Дали дизелот ќе се изедначи со бензинот?

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Така вие мислите... Видете ја кампањата на Рено бензин=дизел :)

Се шегувам. Во секој случај дизелките се поеколошки од бензинците (муабетот е за новите возила кои без проблем исполнуваат еуро 5 Мерцедес, БМВ), но како што тргнала работата. И бензин и дизел ке си ги гледаме по дворови. 70 денари литар, а се најавува и дуплирање на цената, мамата нивна... Кој ке вози тогаш? А оние арапите облечени во бели мантии во Катар, Иран, Дубаи ке градат мултимилионски хотели.
 
Дуплирање на цените? Ех, е дури сеа ќе се направиме како Кинезите, сите по еден точак и шибај...
 
хех... смислив conspiracy theory:
Чекор по чекор:

1. Повеќе од јасно е дека цената на нафтата е вештачки контролирана... ок.
2. Не постои (барем малку) сериозен производител на автомобили којшто не претставува/најавува/бутка на пазар хибридни модели.
3. Supply & demand, или договор?
- Нормално, цената на хибридите е каде-каде посолена од стандардните, поради тоа што трошат многу помалце.
- Тоа што трошат многу помалце ги прави поактуелни, а во исто време го пролонгира рокот кога ке се исцица цела нафта.
- Тоа што се пролонгира рокот за нафтата обезбедува повеќе приходи за шеиците, пошто ќе продаваат помалку нафта по повисока цена подолго време (да не речам ќе го имаат барем истиот приход подолго време)
4. И производителите полни со пари од продажба на хибриди, и шеиците полни со пари од продажба на нафта по ненормални цени (+ нус појава, еколошки поприфатливо)

Makes sense? :romeo_ooo_romeo:
 
Епа гледајќи дека шеиците немаат од друго место да земат пари, бидејќи таму имаат само пустини и нафта, а кога ќе им заврши нафтата ќе треба да си фрлаат песок во очи затоа што не можат да направат ништо друго.

Не сум многу фан на Conspiracy Theories али ова до некаде има смисла :)

Доколку јас би се прашувал би требало да се работи на алтернативни извори на енергија, некои што нема да зависат од фосилни горива. Но мислам дека ова и ќе остане табу се додека не се исцрпат фосилните горива.
 
А тоа што арапите последниве 20 години инвестираат во огромни бизниси кои немаат ама никаква врска со фосилни горива со цел да бидат обезбедени со независен приход по потрошувањето на нафтата во Блискиот Исток?

А што со Канада, земја која има доволно нафта да го снабдува светот во наредните 100 години по сегашниот терк (единствена мана скап процес на добивање, екстракт од земја).

Русија и најверојатно Јужна Америка имаат големи залихи на нафта. Што со еден куп начини на добивање на нафта од жито, органски материи и слично?

Немањето на нафта би значело апсолутен економски колапс на целиот свет.
 
Највероватно и оние што владеат така мислат. Зошто? Па нормално, сите имаат ќар од заработката на фосилните горива. Шеикот ако продава 120 долари барел (буре од 80 литри) сурова нафта, со преработката од неа се фракционираат бензин, дизел, гас, масла, мазут, асфалт. Можете да замислите колкав е процентот на добивка на рафинериите. Да не споменувам што секоја држава си има акциза исто како кај нас, со тоа што тие што произведуваат не се увозно зависни па си ставаат поголема маржа :).

Инаку имав некаде отворено тема за алтернативните извори на енеригија, најново што разбрав е дека имаат измислено мотор кој оди на компресиран воздух. Уште не ми е јасен принципот на работа, но моторот може да се движи во секаква средина (не е кислородно зависен како моторите со внатрешно согорување).


Андроник: кога ти би произведувал нафта 15 долари за барел (цената беше толку 1999 година) би ти одговарало повеќе или моменталните 120 долари за барел? Тоа е едноставно пазарна економија. Колку побарувачката е поголема, толку повеќе се крева цената. Колку повисока цена= помала потрошувачка (наместо да продаде 100 барели дневно, ке продаде 50 ова како пример) и далеку поголема заработка. (на 100 барели по 15 долари зема 1500 долари. 50 барели по 120 долари 6.000 долари, математиката е проста :)) Никој не вели дека ке снема нафта... Велиме дека цената ке и биде голема и ке и се зголемува се додека не се најде алтернативен извор (да не речам елиминација на монополот). Потоа, да видиш како се ке си дојде на место. Пример наместо нафта возилата и индустријата да користат некој друг вид на енергија што е поефтин. Да речеме плин. Ако сите се свртат на плин, што ке се случува? Одма цената на плинот ке почне да расте заедно со побрувачката, а монополот тука го има Русија која сигурно нема така ефтино да го дава плинот. Истата ситуација како со нафтата :)
 
Да тоа е проблемот. Алтернативни извори на енергија се потребни за да ја заменат нафтата во некои слоеви, знам дека имало многу експериментирања и слични работи. Со самата појава на конкурентен алтернативен извор на енергија, нафтата ќе треба да ја спушти цената.
 
Не само што ќе се изедначи дизелот со бензинот,туку и ќе стане наскоро поскап, од проста причина што има голем број заинтересирани купувачи, а дизелот исфрла помала количина на CO i CO2 поради тоа што работи со посиромашна смеса на гориво од бензиските мотори
 
Fintata e sto segasnata cena od nad 120$ e vestacka, bidejki cenata rasti na sekakvi spekulacii. Jas mislam deka cenata na naftata treba da se odreduva poinaku bidejki ako prodolzi vaka, neznam koj ke vozi koli po cena od 200$ za barel pa i povisoka, pa zatoa iako so ovaa cena seicite ke pravat ogromni sumi na pari poentata e koj ke ja kupi taa nafta.
 
Реалната заработка на шеиците и произведувачите не е воопшто голема.

Колку за илустрација како се одредува цената на горива во Македонија:

нафта + рафинерија + транспорт + данок + акциза од 30 денари по литар.

Ова е пракса секаде низ светот. Државната акциза секаде се движи од 40 до 80 проценти од реалниот трошок/заработка на еден литар гориво.
 
е то со акцизата не чини ногу пари се ај по 10 15 денари да земаја ајде ама вака 30 скоро пола од цената
 
Инаку веќе кога сме кај темава еве ви исполнување на прогнозите.
Касел, Хесен, Германија 20.05.2008 негде кај 09:15 (види слика).
Инаку сега не е 1,509 туку 1,539 евра бензинот во Германија. Не се бинете за повисоката цена, германците имаат додатен данок на бензинот за изградба и одржување на патиштата, затоа немаат ни вишети ни патарини.
 

Attachments

  • DSC00137.JPG
    DSC00137.JPG
    67,1 KB · Прегледи: 53
Makfax 26.05.2008 напиша:
Согласно одлуката, цената на МБ-96 од 74,50 ден/лит се зголемува на 76,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР -95 од 71,50 ден/лит се зголемува на 73,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР-98 од 72,50 ден/лит се зголемува на 74,50 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) од 70,50 ден/лит се зголемува на 74,00 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ)од 59,00 ден/лит се зголемува на 62,50 ден/лит и на Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) од 59,50 ден/лит се зголемува на 63,00 ден/лит.

Ајде дизелаши на здравје шишање.
 
Ќе им се упропасти кампањата на Renault "Дизел по цена на бензин", ќе испадне стварно така : )))

Oчекувајте до 100 денари до крајот на годинава ако продолжи со ова темпо да расте на берзите, според прогнозите до 200 долари за барел ке оди.
 
Хехе...незгрешив што земав бензинец :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom