Ај ако не е тајна да кажете од каде порачавте (кој сајт) и по која пошта избравте да го пратите.
Јас бајги време се мислам да порачам нешто од
www.bhphotovideo.com ама не сум пробал. А за пошта, international express mail мислам дека беше
И кажете како не ви наплатиле 5% ддв. Знам дека за лаптопи е 5% а за апарати претпоставувам е исто.
Јас имам купено до сега од bhphotovideo до сега доста работи и супер се, сигурна фирма, порачуваш што добиваш (за разлика од повеќето човек-20 фирми), така да пред да порачуваш провери на
www.resellerratings.com дали е продавницата веродостојна за да не се јадеш после тоа). Исто имам купувано и од Amazon (филтри) од кои едниот го имаа баш Amazon, а другиот ми беа посредници со Adorama мислам дека беше, ќе ја побарам после сметката па ќе ти кажам, како и да е Adorama се веродостојни како што имам читано. За eBay гледајте да ги избегнувате тие лични трансакции зошто eBay не ви гарантира ништо ако лично си средувате и не одговара за истото. Двајца другари така изгубија, едниот 170 долари за часовник, а другиот 160 долари за ролери, исто така колку што знам не може од физичко лице на фирма да се уплати преку трансакција во банка или да имаш сметкопотврда, те. документ со кој покажуваш за што ги праќаш парите (бар така ми кажаа во Про Кредит кога требаше да пратам еднаш пари во Полска на фирма). Лет 3 имал среќа и купил од достоен продавач, така да ако се решите да купувате на овој начин за да го намалите ризикот гледајте им feedback на продавачите.
За пратка не знам зошто ништо немам порачано да ми стигне тука, се имам порачувано да ми стига во Америка па луѓе ми ги носат.
Значи ако сакаш да дознаеш некој сигурен сајт можеш да идеш на
www.resellerratings.com и да најдеш сигурни продавници кои они ги препорачуваат.