Светата должност на секој брат е да ја заштити својата сестра. Врските се релативно трајна категорија, можат и да траат со децении, неспорно, но врската брат-сестра, врската на крв, трае до крајот на нивните животи. Сите знаеле дека била малтретирана, и семејството, и станарите, и полицијата, и службите, и институциите, меѓутоа некој од семејството морал конците да си ги земе во свои раце. Тоа е и во самиот концепт на правото-правдата, да го тепаш во некој подрум се додека не почне да сере крв. Дома да не можат да го познаат.
Случајот дефинитивно излезе шпанска серија, меѓутоа лично сметам дека народот не треба да знае детали кој со кого спиел и кој имал нешто за на страна. Треба да се пласираат само доказите, во интерес на јавноста, за крајна непристрасност, плус медиумски притисок, копилето да заврши зад решетки. И онака призна две од трите кривични дела. Има олеснителни околности, меѓутоа ќе одлежи некој месец или година. Вака се нарушува сферата на приватноста, ама мора да се признае и дека жртвата имала своевидна токсичност. Знам, римското начело, за мртвите само најдобро, меѓутоа емтапичноста не треба да влијае врз објективната перцепција на настаните, затоа што најмногу трпело нивното дете. Тие трауми може да ги влечело длабоко во својот живот.
Нас ни требаат комплекси каде ќе живеат жртвите од семејно насилство. Значи не сите цигани да се вселат, туку вистинските жртви, каде ќе имаат оброк, кров и простор за рехабилитација. Плус истите да бидат чувани од полициски службеници, нешто како безбедна куќа, каде ќе им се даде и соодветна помош. Не онакви финансирани од Усаид, таква една се затвори, туку за сите, независно од видот и интензитетот на насилство кое го трпеле.
А ЦСР е штура институција, крајно неспособни луѓе работат таму, владее општо куроболие. На секоја поголема улица, има питачи со бебиња. Бебињата спијат. Не сум видел бебе да плаче. Едно такво може да се погоди, но не и сите. Тука Центарот мора да се вмеша, да го одземе, затоа што тоа е класична злоупотреба на децата, покрај тоа што можеби им даваат некакви супстанци.
Ама, еве, државата се активира ден-два по секоја ескалација. По Кочани, имаше инспекции за заштита и безбедност при работа. И толку траеше акцијата. По Ковид, ситни интервенции во здравството, а се земаа наменски кредити за инвестирање во овој систем. По Дурмо турс, кратки инспекции низ техничките прегледи, пак на сите им се прогледа низ прсти. Нема доследност на почитување на законите, имаме пост-трауматична акција со цел санација на раните и спласнување на еуфоријата, демек ние се грижиме за вас. Ама не им е ни грижа, на секои избори ќе си имаат волна, затоа што знаат дека постојат овци.