- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Битола бара фестивалот „Браќа Манаки“ да биде само во овој град
Коментари (4)
Општината Битола и Кинотека на македонија заеднички лобираат фестивалот на филмските кинематографери Браќа Манаки, со релевантните програмски содржини, целосно да остане во Битола.
На денешната средба во Битола беше одлучено да биде поддржан изборот на директор во Друштвото на филмските работници и потоа веднаш да започнат договорите за заедничко организирање на 30-то јубилејно издание на овој интернационален фестивал.
„Одржавме еден консултативен состанок во врска со фестивалот ‘Браќа Манаки’, сè со цел да постигнеме организирање на успешно јубилејно 30-то издание на овогодинешниот фестивал и со цел секако веќе еднаш да бидат рамноправно вклучени трите релевантни институции, односно трите основачи на фестивалот во целата организација и раководен тим, а тоа е значи градот Битола, Друштвото на филмски работници и Кинотеката на Македонија“, изјави Мими Оргоска Илиевска, директор на кинотека Македонија.
Идејата е да се измени постојниот статут и „Браќа Манаки“, како интернационален филмски фестивал да прерасне во институција, за што ќе биде потпишан заеднички меморандум, а фестивалските содржини целосно да останат во Битола.
„Инсистираме да се одбере директор којшто ќе ги почитува следните содржини: фестивалот ‘Браќа Манаки’ ќе биде во Битола и само во Битола и на ниедно друго место. Доколку сакаат да направат филмски фестивал, нека си направат уште десет, ќе ги поздравиме и ќе ги поддржиме. Во спротивно, општина Битола и Кинотека ќе распишат нов оглас и ние ќе избереме исто така директор на фестивалот“, изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола.
По минатогодишните бројни протести и реакции поради преселувањето на фестивалската програма во Скопје, денешната средба во Битола беше превентивно одржана за да им се предочи на филмските работници дека минатогодишниот експеримент нема да се толерира, но како ова ќе го прифатат тие ќе биде појасно по утрешниот избор на новиот директор.
Извор:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=103869
Не сум Битолчанец меѓутоа ја отварам оваа тема затоа што ме иритира посесивноста на Скопје...
Дали мислите дека овој фестивал треба да се одржува само во Битола?