Дали би гласале кандидат од друга етничка заедница за претседател?

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би гласале кандидат од друга етничка заедница за претседател?


  • Вкупно гласачи
    140
Во овој момент не би гласала за претседател од друга етничка заедница, но ако се измени политичката свест на граѓаните и политичките партии, би гласала за кандидат кој би понудил најквалитетна програма и најверодостојни гаранции дека е кадарен да ја реализира истата, без оглед на етничката припадност. Инаку, во моментов сите партии се со етнички, па потоа, а некои ни потоа, со идеолошки предзнак, а без поддршка од партија човек не може ниту да се кандидира, а не па да добие избори, така што....:toe:
 
Ако истиот се покаже како подобар од некои гниди кои се местеле за раководни лица и ги застапува интересите на народот а не неговите и на неговата предавничка партија, зошто да не.
 
би гласал ама не на овие избори................
 
Ne, nikogash.

Makedonija za makedoncite.
 
Тоа што Нано Ружин ми стои на потпис, а искрено, не ни знам ниту пак ме интересира на кој етникум припаѓа, кажува пред се', дека мојата перцепција за успешен политичар кој би можел да ја води и претставува државава, е растоварена со предрасуди од овој тип.

Ете на пример, зошто не и Селмани.
Во последното претставување на Телма, ми остави впечаток на зрел политичар кој не се служи со дневно политички речник....и политичар кој има позитивен пристап кон сите проблеми.

Но сепак, за да го заокружам своето мислење за него, покрај Тетово, Гостивар, Дебар, Липково....би сакал да го видам на митинг и во Делчево, Крива Паланка, Кавадарци, Штип, Гевгелија.....
 
Мешаат работи Албанците,тоа што вадат примери од Обама бааги везе нема со тоа што го сакаат они.Црнец ко црнец американец е,белки тоа што е црнец не го прави од друга националност дека е.
Ако каже дека е Македонец со етничко потекло тоа и тоа, ако ме увери дека ќе ги штити интересите на својата земја и ако се заколне пред и го вее само македонското знаме, и ред други работи. До оние што бараат споредби со Обама, сите овие горенаведени работи за Обама се светиња...
 
Еднаш за секогаш да ви биде јасно на сите кретени кои сањаат за некаков “Македонски Обама“ и при тоа мислат на албанец претседател. Секакви споредби од тој тип може да дојдат само од тотален кретен кој нема ни основно познавање за работите. Прво: Албанците во Македонија никогаш не биле робови, ниту пак биле тероризирани три века од клетите каури. Токму обратно стојат работите. албанските башибозуци ги вршеле најголемите зверства над Македонското население за време на турското ропство, а бога ми и после! Второ: афроамериканците не сонуваат да се спојат со Африка, туку напротив, верни си се на татковината (скоро 50% од војниците се црнци)! Трето: црнците не се двојазични, Четврто: и на културен и на спортски план имаат огромен удел во прославувањето на америка и ширењето на нејзината култура.
После сево ова драги мои кретени, ќе можеме да збориме за Македонски Обама, само кога албанска ПАРТИЈА ќе предложи МАКЕДОНЕЦ за претседателски кандидат. Е тогаш и само во тој случај ќе може да здивнете и да кажете: ЕВЕ И НИЕ СИ ИМАМЕ ОБАМА!!! Никако поинаку!
И за крај, ПЕТТА причина зашто неможе албанец да биде Македонски Обама е: Pledge of Allegiance.
Но, сепак и покрај се, покажете ми албанец што ќе се заколне на Македонското знаме и јас (и покрај четирите претходни точки) ќе гласам за него!

Доволно е само ова да го прочитате и ќе разберете, НЕ би гласал за некој од друга етничка заедница зашто сметам дека покрај тоа што не припаќаат тука со тоа би ја "предал и продал" државата.

И ставот за Америка на Svetovid и избирањето на Обама за претседател е затоа што сите се Американци а не доселеници и избеглици и сите го почитуваат и сакаат своето знаме, држава и не бараат свои права да се издвојат како заедница.
 
Не.
А и споредбата со Обама не држи вода. Ич. Обама е Американец и е горд на тоа. Обама стои на Американско знаме и химна! И само на Американското!

втора работа е што црнците беа робови во Америка, а потоа успешно (горе, долу) се интегрираа во Американскиот устав и држава. ... Кај нас тој филм не постои! не се пронаоѓале во името... (види богати).... не им одговорал уставот... ајде бе...знамето исто не им чини...за химната муабет да не правам. (не се пронаоѓале во Македонците....а каде живеат).Албанец не може да биде ни приближно како Обама. (бај д веј ни него не го мирисам многу, оти се покажа дека уствари црнците се расистите во Америка :toe:)
 
Само да не е влав, па што сака нека биде.

Па макар и Аљбанец од ДУИ и УЧК?Ваков Македонец си бре?Нели немаше да прифатите Терорист за претседател,ама изгледа почнува перењето мозок за по 5години.Аирлија нека ви е бричењето на суво.

Ne, nikogash.

Makedonija za makedoncite.


Како бре никогаш?Еве Трнорушка не мисли како тебе,Трн мисли дека може и Албанец од ДУИ и УЧК.И што правиме сега?Кој е поголем Македонец ти или Трнорушка?
 
Моментално не би гласал, затоа што Агрон Буџаку се докажа со својата чесност и транспарентност, додека пак женската од ДПА (ќе ми извини не знам како се вика, ќе проверам после постов во претседателски избори) даде изјава која што мене лично ме навреди, зошто не сум прифател дека сум бил словен? И дека не сум знаел кој сум и што сум, добро си го знам јас тоа. Јас никогаш за албанците на форумов не сум пишал Албанци (освен сега) затоа што знам дека тоа за нив е навреда, исто како за мене што е навреда дека не сум знаел кој сум и што сум.
П.С. Мируше Хоџа се викала.
 
Албанциве само не ноат во пропаст иако не се само тие криви за лошата состојба.Никогаш не би гласал за нив па макар и се да се промени.Тие гледаат само сопствени интереси кои се лоши за нас.
 
Ако влезат во втор круг Селмани и Иванов гласам за Селмани а иначе гласам за Фрчкоски
 
Ако влезат во втор круг Селмани и Иванов гласам за Селмани а иначе гласам за Фрчкоски


Ако е тоа така бар Селмани има некој концепт околу името и став кој гласи дека компромис мора да има и се согласува додека од друга страна кај Иванов зборот концепт е непознат па макар и за професор како што се тврди од негов калибар.
 
Само за Македонец. И само да не е комуњар бидејќи тие немаат чувство за националност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom