Црвен кармин-кич или тренд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
лично за мене не ми е убаво да користам,а сепак мислам дека на 21 година не е бас идеално да се става кармин некој дреч хе хе хе ок е онака малку незабележително али да не се претерува како некоја теткица да се прават
 
Nemam nisto protiv zenskite so stavat crven karmin, no jas ne go sakam, epten k*****ski mi izgleda i nikogas ne bi stavila na sebe.
 
Црвениот кармин никогаш не бил кич. Само работата е во тоа како стои на нечии усни :) Мислам дека на девојките со полни и нежни усни повеќе им прилега.
Многу се нервирам кога ќе видам некоја теткица или полошо- баба која опнала молив во различна боја и црвен дречав кармин. Е тоа е кич.
Или исто така се изненадив од постапката на моите другарки од клас во 2ра година средно кои на една вечер од екскурзијата,кога се подготвувавме за одење во дискотека сите се истакнаа со црвен кармин на усните и патем еден ист го употребуваа сите. Не да не им стоеше и како прво не им се совпаѓаше со облеката која ја носеа.. Тетки во обид :)
 
Цел живот црвен кармин носам.Тоа бојата што ми одговара на тенот и формата на усни,сум заклучила...Мат црвен кармин користам,го нанесувам со четка,прецизно,и "гушнувам на крај хартиено шамивче" Највеќе ми се свиѓа forest red,особено со беж гардероба...
го носам дури и со патики и некои бесни хеланки или шалвари.:))А да не зборам длабоко црвената боја на цреша,што мава веке накај кафеава колку добро стои со сребрен накит или бисери...
Ама никако не нокти со црвен лак воедно и усни...тоа некако не ми е ок...
 
Нема поголема елеганција кај жената од црвениот кармин нанесен во исправна количина и добра комбинација на гардероба.Секако,црвениот лак за нокти е единствената додатна работа која е дозволена додека носиме црвен кармин.Само сигурна и храбра жена може да го носи црвеното и да изгледа перфектно и заслепувачки.
 
Црвен кармин користев одамна, и тоа темно црвен,
боја на зрела вишна.
1. На која девојка/жена и одговара црвен кармин?
На секоја. И на црни, и на бринети и на руси и на црвенокоси.
Како ќе изгледа девојка/жена со црвен кармин, зависи од самиот лик. И Илинка Митрева и Скарлет Јохансон користат црвен кармин, па може да видите дека драматично се разликува на која како и стои и каков ефект се постигнува.

2. Во шминкањето има правило: се нагласуваат или очите или устата. Никогаш двете. Значи ако ставате црвен кармин, сенките за очи треба да бидат многу светли, може да се користи бело моливче, црн туш, црна маскара, црн креон за очи. Никако не смеат очите да бидат без ништо, но не смее ни да се стави светкава зелена сенка, сина маскара, лила креон за да ен изгледате како кловн.

3. Како се става црвен кармин?
Прво се става течна пудра на усните. Ама малку. МНООГУ МАЛКУ! Најдобро е со четкичка да црпнете од капачето на течната пудра. Малку е засушена, ама таква треба.
Доколку сакате мат боја, може со црвено моливче да ја уоквирите и да ја нацрвите устата. Ќе ви трае цела вечер, а и нема да оставате траги на чашите.
Ако не сакате мат, уоквирете ја устата со моливче и ставете кармин. Земете салфетка и бакнете ја. После ставете уште еден слој.

4. Кому му се допаѓа црвен кармин?

Обично, само на оној што го става.
За машките, црвениот кармин е привлечен само ако го има некоја девојка/ жена на насловна страна. Во живо, ги одбива.
За жените, црвенито кармин виден на друга личност од женски пол, особено, ако и стои убаво, е курвински.
 
Обожавам црвен кармин но не сите нијанси , на секоја девојка во однос на лицето и тенот и стои различна нијанса . Јас имам повеќе нијанси на црвен кармин и го носам најчесто за ноќни излегувања но не премногу често. И според мене не треба да се носи со црни зачадени очи затоа што ретко на кој му стои тоа. Кога носам црвен кармин најчесто на очите имам само црн туш и римел , и не премногу нагласено руменило со бронзена нијанса и никако не смее да се носи со руменило во розеви нијанси.
 
шо има поубо од колку траги на кармин на интимните делови од телото....
 
Црвен кармин употребувам само кога излегувам навечер, некако за перку ден одбирам нежна розе боја со малку сјај, најчесто носам црна боја на гардероба така да некако ме истакнува особено ноќе се црно само усните црвени жар мерачишта :)
 
Не бил нити пак некогаш ќе биде кич. Напротив нема поголема елеганиција од првилно нанесен црвен кармин. Го носам најчесто за вечерни излегувања.
 
Ниту кич ниту тренд туку прашање на вкус па и не е лошо само да не се претерува:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom