Вака сеа.
1. Ако некоја појава Х, никогаш и никој не може да ја докаже, значи таа не постои.
Во случајов господ е Х. Никој не го видел, никој не го почувствувал, никој не докажал дека постои.
Значи господ не постои!
1. Ако некоја појава Х, некогаш и некој ја докажал, значи таа постои.
Во случајов Господ е Х. Некој Го видел, некој дал сведоштво за Него, некој докажал дека постои.
Значи Господ постои!
2. Мојата тетка имаше рак. Одеше на доктор и примаше разни ужасни третмани. Taa и нејзините блиски секојдневно се молеа на господ. но како и да е таа почина.
Значи господ не постои!
2. Дали се молеле исправно? Христос рече: "Молете се вака: Татко наш Кој си на Небесата...", но за да го наречеш Бог Татко, треба прво да си го повратиш статусот на Син/Ќерка кај Него. Тоа се постигнува со она што Библијата го нарекува "Нановораѓање, духовно раѓање". Дали блиските на твојата тетка биле нановородени христијани (во библиска смисла на зборот) ?
Не знам дали ќе ми веруваш, но и ЈАС заболев од рак (Тератокарцином). Го открив лани во мај месец. Веднаш имав операција, но бидејќи ми метастазираше и на лимфните јазли морам да почнам и со хемотерапија од јуни до декември. Земав 6 хемотерапии. Околу 30 браќа и сестри редовно се молеа за мене и Господ ме излекува.
Значи Господ постои!
3. Земјата, универзумот, животните... се многу сложени така?
Еволуцијата, а не господ, е доволно добро објаснување како тие станале толку сложени.
Значи господ не постои!
Еволуцијата не е научна теорија, туку само претпоставка на Дарвин. Тоа не го велам јас, туку тоа го рече самиот Дарвин. Не постои ниту еден доказ за еволуцијата. Да постоеше барем ЕДЕН доказ, таа немаше да биде претпоставка/хипотеза, туку ќе беше научна теорија. Во еволуцијата има толку дупки што ги нема во ниедна друга хипотеза (пр Кант Лапласовата хипотеза). Во природата ако ги пуштиме спонтано да се одвиваат работите, владее законот за ентропија кој ги тера системите кој поголем хаос и неред, а не обратно. Часовникот не може сам да настане. Зад него мора да стои Часовничар. Истото важи и за живиот свет. Живот настанува само од живот - ова е законот за биогенеза.
Значи Господ постои!
4. Еволуцијата е докажана, значи е вистинита. Тогаш големиот создавател - господ е лажен. Оттука следи дека господ не постои. Господ не е големиот креатор на универзумот. Ако имам недостиг на ментален капацитет и ако немам на училиште учено за тоа и ако немам прочитано ниту една книга, можеби ќе верувам во спротивното, но пак ќе бидам малку збунет.
Значи господ не постои!
Еволуцијата не е докажана. Да не се убедуваме, прашај си во школо. Од пред неколку години во учебниците по биологија во основното пбразование постојат 2те рамноправни хипотези за настанокот на човекот:
Креационистичката - Библискиот модел
Еволуцијата.
Значи Господ постои!
5. Ако господ постои тогаш јас а и многу други ќе одиме во пеколот.
Но јас не сум уплашен од тоа. Во Македонија е полошо од пеколот.
Значи господ не постои!
Аргументов ти е многу смешен.
Значи Господ постои!
6. Ја прочитав библијата и не најдов ништо во неа што може да ме убеди во постоењето на господ. И ако сум доволно интерегентен можам да видам дека книгава е само една научно-фантастична приказна.
Библијата е лага и е рамна на тоалетна хартија.
Значи господ не постои!
Можам лесно да докажам дека не си ја прочитал Библијата. Еве ОДГОВОРИ ми дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или во Новиот Завет?
Јас ја прочитав Библијата и во неа најдов илјадници работи кои ме убедија дека Бог постои.
Библијата е вистина и е рамна на Божјиот Збор.
Значи Бог постои!
7. Ако господ постои тогаш вие теистите нема да има потреба да губите многу од вашето драгоцено време да ни објаснувате дека тој постои. Ние и самите ќе го знаеме тоа.
Значи господ не постои!
Ако Господ не постои, тогаш вие атеистите нема да има потреба да губите многу од вашето драгоцено време и да ни објаснувате дека Тој не постои. Ние самите ќе си го знаеме тоа.
Но бидејќи нешто во потсвеста ве сврби дека Тој можеби постои, затоа и киснете на овој подфорум.
Значи Господ постои!
8. Не го чувствувам господ во моето срце. А вие теистите лажете дека го чувствувате него во вашите срца и дека тој ви помага во вашите животи.
Значи господ не постои!
Јас не те чувствувам ни тебе во моето срце. Значи ти не постоиш
Јас ја чувствувам Божјата љубов во моето срце/душа.
Значи Господ постои!
9. Теистите тврдат дека господ е надприроден и дека одсекогаш постоел.
"Натприродното" го содржи зборот "природно".
Ништо што е надприродно не може да постои ако не е природното. Значи прво е создадено природното, па после надприродното.
Оттука следи дека природното го создало надприродното - човекот го создал господ.
Значи господ не постои!
Тоа е само игра на зборови, обична лингвистичка гимнастика.
Секоја последица си има своја причина. Универзумот и целиот жив свет е последицата, а причината е Бог.
Значи Господ постои!
10. Логички, научниците се многу интелегентни т.е поседуваат врвна интелегенција.
Мнозинството од нив тврдат дека господ не постои.
Некој кој поседува врвна интелегенција донесува исклучиво точни заклучоци.
Значи, научниците се интелегентни и ја кажуваат вистината кога тврдат дека господ не постои.
Значи господ не постои!
Постоењето на Бог не се докажува по пат на гласање. Јас можам да викнам 4 другари и да гласаме дали ти постоиш. Ако тројца од нас дигнат рака дека ти не постои, а двајца дека ти постоиш, дали тоа значи дека ти не постоиш?
Инаку најголемите научнци веруваат во Господ. Некои од нив се и Алберт Ајнштајн, Роберт Бојл, Исак Њутн, Мајкл Фарадеј, Луј Паестер, Макс Планк, Вернер Хајсенберг, Вернер Фон Браун, Јоханес Кеплер, Леонардо Ојлер, Џејмс Клерк Максвел, Сер Амброз Флеминг, Лајбниц, Томас Андерсон, Самуел Морзе и др.
Значи Господ постои!
11. Во "Опуштено" на Т. Михајловски гледам "Добра мисија". Луѓето страдаат. Им треба помош од господ и тоа како. Но господ не го боли ни малото прсте за нив. Ако не праќаат луѓето пари на нивните жиро-сметки нема кој да им помогне.
Значи господ не постои!
Господ е многу загрижен за луѓето што страдаат, но од други причини тој го одложува Својот суд на злото. Прочитај го мојот вовед на темата: Aко Бог постои, зошто допушта зло и страдање.
Значи Господ постои!
ЗАКЛУЧОК: ГОСПОД НЕ ПОСТОИ!
ЗАКЛУЧОК: ГОСПОД ПОСТОИ!
Поздрав!!!