Дали е можно да мразиш некого што воопшто не го познаваш?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Bum[B]lEbEE;3913308 напиша:
Абе не мора да го познаваш лично за да го мразиш.. можда сум го видел на нет или на вести како прави нешто или сл. и не ти се свиѓа и го мрзиш секој си има свои причини :toe:

Омраза е нешто поинакво од антипатичност
 
Абе првин антипатичност али после што после го гледаш, мислиш на него му љубомориш или шо знам јас и можеш многу да го замразиш...
 
Bum[B]lEbEE;3913364 напиша:

Јас целата работа ја гледам како антипатичност зашто омраза е друг левел веќе, далеку од ова
 
Bum[B]lEbEE;3913364 напиша:
Абе првин антипатичност али после што после го гледаш, мислиш на него му љубомориш или шо знам јас и можеш многу да го замразиш...

За да мразиш некој, треба да му посакуваш на истиот се најлошо. А за да посакува човек се најлошо на некој што воопшто не го ни познава - тоа за мене е знак дека има нешто расипано во неговата психа или има некаков психички проблем.

Омразата општо како таква не ја разбирам, ниту ја чувствувам кон било кој, посебно не кон некој што не го ни познавам...

Очигледно многу луѓе мешаат омраза со антипатичност. Кога мразиш некој сакаш и да го уништиш.
 
Ама шо ме цитираш мене.. јас реков дека може.. му фалело нешо во главата или не незнам јас али сепак е можно.. На пр под ова спаѓа исто дека на пр некој човек ти ја убил фамилијата коа си бил бебе и ти не го знаеш лично човекот не ни знаеш кој е ништо али сепак го мрзиш од дното на душата... ова е малце подруго али сепак спаѓа овде..
 
Bum[B]lEbEE;3913414 напиша:

Те цитирав тебе за да ја докажам теоријата, не значи дека мислам на тебе кога го пишувам тоа.
Друго, која ти е жити се споредбава со убивање на ФАМИЛИЈА и со некоја random особа која ете случајно е светски позната или особа која воопшто нит ја познаваш, ниту пак ти згрешила тебе лично ништо.
 
Епа сеа незнам јас... темава не кажува дека се зборува за личности од јавноста.. вика дали можете да мразите личност која не ја познавате, а со убивањето на фамилијата го дадов само ко пример на некое лошо дело..
 
Bum[B]lEbEE;3913437 напиша:
Епа сеа незнам јас... темава не кажува дека се зборува за личности од јавноста.. вика дали можете да мразите личност која не ја познавате, а со убивањето на фамилијата го дадов само ко пример на некое лошо дело..

Ама ако ти ја убил некој фамилијата (скраја да е), автоматски значи дека и тебе лошо ти направил. Глупа ти е споредбата.

Ако убаво го прочита првото мислење, ќе видеше дека темата е за:

Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
 
Ама ако ти ја убил некој фамилијата (скраја да е), автоматски значи дека и тебе лошо ти направил. Глупа ти е споредбата.

Ако убаво го прочита првото мислење, ќе видеше дека темата е за:

ама добро прочитав прв пост знам.. али ми направил лошо, но сепак не го познавам човекот.. добро можда не е баш добар примерот али сепак се држам до мислењето дека е МОЖНО..
 
Bum[B]lEbEE;3913471 напиша:
ама добро прочитав прв пост знам.. али ми направил лошо, но сепак не го познавам човекот.. добро можда не е баш добар примерот али сепак се држам до мислењето дека е МОЖНО..

А ако ти нема ништо згрешено, не го познаваш? Која би била причината за мразење? :toe:

Се е можно на овој свет, ама ако е можно, не значи и дека е нормално.
 
јок, тоа е илузија. а кога стварно ќе запознаеш некој таков ќе видиш дека всушност е достоен за сожалување... :nesum: :)
 
А ако ти нема ништо згрешено, не го познаваш? Која би била причината за мразење? :toe:

Се е можно на овој свет, ама ако е можно, не значи и дека е нормално.

Јас иам две познанички мој, шо само онака на изглед се знат која е која, а ни имињата не си ги знат и се мразат меѓу себе поради то шо имат исти бифши... (деца бе, деца)

инаку според мене, не можиш да мразиш некој ако не го познаваш, а уште појасно можи да биди ако се речиЧ можиш да го мразиш само оној во кој си влеал доверба.. (то е според мене, е сеа според Баба Ванѓа или Ниче Боксеро, незнам шо е како е
 
А ако ти нема ништо згрешено, не го познаваш? Која би била причината за мразење? :toe:

Се е можно на овој свет, ама ако е можно, не значи и дека е нормално.

Прво, не би рекол дека мора да има причина, не секој е при себе.

Второ, пример, имаш одреден тип на луѓе, како пример ќе ги земам металците. И сега еден од нив ти ја крши шофершајбната на колата, ама пошо сме ние генерализирачки говеда, почнуваш да ги мразиш сите металци, ги дискриминираш на сегде, те вади од кожа кога ќе видиш некого, а само еден од нив ти ја скршил шофершајбната.

Друг пример, мразење на етничка основа, Американци мразат Руси, Руси мразат Американци, ние мразиме Грци, тие не мразат Нас. Пак мразиме некого, без некоја директна причина, кога генерализираме со нечие мразење, повеќето од луѓето не ни имаат воопште згрешено, ама доволно е што спаѓаат на некој општествен шаблон за мразење, што си го имаме сите во нас.

Има уште многу вакви примери, такви сме ние како луѓе, мразиме и сакаме особи шо ги познаваме и што не ги познаваме.
 
Ме интересира што мислите : дали е возможно човек да мрази некој што воопшто не го познава лично?
На пример колку пати имам прочитано : Го мразам 50 сент, го мразам Џорџ Буш или некои слични примери. Како може да мразиш некој а воопшто не го ни познаваш? Како е можно тој човек ти нема ништо згрешено лично, ниту пак повредено,а да кажеш толку јак збор - омраза.
Дали сепак станува збор за некој вид љубомора? Не ми е јасно навистина како може некој да мрази некој друг што воопшто ни лично не го познава, ниту пак таа особа му има лично наштетено.
Или поминува некоја особа од градот, седат две другарки и едната и вика : Леле како ја мразам оваа, ама дигнато се однесува.

Како може некој да развива толку јаки негативни чувства кон личност со која нема контакт.Дали е тоа возможно и која би била причината за тоа?
Мислам дека во тој случај зборот омраза би бил преголем,бидејќи тоа е сепак силна емоција која може да се насочи единствено кон личност која добро ја познаваш.За човек кого не го познаваш доволно добро,во случај некоја негова карактеристика не ти се допадне,едноставно ќе го кажеш тоа баш со тие зборови,'не ми се допаѓа'!
 
ко прво никого не мразам, може човек да ми стане одбивен но секако не оној кој не го познавам и никогаш не сум го запознала и кога би била личност која мрази тогаш тоа би бил човек кој сум го запознала и многу ми наштетил!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom