Да се пуши или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Бате Недев
  • Време на започнување Време на започнување
Абе вие пушите само немојте цигариња. Штетни се за организмот и кондицијата. :pipi:
 
Сеуште немам запалено цигара и веројатно некогаш ќе пробам чисто ради филингот и дали си фраер кога пушиш, не верувам дека ќе ме навлече да станам редовен но ако пушењето е ради занимација тогаш јас мислам декаи кога имаат луѓето муабет и кога имаат работа пушат.
Зависноста од пушењето е дел од тоа што го прави човек да мисли дека е фраер и дека го врти светот а дел поради немање попаметна работа.:nenene:

Јас мислам доколку се сака може лесно да се откажеш од пушењето , а и денес постојат разни медицински препарати.Младите во голем број практикуваат иако во моето гратче кај младите процентот е околу 10%!Тоа ме радува, но мои другари од голем број градови си го уништуваат здравјето.Мислам дека живееме во доволно информиран свет и веќе е време да се сфати дека е штетно колку за пушачите толку за околината:smir:
 
Убаво направија со тоа одделните простории за непушачи т.е пушачи. Ама многу ме нервира кога ќе видам дека цела маса во пушачкиот оддел е зафатена од непушачи. Ако толку им пречи шо не исчезнат од таму... А сум ги имал многу такви случаи...

Пушачите на пример коа ќе видат дека нема место во пушачки оддел си бегаат а овие копиљаци се мушкаат... LoL ова излезе како да ги мразам непушачите ама нема врска. Но сепак таа е вистината.
 
Многу јасно... Јас пушев многу години (квалитетно-јаки цигари) и успеав да ги оставам. На почетокот, кога ке ме фатеше страшна криза ке запалев цигарче, дим-два и ја гасев...
Успеавм веќе неколку месеци да не пушам; лошото е што се поправаш неколку килца и мораш да внимаваш да не се издеформираш.
Инаку, се издржува...
 
Да не се пуши. Тоа е лоша навика која ги уништува луѓето, но за жал во денешно време никој не мисли на тоа, секој сака да се напраи "фраер" и да се покаже... Многу деца почнуваат уште од мали да пушат (5 6 7 8 одд):nenene:
 
И според мене и подобро да не се пуши.
Безврска давање пари,миришеш на цигари,си го загрозуваш здравјето....а позитивни работи нема.Не вреди.
 
Јас би го забранил со закон пушењето да имам таква власт :) Aко не друго ќе заштедат луѓето и на пари и на здравје!
 
секако да НЕ се пуши :smir: како пишува на паковките од цигарите, пушачите умираат млади :helou:
 
секако да НЕ се пуши :smir: како пишува на паковките од цигарите, пушачите умираат млади :helou:

И рударите а и моторџиите без кациги. И пешаците кои не идат на пешачки и...
 
Личен избор на секој е дали ќе пуши или не...
Што се однесува до мене, јас не би дозволил пушење. Меѓутоа секој си има своја зависност. Ете, на една група луѓе зависност им се цигарите. Ако се чувствуваат убаво нека си пушат:) Мене не ми пречат:)
Сепак, не за пушењето:star:
 
Оној што сака да си пуши нека си пуши.....и никој нема право да рече дека му сметат пушачите на отворено...!!!!!!!

Јас немам автомобил значи одам пешки и дишам издувни гасови од автомобилите на оние кој се возат .......значи Ќутам и трпам........така да кога ке ми се пуши мене цигара нека трпи оној кој му смета.:toe:

секако зборувам за пушење во отворени простории или онаму кај што е дозволено:helou:
 
^
Teза - Антитеза

8327_1055712771527_1787093538_110935_4224314_n.jpg


п.с. Поздрав до Фиц, авторот на сликава . :wink:
 
хахах добра е сликава!сепак не е убаво да се пуши но секој со свој избор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom