А ако ти нема ништо згрешено, не го познаваш? Која би била причината за мразење?
Се е можно на овој свет, ама ако е можно, не значи и дека е нормално.
Прво, не би рекол дека мора да има причина, не секој е при себе.
Второ, пример, имаш одреден тип на луѓе, како пример ќе ги земам металците. И сега еден од нив ти ја крши шофершајбната на колата, ама пошо сме ние генерализирачки говеда, почнуваш да ги мразиш сите металци, ги дискриминираш на сегде, те вади од кожа кога ќе видиш некого, а само еден од нив ти ја скршил шофершајбната.
Друг пример, мразење на етничка основа, Американци мразат Руси, Руси мразат Американци, ние мразиме Грци, тие не мразат Нас. Пак мразиме некого, без некоја директна причина, кога генерализираме со нечие мразење, повеќето од луѓето не ни имаат воопште згрешено, ама доволно е што спаѓаат на некој општествен шаблон за мразење, што си го имаме сите во нас.
Има уште многу вакви примери, такви сме ние како луѓе, мразиме и сакаме особи шо ги познаваме и што не ги познаваме.