@мкд владе, и самиот рече некаде на темава дека не си многу емпатичен, па тоа ти дава два дена предност пред другите.
Не ти дава тоа предност, тоа само те спречува да влезеш во кожата на жртвата и да разбереш комплексни ситуации, кои ти ги релативизираш и ги упростуваш. Од типот на: „можела да се разведе, имала избор“.
Овде се работи за тешко и континуирано насилство кое траело со години. Насилство кое ја исфрла жртвата од рамнотежа и ја доведува до степен да не може правилно да расудува. Жртвата гледа спас во смртта, како човек со терминален канцер кој живее во болка секој ден и ја чека смртта да го спаси од болките. Ова не е само физичко насилство туку и психичка деградација на една личност.
Конечно, смртта на девојчето е трагична, но ние не знаеме и не можеме да знаеме дали тоа е сторено од причина да му се нанесе болка на насилникот, или од причина што жената била уверена дека животот на тоа дете со насилникот е поголема казна од смртта, дека девојчето би поминувало низ истото што и таа.
Во секој случај, после долгогодишно насилство и во психичка состојба каква што била, не е тешко да се замисли зошто го направила тоа. Ова не е оправдување туку констатација, секоја жена или човек кој е во таква ситуација треба да бара помош на време за да избегне фатални последици.
Самоубиството не е единствен епилог од овие случаи, имавме и случаи каде што насилникот кој ја малтретирал жртвата исто така и се заканувал дека ќе ја убие ако го пријавува или ако го напушти. Имаше еден случај пред некоја година кога човек уби партнерка со 40 убоди од нож, во Кочани мислам, и еден во Битола кога ја нападнал во станот на татко и па овој му пресудил на лице место.