Дали би останале со партнерот ако...

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Секако дека ке останам со партнерот,бидејки нели не е фер во добрите моменти да бидеме заедно,а во лошите не....да го напуштиш партнерот во таква ситуација мислам дека стварно би било кукавички.
Една од основните работи која мора да ја има во стабилна и цврста врска,е подршката а со тоа понекогаш доаѓа и жртвувањето.
Сепак страдањето се исплаќа за добрите моменти поминати заедно.
 
зависи

ако на пример јас сум болниот (не дека сум здрав, ама нема да умрам) јас би и раскинал нејзе, или би пуштил муабет дека сум ја изневерил или стварно ќе го направам тоа, се со цел за она полесно да ме преболи (по претпоставка дека многу би ме сакала). Е сега кога знам дека ќе умрам веројатно би правел премногу мрднати работи, кои во најголем дел ќе ја оддалечат од мене, па кога јас немам иднина она нека има, немора во манастир да оди.

А кога таа би била болната, би ми било чест (сеа за задоволство незнам, можда болка ќе биде) да и ги исполнам последните денови од нејзиниот живот, со шо и психички би се спремил дека после некое време нејзе ќе ја нема, зошто тоа сепак е природна појава. Не викам дека не би ми било тешко ама поарно е кога знаеш дека иде него коа ќе те удри гром од ведро небо.
рест ин пис
 
И тука некаде доаѓа до израз значењето на бракот-мракот :) Ако ми е маж, сигурно ќе останам со него додека смртта не не раздели. Ако не ми е, не можам да предвидам што би направила. Претпоставувам дека би се обидела да ја направам вистинската работа - да останам со него, додека можам.
 
Незнам...
Недај боже во таква некоја ситуација да сум, а да го сакам. Уште на самиот почеток ќе ми е тешко да се помирам со тоа, би била цело време со него, би му ја пружила цела поддршка што му треба. Незамисливо би ми било да го напуштам во таква ситуација,ако му требам.
А ако правиме муабет на пример да се одлучиме дека најдобро и за двајцата би ни било да се разделиме, за да не страда ниту тој,ниту јас.. тогаш би заминала, но доколку му требам, нема никогаш да го напуштам.
 
Потполно исто како што рече Аце ...

Ако сум јас болната нормално за да му биде полесно да ме прежали .. ке вадам лаги,афери нема да го рецкам и слично .... и иако сето ова ке ми биде премногу тешко но се ке направам за тој да не пати кога јас ке си заминам засекогаш ...

Доколку е он болниот ке направам СЕ за да биде среќен и да не примети дека има уште малку денови .. ке направам се за тие последни денови да се чуствува среќно, исполнето .. и да не мисли на тоа дека неговите денови се одбројани ...
И знам дека со ова ке направам да ми биде потешко мене да го заборавам, но сепак ако го сакам(т.е. се сакаме) премногу и искрено СЕ ама СЕ би направила за него и би била во секоја секунда тука за него..
 
Дали ќе бидете доволно силни за да издржите со партнерот до крајот, или пак од страв веднаш ќе ја прекинете врската?
Дали ќе ја покажете потребната поддршка на која смета секој до нас кој е во врска, или веднаш ќе тргнете во потрага по нешто што ви ветува убава иднина?
Ќе бидам со неа до крајот, до последната секунда.
Цело време ќе и помагам кога ќе дојдат кризни моменти, и ќе настојувам и на двајцата да ни биде убаво до последниот миг.
Ќе ги јадам ноктите, и ќе испушам еден цел контингент цигари. По можност најајаки....да ме убијат побрзо.
 
Мислам дека веќе има ваква тема...имам пишувано на ваква или слична...ама нема врска ај и овде да кажам...
Ако врската е сериозна нормално е дека ќе останам покрај партнерот и ќе му ја дадам целата потребна поддршка. Баш во тешки моменти треба да му се најдиш на човек и да останиш покрај него. Но секако дека не е лесно и дека ќе биди тешко и мачно и за двата,кога знаеш дека се ближи крајот.
Познавам и таков случај,мој пријатели, дечкото и девојката беа заедно 4-5 години,и потоа дознаа дека таа боледува од неизлечива или тешко излечива болест. Нејзината последна желба беше да се омажи и дечкото и ја исполна таа желба...се зедоа, и по 6 месеци девојката почина :( дечкото еве и по две години уште е сам и наеднаш целосно се смени, почна повеќе да пие, да се повлекува.
За такво нешто навистина треба неизмерна љубов и почитување. Не секој може да направи такво нешто.
 
Ќе останам со него до последна секунда, ќе се трудам да направам да му биде најубаво што може. Ќе уживаме колку што можеме бидејќи ако го сакам ќе ми биде поубаво да сум со него, па нека е тоа и ограничено на една две или три години отколку со било кој цел живот.Битни се чувствата и колку ти значи, не би можела едноставно да си заминам така повеќе би патела.:pipi:
 
мислам дека начинот на кој би постапил со женската (се разбира доколку постој обострана љубов) во таков момент би бил ист ко шо е опишан во филмот A walk to remember ... тие шо го гледале знат на шо мислам ...
 
ќе останам со него треба да му се најдам на партнерот и во добро и зло ако го сакам и сум со него и доколку вакво нешто би се десило ќе останам со него и би помогнала да закрепне на секој начин најмногу психички да не дојде до депресија
 
Секако би останала, нели вистинкото лице на човекот се познава во тоа колку е спремен да ти помогне кога се наоѓаш во некоја незгодна или лоша ситуација. Доколку се работи за љубовта на мојот живот нема што да се сомневам- ќе останам со него, освен доколку тој не го побара и инсистира на спротивното.
 
Кога се работи за вистинска љубов што останато е важно??
Секако дека би останала со него без разлика на се.
 
Блади хипокритс...

Вие на дечко му раскинувате дека прднал после јадење грав пред вас, а не па инвалид да останел...Абе бидете пред се искрени со себеси ало. На другите воопшто не ни е гајле ако бидете искрени и кажете НЕ, нема да останам.
 
Лесно е да кажете да, а да не ви се случило.
Ако сум во брак ке останам сеа, тоа е, веке сум врзана да бидам со човекот до крајот на животот, и ке останам со него.
Но! Ако сум во врска, хм, ке размислам, на почетокот нема да го напуштам али со тек на време нема да можам да бидам со него, пошо сакам да имам подобар живот, и колку ова да е себично, таква сум и тоа е. Најискрено што можев.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom