Дали би сакале да имате можност да ги бришете негативните спомени?

НЕ!!!

Зошто тогаш губам ЛИЧНОСТ и се трансформирам во ЛИК.

нема што да бришам,башка одредени спомени и се калкулирани однапред:)
 
не сакам, никогаш, со тоа би се изгубило нивното значење.
 
Ако ги избришам,тогаш нема ништо да знам...лекциите се учат на потешкиот пат.
 
Сите негативни спомени и чувства ми се бришат автоматски во рок од една до максимум две години. После тоа ми останува само по некоја сликичка во мозок дека нешто имало но чувството е комплетно загубено.

Ми одговара што е така и не би се мењал.
 
NE,togas ne bi bil toj koj sto sum denes.Posilen vo sekoj smisol.
 
Да, премногу сум емоционална така да добро би ми дошло кога некои сеќавања би се избришале од мојата меморија.
 
Да, дефинитивно да! Знам дека некои од нив се "добри" во смисла дека не научиле нешто, но сепак има доста од нив на кои што воопшто не би сакала да се сеќавам и би било убаво едноставно да ги снема.
 
Ако постои такво нешто зошто да не, но не само да не се сеќавам него и да не ме побудуваат таквите работи понатака.
 
Ако постои такво нешто зошто да не, но не само да не се сеќавам него и да не ме побудуваат таквите работи понатака.
Ако не се сеќаваш на лошите спомени и грешки, тогаш постојано ќе ги повторуваш, грешките не се непотребни, преку нив учиме и стекнуваме искуство.
 
Ако се мисле на негативни спомени како на спомени од кои сме осетиле болка, пониженост, неправда, тага, загуба итн итн, тогаш велам едно големо НЕ. Поради тие спомени ние можеме да продолжиме да живееме со нашиот живот, како што велат искуството го праве човекот да биде човек. И само глуп човек може да не научи ништо од своите порази и "негативни" спомени. Ако ни го одземе некој тоа тогаш ние нема да бидеме човек туку ќе бидеме дете.
 
Па не сме сите паметни за да размислуваме како тебе. :helou: Верувам дека секој човек поминалм низ низа други околности кои Вие не ги наведовте а исто така се болни и не се за паметење или поточно кажано било поминало да не се повтори.

http://forum.kajgana.com/private.php?do=showpm&pmid=946831#ixzz18q3bIDY6
 
Не би сакала да ги избришам негативните спомени, а нормално дека ги има. Какви и да се спомените, тие се дел од мене, од мојот живот, кога би ги немало јас не би била таа личност денес што сум. Значи животот е полн со воздигнувања и падови, нема се позитивни работи, треба да се научеми да ги прифаќаме работите такви какви што се.
 
Не не би сакала.Со бришењето на дел од спомените бришеме дел од нашиот живот. Сигурно и од негативните спомени имаме научено многу работи.Не можат само позитвни работи да ни се случуват,доколку немало негативни работи можеби никогаш и не би сватилле колку всушност сме силни.
 
Не, бидејќи би заминало и чувството да успешно пребродени кризи во минатото, кои претставуваат темел на моето созревање и карактер. Убаво кажал некој ''What doesn't kill us, just makes us stronger''.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom