Дали дарувате крв и дали мислите дека дарувањето на крв може да премине во зависност?

Почнав да давам од средно - кога даваат 3 дена одмор после дарување :) , после тоа чат-пат .., бар еднаш годишно не ми бега тоа :toe:
 
Нити им верувам со шо ке ме бодат, нити им верувам кај ке заврши крвта. Македонското здравство ни е no comment така да...
 
Во средно не давав крв затоа што бев слаб. Во војска баш кога имаше крводарувања јас бев дежурен. Меѓутоа... се погодив да работам заедно во канцеларија со мој другар и редовен крводарител, и за денот на институцијата во која работам, ме убеди да давам крв.
Како прв пат беше ОК само што ми требаше многу време за да се вратам на нозе.

Вториот и третиот пат беше бев спремен и физички и психички. :) Веднаш по крводарувањето станав на нозе, каснав блашкото и си отидов :)

Малку ми е криво кога последниот пат имаше акција во мојата институција даваа и маички на крводарителите, ама јас ноќта пред тоа бев на фото сесија, после сесијата на пивце-две и кога завршив со второто ми текна на крводарувањето, ама веќе беше касно. Надоместив недела дена подоцна.

http://www.itm.org.mk/
Тука може да видите кога има акции и кои крвни групи се дефицитарни во моментот.
 
Имам давано 9 пати и тоа се за време на Средношколскиот живот за да ме ослободат од часови
после тоа не продолжив а и картончето каде што се заведени ми е изгубено
 
Можеш да даруваш крв слободно, само со писмена или лична потврда за согласност од родител/старател под услов да имаш веќе полни 16 години


Треба да одам прво кај матичен...да ја земам таа потврда па моите да потпишат така?
 
Треба да одам прво кај матичен...да ја земам таа потврда па моите да потпишат така?
Да има изготвено таков лист кој треба да се потпише......кај матичен или на трансфузиологија би требало да има
 
Еднаш имам давано крв, во средно беше то, пошо даваја 2 дена слободни на сколија :). Оттогаш не сум имал потреба да дам крв :):).
Во иднина ако дават слободни деној на работа би дал пак ...
 
Давам крв, хуманоста ми е у струка.
Иако мојата крвна група е прилично честа и имаат доста залихи од неа, сепак не би сакала да се доведеме у ситуација да нема!.
Кога имам време одам, на 5-6 месеци така нешто. :)
 
Имам давано 9 пати и тоа се за време на Средношколскиот живот за да ме ослободат од часови
после тоа не продолжив а и картончето каде што се заведени ми е изгубено

Средношколец??? ама откако си наполнил 18год нели?
 
Средношколец??? ама откако си наполнил 18год нели?
Може да се дава крв и ако немаш 18 год. само ти треба дозвола од родител.
Инаку јас имам дадено крв пред 1 месец притоа 3 дена паузирав од школо :)
 
Може да се дава крв и ако немаш 18 год. само ти треба дозвола од родител.
Инаку јас имам дадено крв пред 1 месец притоа 3 дена паузирав од школо :)

Можеш да ми кажеш нешто подетално,каква дозвола,што-како,каде...??? Зашто јас појма немам од оваа работа,а сакам да дарувам крв... :-)
 
Можеш да ми кажеш нешто подетално,каква дозвола,што-како,каде...??? Зашто јас појма немам од оваа работа,а сакам да дарувам крв... :-)
Најпрво пополнуваш еден лист со разни прашања.Дали си бил болен последната недела, настинат, кашлица, дали си бил вон државата последните неколку месеци, дали си имал забна интервенција итн.Потоа ти го мерат притисокот, па одредуват која крвна група си и ако е се ОК ти дозволуват да даруваш крв.
 
Нити им верувам со шо ке ме бодат, нити им верувам кај ке заврши крвта. Македонското здравство ни е no comment така да...

Вишокот на крв се замрзнува и се чува до отприлика еден месец. После овај период може да хемолизира и секако не се употребува. Но и неупотребливата крв може да биде употребена како подлога за крвен агар во микробиолошко одделение, при недостаток на готови плочи од истите. (барем ние така постапуваме)
 
Пред две недели конечно се наканив да одам на Трансфузиологија и да дадам крв, меѓутоа ме одбија бидејќи сум имала низок крвен притисок - 90/60. И покрај моето убедување дека во живот не ми бил повисок од 110/70 и дека и во ситуации кога ми измериле 85/55 сум функционирала беспрекорно, сепак докторот не ми дозволи. Кога го прашав дали тоа значи дека никогаш нема да можам да дарувам, тој само крена раменици. Останавме со чорбаџијата едно саат време таму, тој е крводарител со ретка крвна група, си правевме муабет со вработените, многу пријатни луѓе, и после пола литро кока кола и едно кафе, мене пак ми беше притисокот 90/65.

Баш ми падна криво, зошто сметам дека ако тоа ми е нормална состојба на организмот не гледам причина зошто да бидам одбиена.
Планирам да одам повторно, се надевам ако им збоктисам тогаш ќе ги кандисам. :):)

Инаку, работат секој ден од 8-18 и во сабота од 8-13.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom