Дали би сакале да имате можност да ги бришете негативните спомени?

Има една статија која ја прочитав ,која вели дека наскоро би можело да се создадат инекции кои ќе им помогнат на луѓето да ги забораваат непријатните доживувања,спомени па и своите стравови.

Дали вие би се подложиле на такво нешто?
Дали посакувате некогаш да не се сеќавате на некои работи кои сте ги направиле или кои ви се случиле?Дали би сакале да можете така како со гума да избришете и заборавите работи/стравови или сепак не? Зашто да/зашто не?

Iljada luzni .... Samo onoj koj gi prepoznava i prifaka moze da ja vidi nivnata vrednost ....

"... And be grateful. Our scars have the power to remind us that the past was real. "
 
да имаше опција да можам да заборавам одредени спомени ке направев шифт делит без размислување и со задоволство ентер ке акнев!!!
 
Не ги бришам нема шанси:nenene:. Поради нив сум она што сум а богами океј сум.
 
Ако е можно, ќе ги избришам неубавите спомени. Но, не сите туку само одредени. Некои непријстни спомени дејствуваат како вакцина и ме прават посилен. Но на некои работи не сакам да се сеќавам. Да, неубавите спомени се составен дел од мојата личност но секогаш можеме да бидеме подобра личност.
 
Не би сакала во никој случај. Токму поади тие спомени јас сум се изградила како личност, сум станала тоа што сум денес, сум успеала да научам каде грешам, да се издигнам повторно кога ќе паднам и да си направам нешто поубава за самата себе. Колку и да било болно во тие мигови, сум сватила што и како се случува, како стојат работите и на некој начин сум станала по цврста како личност. Затоа и го живееме всушност животов, за секој ден да дознаваме нешто и да одиме по патеката која сме си ја замислиле.
 
Јас не сакам ништо да биде избришано од мојата меморија, тоа е на некој начин бегање од реалноста и сите наши мислења и ставови кои сме ги изградиле до сега, сме ги граделе врз база на сите наши сеќавања без разлика дали тие се добри или лоши. Доколку било кои од нашите сеќавања биде избришано автоматски менуваме одредени ставови и гледишта т.е ни се менува карактерот.
По мене тоа е многу лоша работа слична на наркоманијата, едноставно бегање од реалност а со тоа и промена на карактер.
Крај краева кој е тој доктор на кој ја ке му изигравам експериментално глувче за тој утре да може да си добие некаква Нобелова награда врз база на маките на лугето и да си ужива во парите кои ке ги добие.
I'm not that stupid.:nenene::nenene::nenene:
 
Се разбира дека не би сакал да си ги бришам неубавите спомени. Не го прават тие животот полош, туку начинот на кој ги доживуваме и последиците од тоа. И да ги избришеме, да ги заборавиме, лузните ќе останат. Вака барем ќе знаеме како и зошто сме ги добиле.
 
Не,несакам,зашто од такви негативни спомени имам извлечено доста позитивни работи,што денес внимавам да не ги повторам.
:salut:
 
па...несакам да ги заборавам негативните спомени што позитивно влијаеле на тоа што сум денес но сакам да ги заборавам оние спомени каде што кикснувам нешто на големо..моменти кој сите ги заборавиле и веке никој не се замара со тоа но јас така функционирам и имам преголема грижа на совест така да...да сакам да ги заборавам оние што се во архива..што веќе не постојат и не се некои поучни проблеми..:wink:
 
И најлошите моменти влијаеле во креирањето на мојата личност, со бришењето на нив се брише и личноста.

Многу добар филм во врска со темава :smir:
 
Не , доколку би избришал и еден ситен негативен спомен , не би бил сега ова што сум.
 
Не би ги избришала.Од нив сум извлекла поука-да не биле тие немало да бидам сега тоа што сум.И бришење на најмал негативен спомен нема да сум тоа што сум сега, а јас тоа не го сакам.
 
И да имам можност не би ги избришала негативните спомени,
затоа што од нив сум научила некои работи.
И кога би ги избришале старите лоши спомени, со тек на време
ќе дојдат нови па нови и ништо не сме направиле...
Затоа ако еднаш било така веќе знаеме во што е грешката
и нема да ги повторуваме...
 
Не што не треба да се бришат, туку треба што повеќе да се откриваат. Она што повеќе ни смета е несвесното а не свесното. На крај ќе сфатиме дека негативен бил нашиот целокупен став на гледање на работите, кога постојано ненормалното го доживуваме како нормално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom