можеби ќе верувам во спротивното, но пак ќе бидам малку збунет.
Значи господ не постои!

Еволуцијата не е докажана. Да не се убедуваме, прашај си во школо. Од пред неколку години во учебниците по биологија во основното пбразование постојат 2те рамноправни хипотези за настанокот на човекот:
Креационистичката - Библискиот модел
Еволуцијата.
Значи Господ постои!

5. Ако господ постои тогаш јас а и многу други ќе одиме во пеколот.
Но јас не сум уплашен од тоа. Во Македонија е полошо од пеколот.
Значи господ не постои!

Аргументов ти е многу смешен.
Значи Господ постои!

6. Ја прочитав библијата и не најдов ништо во неа што може да ме убеди во постоењето на господ. И ако сум доволно интерегентен можам да видам дека книгава е само една научно-фантастична приказна.
Библијата е лага и е рамна на тоалетна хартија.
Значи господ не постои!

Можам лесно да докажам дека не си ја прочитал Библијата. Еве ОДГОВОРИ ми дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или во Новиот Завет? :)
Јас ја прочитав Библијата и во неа најдов илјадници работи кои ме убедија дека Бог постои.
Библијата е вистина и е рамна на Божјиот Збор.
Значи Бог постои!

7. Ако господ постои тогаш вие теистите нема да има потреба да губите многу од вашето драгоцено време да ни објаснувате дека тој постои. Ние и самите ќе го знаеме тоа.
Значи господ не постои!

Ако Господ не постои, тогаш вие атеистите нема да има потреба да губите многу од вашето драгоцено време и да ни објаснувате дека Тој не постои. Ние самите ќе си го знаеме тоа.
Но бидејќи нешто во потсвеста ве сврби дека Тој можеби постои, затоа и киснете на овој подфорум.
Значи Господ постои!

8. Не го чувствувам господ во моето срце. А вие теистите лажете дека го чувствувате него во вашите срца и дека тој ви помага во вашите животи.
Значи господ не постои!

Јас не те чувствувам ни тебе во моето срце. Значи ти не постоиш :)
Јас ја чувствувам Божјата љубов во моето срце/душа.
Значи Господ постои!

9. Теистите тврдат дека господ е надприроден и дека одсекогаш постоел.
"Натприродното" го содржи зборот "природно".
Ништо што е надприродно не може да постои ако не е природното. Значи прво е создадено природното, па после надприродното.
Оттука следи дека природното го создало надприродното - човекот го создал господ.
Значи господ не постои!

Тоа е само игра на зборови, обична лингвистичка гимнастика.
Секоја последица си има своја причина. Универзумот и целиот жив свет е последицата, а причината е Бог.
Значи Господ постои!

10. Логички, научниците се многу интелегентни т.е поседуваат врвна интелегенција.
Мнозинството од нив тврдат дека господ не постои.
Некој кој поседува врвна интелегенција донесува исклучиво точни заклучоци.
Значи, научниците се интелегентни и ја кажуваат вистината кога тврдат дека господ не постои.
Значи господ не постои!

Постоењето на Бог не се докажува по пат на гласање. Јас можам да викнам 4 другари и да гласаме дали ти постоиш. Ако тројца од нас дигнат рака дека ти не постои, а двајца дека ти постоиш, дали тоа значи дека ти не постоиш? :)
Инаку најголемите научнци веруваат во Господ. Некои од нив се и Алберт Ајнштајн, Роберт Бојл, Исак Њутн, Мајкл Фарадеј, Луј Паестер, Макс Планк, Вернер Хајсенберг, Вернер Фон Браун, Јоханес Кеплер, Леонардо Ојлер, Џејмс Клерк Максвел, Сер Амброз Флеминг, Лајбниц, Томас Андерсон, Самуел Морзе и др.
Значи Господ постои!

11. Во "Опуштено" на Т. Михајловски гледам "Добра мисија". Луѓето страдаат. Им треба помош од господ и тоа како. Но господ не го боли ни малото прсте за нив. Ако не праќаат луѓето пари на нивните жиро-сметки нема кој да им помогне.
Значи господ не постои!

Господ е многу загрижен за луѓето што страдаат, но од други причини тој го одложува Својот суд на злото. Прочитај го мојот вовед на темата: Aко Бог постои, зошто допушта зло и страдање.
Значи Господ постои!

ЗАКЛУЧОК: ГОСПОД НЕ ПОСТОИ!
ЗАКЛУЧОК: ГОСПОД ПОСТОИ!
Поздрав!!!

Поздрав!!!
 
1. Ако некоја појава Х, некогаш и некој ја докажал, значи таа постои.
Во случајов Господ е Х. Некој Го видел, некој дал сведоштво за Него, некој докажал дека постои.
Значи Господ постои!

- Уат Д Фак?!?!?
Без претерување, најреално одговори ми кој по ѓаволите е тој што го видел господ? Кој е тој толку цврст доказ што докажува дека постои господ? Сведоштво за него? Хммм... нешто смрди тука.

2. Дали се молеле исправно? Христос рече: "Молете се вака: Татко наш Кој си на Небесата...", но за да го наречеш Бог Татко, треба прво да си го повратиш статусот на Син/Ќерка кај Него. Тоа се постигнува со она што Библијата го нарекува "Нановораѓање, духовно раѓање". Дали блиските на твојата тетка биле нановородени христијани (во библиска смисла на зборот) ? Не знам дали ќе ми веруваш, но и ЈАС заболев од рак (Тератокарцином). Го открив лани во мај месец. Веднаш имав операција, но бидејќи ми метастазираше и на лимфните јазли морам да почнам и со хемотерапија од јуни до декември. Земав 6 хемотерапии. Околу 30 браќа и сестри редовно се молеа за мене и Господ ме излекува.
Значи Господ постои!
- Зошто со сите што се расправам на оваа тема биле болни од нешто, за нив се молеле браќата и сестрите (во случајов членовите од сектата. Најверојатно Јеховини сведоци.) и им помогнал дедо боже и се излечиле од неизлечива болест за која толку долго се бара лек?
Зошто за вакви работи до сега немаат известено ниту еднаш медиумите? Па ова е 8мо светско чудо (читај bullshit).

Еволуцијата не е научна теорија, туку само претпоставка на Дарвин. Тоа не го велам јас, туку тоа го рече самиот Дарвин. Не постои ниту еден доказ за еволуцијата. Да постоеше барем ЕДЕН доказ, таа немаше да биде претпоставка/хипотеза, туку ќе беше научна теорија. Во еволуцијата има толку дупки што ги нема во ниедна друга хипотеза (пр Кант Лапласовата хипотеза). Во природата ако ги пуштиме спонтано да се одвиваат работите, владее законот за ентропија кој ги тера системите кој поголем хаос и неред, а не обратно. Часовникот не може сам да настане. Зад него мора да стои Часовничар. Истото важи и за живиот свет. Живот настанува само од живот - ова е законот за биогенеза.
Значи Господ постои!
- Оф леле мајко.
Дарвин што вложил толку труд рекол дека еволуцијата не е научна теорија и дека нема ниеден доказ за тоа. Ок, може му се сонило на човекот кажал на некој и сега тоа е една од најприфатените теории за настанокот на човекот.
Не е научна теорија еволуцијата и нема докази, туку научна теорија со еден куп докази е тоа дека "бог рече нека биде светлина и ОП ете ти ја светлината". Па некое време му се здосадило и си рекол ај да ги испроба неговите вајарски способности и видел дека тоа толку добро му оди. Создал перфектна креација - човекот, од кал и ништо друго. Па да не се досадува мажот му извадил едно ребро и од него му направил партнерка за забава.
WOW... Колку само "убедливо" звучи ова.

Еволуцијата не е докажана. Да не се убедуваме, прашај си во школо. Од пред неколку години во учебниците по биологија во основното пбразование постојат 2те рамноправни хипотези за настанокот на човекот:
Креационистичката - Библискиот модел
Еволуцијата.
Значи Господ постои!

-
Објаснив погоре.

Аргументов ти е многу смешен.
Значи Господ постои!

- Без навреда ама сите твои аргументи се смешни.

Можам лесно да докажам дека не си ја прочитал Библијата. Еве ОДГОВОРИ ми дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или во Новиот Завет? :)
Јас ја прочитав Библијата и во неа најдов илјадници работи кои ме убедија дека Бог постои.
Библијата е вистина и е рамна на Божјиот Збор.
Значи Бог постои!
- Ако добро ме служи памтењето беше во стариот завет и воа неа се зборуваше за историјата на некој си народ.:smir:
ПС: Не ја препорачувам библијава на никој оти ќе си изгубите многу време за најдосадното нешто што го имам читано.

Ако Господ не постои, тогаш вие атеистите нема да има потреба да губите многу од вашето драгоцено време и да ни објаснувате дека Тој не постои. Ние самите ќе си го знаеме тоа.
Но бидејќи нешто во потсвеста ве сврби дека Тој можеби постои, затоа и киснете на овој подфорум.
Значи Господ постои!

- Eјјј, додека го пишував ова ми замрзна компјутерот, а сабајлево си загубив 10 денари. Господ ќе да е.:toe:
Почнува да ме сврби потсвеста.:nesum:

Јас не те чувствувам ни тебе во моето срце. Значи ти не постоиш :)
Јас ја чувствувам Божјата љубов во моето срце/душа.
Значи Господ постои!

- Можеби и не постојам. Можеби сум господ кој ти се обраќа преку форумов. Којзнае.
Ај поопширно објасни ни како ја чувствуваш таа љубов?
Имам разбрано дека тие што толку го сакаат господ и одат незнам колку пати неделно на молитва, чувствуваат и болки во колената (
:cuc:).

Тоа е само игра на зборови, обична лингвистичка гимнастика.
Секоја последица си има своја причина. Универзумот и целиот жив свет е последицата, а причината е Бог.
Значи Господ постои!

-
А господ е последица на? Која е неговата причина?
Имагинацијата на луѓето?

Постоењето на Бог не се докажува по пат на гласање. Јас можам да викнам 4 другари и да гласаме дали ти постоиш. Ако тројца од нас дигнат рака дека ти не постои, а двајца дека ти постоиш, дали тоа значи дека ти не постоиш? :)
Инаку најголемите научнци веруваат во Господ. Некои од нив се и Алберт Ајнштајн, Роберт Бојл, Исак Њутн, Мајкл Фарадеј, Луј Паестер, Макс Планк, Вернер Хајсенберг, Вернер Фон Браун, Јоханес Кеплер, Леонардо Ојлер, Џејмс Клерк Максвел, Сер Амброз Флеминг, Лајбниц, Томас Андерсон, Самуел Морзе и др.
Значи Господ постои!

- No Comment.

Господ е многу загрижен за луѓето што страдаат, но од други причини тој го одложува Својот суд на злото. Прочитај го мојот вовед на темата: Aко Бог постои, зошто допушта зло и страдање.
Значи Господ постои!

- Зошто треба за некој на кој очајнички му треба помош да се молат 30 браќа и сестри за "семоќниот" да им помогне? Тој треба да помага на сите. :nerv: Значи господ треба да оди во Хаг на местото на Брат Љубе!?!?

Поздрав!!
 
Прочитав погоре , Чорбаџија ти напиша дека си земал 6 хемотерапии , они да не ти помогнале , а не 30 браќа и сестри ???
 
Напишано од Чорбаџија
Можам лесно да докажам дека не си ја прочитал Библијата. Еве ОДГОВОРИ ми дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или во Новиот Завет? :)

- Ако добро ме служи памтењето беше во стариот завет и воа неа се зборуваше за историјата на некој си народ.:smir:

Погрешно! Книга на пророкот Илија НЕ ПОСТОИ во Библијата. Тоа беше само трик прашање за да видам дали си ја прочитал барем содржината на Библијата. :smir:
Затоа те молам воздржи се од критикување на истата.
 
Прочитав погоре , Чорбаџија ти напиша дека си земал 6 хемотерапии , они да не ти помогнале , а не 30 браќа и сестри ???

Јас најдобро знам кој ми помогнал и тешко ќе те убедам тебе дека тоа беше Бог, но ајде барем ќе се обидам...

Додека јас земав хемотерапија, земаа и други, со истата моја болест.

- Јас повратив само еднаш после 6тата хемотерапија. Бидејќи една терапија трае 5 дена, значи еднаш во вкупно 30 пати инфузирање на цитостатици. Повеќето повраќаа по неколку пати после секое инфузирање.

- Додека јас за време на терапијата си идев на работа и си ги вршев најнормално сите обврски, повеќето лежеа дома во кревет.

- Додека јас си јадев што ќе ми стигне и воопшто не се замарав со некоја посебна исхрана, другите трошеа грдни пари за посебна исхрана, за зајакнување на иунитетот, за алое вера, за масло од ајкула и сл.

- Додека јас си шетав по сонце и ништо не ми беше, некои се онесвестуваа кога се шетаа по сонце.

- После 6тата хемотерапија тумор маркерите ми паднаа скоро на нула, додека на некои и после 8 терапија маркерите им се над 100,000 (читај сто илјади) и неизвесно е дали ќе преживеат.

- Јас не сум воопшто физички појак од другите, напротив, но јас на моја страна го имав Најдобриот Лекар, Лекарот над лекарите - Господ мојот Исцелител.
 
Тоа беше само трик прашање за да видам дали си ја прочитал барем содржината на Библијата
Љубителу на библијата...која беше онаа по ред....не лажи
 
Ова ми е познато од некаде , да не го има во онаа книжката “Стражарска кула „ .
Инаку , дали со ова се доказува Бог , тоа ти е поентата , така ?

A стражарската кула кај може да се најде по нетов?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom