MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
Безвезна тема.
Зошто лекар не би верувал во бог? Не мешајте баби и жаби,една работа е професионализмот а сосема друга верската припадност(тоа е повеќе персонална работа и нема врска со работата што ја извршува).
Искрено познавам голем дел лекари со атеистички припадности но исто така,гледам верници кои веруваат во бог(не на оној начин на кој што го опишува библијата или пак другите религии т.е онака,веруваат дека светот не настанал попусто и дека зад сето тоа стои некој креатор но религиски не припаѓаат на ниедна религија) верници со припадништво кон некоја религија(најчесто се монотеистичките).Како и да е,нивниот професионализам е на ниво,нивното верувања ама ич не им пречи нити во работата нити во истражувањата...во ништо.
Плус тоа , религијата е премногу застапена кај народот и искрено има игра круциална улога во чуствениот дел на пациентот кој е неизлечлив.Значи тоа верување во бога им дава сила и надеж и има многу позитивен ефект.
Да не говорам во психијатричните установи каде што се сеќавам на едно место имаа дури изградено “соба за молење т.е нешто слично на манастир.Зошто знаете? Оти религијата има и тоа каков позитивен учинок кај пациентите(при самокритичноста,терапијата,средувањето на семејните проблеми...).
Да не зборам и да не должам многу,религијата во медицината има многу позитивен учинок на многу пациенти дури и на некои лекари(не би да должам тука зошто и како).
Вака сеа.. мешаш баби и жаби...како што се мешаат баби и жаби на темава од самиот почеток, и онака веќе у канта треба да иде темава (веќе спомнав претходно - не знам зашо до сега не е во канта).
Има нешто што во науката се вика - плацебо ефект..
http://www.skepdic.com/placebo.html
http://www.cancer.org/treatment/treatmentsandsideeffects/treatmenttypes/placebo-effect
http://www.scientificamerican.com/article.cfm?id=placebo-effect-a-cure-in-the-mind
http://en.wikipedia.org/wiki/Placebo
Шо значи, религијата нема никаква врска со здравјето на човекот ни обратно. При овој ефект, случаите на лекување, или санирање одредена болест, или рана, психичка или физичка е таков каков што е, и неговиот третман е отприлика 50-50 успешен.
Значи, имало случаи до сега, каде што типов/типкава се молеле на „Дедо Боже“ па ете се излекувале, но имало случаи исто толку, ако не и повеќе, каде што тиопв/типкава, поверувале во третманот на лекарот (иако он им дал само најобични витамински апчиња - Вит Ц.) па се излекувале..
Ни едното, ни другото, не докажуваат по дифолт дека „Дедо Боже постои“, а најмалку па условуваат дали да веруваш или не..
Така да, на никој не му е гајле дали ти веруваш или не, затоа што се тоа ни излегува од глава, ние самите го создаваме и тоа е тоа. Па затоа, ако сака некој да верува дека тоа е „божје дело“ и да посвети живот на тоа, изволте, терај.. и онака на никој не му е гајле....