Дали би останале со партнерот ако...

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Страшно би било тоа. Ама љубовта е слепа и таква треба да биде. Ако го сакаш, ќе останеш со него. Ако си одиш, никогаш не си го сакала.
Често сум разговарала на една слична тема со другарки - што ако тој што го сакаш прекасно ти открие дека боледува од неизлечива болест? И што ако чекал долго и не ти кажал порано? Како ќе се чувствуваш откако ќе дознаеш? Уствари ова е слично на твоето прашање, не е офф топик, нели ?
Епа тука најодбро ќе се види дали вистински сакаш.
Познавав еден пар со ваков проблем.Девојката боледуваше од неизлечива болест и дечкото цело време остана покрај неа,ја тешеше во најтешките моменти и и ја исполни најголемата животна желба-се ожени со неа.За жал неколку месеци по свадбата девојката почина, и баш денес се навршува точно една година од нејзината смрт:(
 
абе да боледува од некоја болест пак би останал со неа затоа што знам дека еден ден ке умре и ке се оженам со неа и ке и го земам наследсвото од кога ке умре :vozbud:
 
абе да боледува од некоја болест пак би останал со неа затоа што знам дека еден ден ке умре и ке се оженам со неа и ке и го земам наследсвото од кога ке умре :vozbud:
А од кај знајш ти дали ќе ти го остај тебе наследството ако воопшто го има?
 
абе да боледува од некоја болест пак би останал со неа затоа што знам дека еден ден ке умре и ке се оженам со неа и ке и го земам наследсвото од кога ке умре :vozbud:

А што бива ако е скапана нема скршен денар ?:vozbud::vozbud:
 
Би останал. Ако таа е љубовта на мојот живот, цел живот ако треба на раце ќе ја носам и пак ќе сме заедно.
 
Познавав еден пар со ваков проблем.Девојката боледуваше од неизлечива болест и дечкото цело време остана покрај неа,ја тешеше во најтешките моменти и и ја исполни најголемата животна желба-се ожени со неа.За жал неколку месеци по свадбата девојката почина, и баш денес се навршува точно една година од нејзината смрт:(

Од тоа се прават филмовите, мила Mädchen. Потресно, а сепак толку победнички за љубовта. Поради него, таа умрела среќна. А тој не мислел како ќе му биде после, нејзината желба му била се' во моментот на исполнувањето. Љубов во прав смисол на зборот.
 
Prvo ne daj boze za toa. Na nikogo ne mu go posakuvam, ama ako se desi toe ( ne daj boze ) i ako sum odlucil deka so nea ke sum do smrt, nema da napravi razlika za mene deka ke e paralizirana. Toa da ke promeni mn raboti no ljubovta ista ke e.....
 
Dokolku sum svatila deka toj e onoj so kogo sakam da go minam zivotot spremna sum da pominam preku se za da ostanam so taa licnost bez razlika za kakov problem se raboti...se dodeka postoi ljubov se e mozno...
 
Ако имам деца со таа личност би останал но ако немам би подразмислил малце.Едноставно нејзиниот живот е уништен зашто и јас да си го уништам мојот?Ако децата се родени колку толку ке ми даваат поткрепа и ке издржам!Иначе не би издржал!
 
Леееее прашањево...:(Стварно незнам шо би напрајла...Мислам дека ако ме сака дека тој самиот ќе ме пушти да одам..Јас така би направила:(
 
Во тие моменти највеќе ќе му требам и не би го напуштила... Тоа што станал инвалид нема да ја смени мојата љубов... Има шанси и психички да се смени, али не верувам дека може да се смени до толку за да неможам да го препознаам после... А и јас не би дозволила да биде така... Би се трудела да му биде најлесно што може... Без разлика колку ќе ми биде мене тешко да правам многу работи, се додека он се осеќа добро (барем колку што може) ќе ми биде добро, ќе знам дека тоа што го правам е добро, дека вреди и ќе ми дава поттик за да продолжам...
 
Најискрено кажано зависи од тоа колку е сериозно тоа што му се случило, каква му е состојбата, и какви последици му останале од тоа. Нема да давам примери.
 
Уф... не знам. Сигурно ќе знам само кога навистина би се нашла во ваква ситуација. Дотогаш, можам само да нагаѓам.
Не верувам дека би можела да останам со физички непокретен човек. За жал, јас сум само човек, а со тоа себична и недоволно силна за да успеам да се грижам за таков човек. Мислам дека љубовта не е доволна за вакво нешто.
Многу е веројатно дека би си ја свила опашката и би си ја барала среќата на друго место, на најсебичен можен начин. Не знам кој навистина би си ја жртвувал својата среќа и својот живот за партнерот, стварно не знам. Би сакала да можев да кажам дека ќе останам со него и покрај се зошто го сакам, ама во реалноста нема да биде баш така.

Само да не ми се случи ваква ситуација...
 
...баш на ваква тема пред некој ден разговарав,...и никогаш не би можела да заминем...не би се осудила да го оставам.......ама сепак би се прашувала дали тој би останал со мене?:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom