Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Не знам, не верувам. Вака теоретски би рекла не, затоа што и јас сум од оние кои веруваат дека кога еднаш една врска ќе заврши истата треба веднаш да биде сместена во минатото и спомените. Затоа што една врска завршува или поради некомпатибилност и недоволно љубов меѓу партнерите (најчесто). Ако тогаш немало љубов, веројатноста сега да има се минимални. Башка и зависи и од односот. Ако ме навредувал, ме понижувал - нема шанси. Сепак друго е кога некој го гледаш очи во очи, потешко е да се каже не, посебно ако се има чувства за таа особа.
Како и да е, сметам дека некогаш во животот колку и да е тешко, треба да се пресече и да се каже не, посебно кога знаеме дека врската завршила и дека спомените од врската треба да си останат спомени, а не врз основа на нешто што поминало да се почнува нешто ново. Затоа колку и да ми е тешко, колку и да имам чувства, верувам дека би рекла не за повторно смирување.
Некогаш најтешката и исправната одлука се поклопуваат.