Црвен кармин-кич или тренд?

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто бе ретко можам да најдам некој жиш црвен кармин? Се некои розеникави нијанси. Мизерии!
 
Јас во мојата скромна палета на шминки, иам само еден кармин, и тоа темно црвена, па ај да кажеме и накај бордо нијанса. Далеку ми е поженствена таа нијанса од било која друга.
Нормално, тоа дали ќе биде кич или нешто стварно добро склопено, зависи од комбинацијата, од самата девојка (не стои на сите) и од пригодата за каде се носи.
И мислам дека кога се става црвен кармин, тоа треба да е целиот акцент на лицето, усните. Минимална шминка на очи, пример само маскара, ај евентуално и туш, али зашљапана девојка со 5 вида на сенки горе на очи и црвен кармин се најголем промашај што може да постои.
 
Црвен кармин е најсекси кармин дефинитивно -темно црвен во комбинација со плави очи гррррр
 
Дека не стои на секој, не стои. Некои изгледаат кич, а некои не. Индивидуална ствар.
Jас не излегувам од дома без црвен кармин. :pipi: Нормално за преку ден ставам со помал интензитет, не се приметува толку. Најлесно шминкање ми е тоа, посебно за насабајле кога едвај отварам очи: црвен кармин, маскара и коректор.
 
Црвен кармин стои на секој, до нијансата е проблемот.. Јас лично избегнувам црвени кармини и општо појаки бои бидејќи имам големи усни и не сакам до толку да ги истакнувам. :pipi:
 
црвен кармин 3 до 4mm + пуштено надвор од линијата на усните. Тоа не е кич, тоа е lifestyle.
 
Често носам црна облека и ставам црвен кармин, не за сексапил туку за да разбие монотонија. Избегнувам да нанесувам сјај и одбирам потемни нијанси особено зимно време. Летно време ставам росал лабело, има убава црвена боја. Не ми е кич воопшто црвениот кармин. Кога гледам како стои на други девојки дури и оние ватрено црвени нијанси, ми е сосем ок. Единствено не ми се допаѓа кога некоја го носи додека е целата во црвено и со многу нагласени очи, премногу нападно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom