Благословени од црковните оци кон далечните земји тргнаа бродови полни со следбеници на христа да со меч и оган ги истребат неверниците и еретиците. Блискиот исток, Америка, Европа беа најповеќе опфатени со повикот да се уништат оние кои не го признаваат Христа.
А дека тоа не беше некоја измислица од некоја бискупска глава може да се види во Библијата во:
Излез 32:27-28 (Наредба да Евреите си ги убиат своите браќа евреи кои не веруваа во Бог - убиени 3.000 неверници)
Броеви 31 (Наредба од Бог да по војната со Мадијамците се убијат сите мажи , а од заробените жени и деца да се убијат сите машки деца и сите жени кои не се девици а девиците да си ги земат за себе а пленот во злато и стока да го разделат меѓу себе Отприлике се убиени околу 100.000 луѓе а како робињи се земени 32.000 девици.
Исус од Навин 8 - Господ му ги дава сите Гајци со наредба да ги убие сите а градот да го уништи и разурне 12.000 убиени
Исус од Навин 10 Господ заедно со Изралеците ги убива Гаваонците, (господ фрла камења на нив а изралеците ги убиваат со меч) исто и Лахис каде е убиено се живо, па Орам и Газерите, па Хеврон каде исто така не е оставен никој жив, па Давир каде исто е убиено се живо....
Исус од Навин 11 Сите ханански племиња па наредба од Господ , Исус ги убил, се живо.
Судии 1 Господ му ја дава земјата на Хананијците на Јуда и убија 10.000 души во Везек,
Судии 3 10.000 Моавци убиени со благослов Божји
Судии 8 120.000 Мидианци убиени
Судии 20, Венјаминци, 25.000 убиени
............... да не листам повеќе има уште и поголеми и побројни убиства, убиства кој Бог ги бараше и ги доби. Значи поткрепа за убивање на неверници, одземање на земји нивни, палење и поробување световните лица ја имаа во Светата книга.