Volkswagen напиша:
Добро, сеа откако ја ослободивме целата негативна енергија со бескорисно препуцавање...
ЧАРЕ?
Чаре? Секој кој ќе го прочита и
апсолвира ова да почне да работи на случајот. Колку може, и малку повеќе од тоа. Сосема доволно ќе е.
Луѓе, треба време за да се промени (под)свеста на Regular Joe или Митре од Македонија. Ама што е доброто? Што сме подготвени да почнеме. Едно е јасно... битката не се добива за еден ден. И битката нема да помине без жртви, макар била и само интелектуална. Тоа треба да се знае.
Исто како и реалната можност можеби три генерации после нас да уживаат во "благодетите" на она што ќе го започнеме ние... нешто што воопшто не ме засега. Промената мора да дојде. Можеби некому ќе му изгледа како нереална, ама е доволно вредна за да веруваме во неа...
Не сакам да звучам премногу Green peace, ама треба да се размислува глобално и да се делува локално.
Фолкси како автор на темата, и сите останати желни за промена на начинот на дишење на воздухот; Сите кои знаете дека иднината ни припаѓа нам и на нашите поколенија; Сите кои сте подготвени, имате желба и ВОЉА да направите нешто,
направете. Нешто. Кренете го гласот. Не наведнувајте ја главата. Развивајте го умот, размислувајте. Бидете достојни и горди на името- Новата Македонска Интелигенција.
Тоа е чарето. Да се делува. Нема друго.
Ај лав ју ол, My fellow lost Bhoys...