Дали дарувате крв и дали мислите дека дарувањето на крв може да премине во зависност?

^ Не верувам дека ќе ги кандисаш макар и на клепки да им се обесиш. :)

Пред се` медицинскиот персонал одговара прво за дарителите, после за самите себе. Не дај боже се искомпликува целата ситуација, последиците можат да бидат многу лоши. Слично на тебе има луѓе со нормален (за нив) низок хемоглобин (100-120), истата ситуација е и кај нив. Имам доживеано случај, лице кое има дарувано крв преку 20 пати да ми колабира и одвај да се освести.
 
Средношколец??? ама откако си наполнил 18год нели?
абе кои 18 бе
јас наполнив 18 во 4та на крај затоа што сум роден во јуни.
првиот пат лажев дека имам и ме примија и после секоја година одев со картончето и не праат проблеми кога ќе видат дека имаш картонче :) ;)
 
Кажете наскоро негде кај ќе се дава крв, немам дадено од јуни
 
Сакав да дарувам лани, ама имав 16, а од 17 нагоре даваат и тоа со потпис од родител. Ама сега имам 17 така да ако има некоја акција ќе дарувам, сакам да дарувам.
 
Дарувам крв од 18 години. Имам пропуштено само еднаш на факултет поради настинка. Интересно е кога на факултет дарувам заедно со колегите, има доста зафрканции а и екипата од црвен крст е откачена :)
 
Имам дарувано крв досега 9 пати и прекрасно е чувството, се чувствувам освежен, одвај чекам да поминат 3 месеци за да дарувам крв прекрасно е кога знаеш дека си спасил некој живот.
 
Може директно да се отиде во Трансфузиологија и да се донира крв ? Или морам да чекам некоја акција ?
 
Утре планирав да одам крв да дадам ама нешто грлото почна да ме грепка, малце ептен, да одам ќе ми земат или не ?
 
Може директно да се отиде во Трансфузиологија и да се донира крв ? Или морам да чекам некоја акција ?
Mожеш да одиш во трансфузиологија во клинички центар и да даруваш крв таму. Јас таму имам дарувано 2 пати досега.
 
ДарувМ и тоа рекордно за мои години.. И да, желба и завист ми е сеа.. Али ветив дур ме држи здравје ќе давам а зацртано ми е околу 300-400 пати :) ќе видиме
 
ДарувМ и тоа рекордно за мои години.. И да, желба и завист ми е сеа.. Али ветив дур ме држи здравје ќе давам а зацртано ми е околу 300-400 пати :) ќе видиме
сигурно планираш да живееш 150 години :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom