Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Па сега да го испердашат ќе ги тужи, ќе летаат од работа. Толку им се законските овластувања. Штом вика дека све е океј нема што да прават.
Па нема јавно да го пердашат, малку во кола до станица, а после малку повеќе и во подрум. И класичната полициска, прво падна од кола при обид за бегство, а потоа и неколку пати падна по едни многу стрмни скали. Се нашла некоја кора од банана. После ја промашил, ама подот бил лизгав, влажни биле скалите. Не е нивна вина што е смотан, нели? Ресетиран да се врати дома. Ако продолжи да биде силеџија, пак да го вратат на испит.

Нека си ја вратат Гоца, Панче е еден од најнеспособните министри во нашата историја. Ужасно ужасен политичар, дудук. Врска си нема човекот. А и полицијата е тука само за плата, за ништо не се надлежни. Примаат пријава, земаат изјава, прават записник и толку. Предметите со месеци спијат во предистражна постапка. Обвинителство ги влече постапките со години, треба да ги молиш да оформат предмет, да преземат мерки и активности, па и тие ги прават криво, бегалците ги ставаат во домашен притвор, а веќе еднаш ти избегал, што само по себе е доволна индикација да го ставиш во притвор. Правна држава, тоа е.
 
Порано квичевте на методите на Гога, сега ги барате назад. Иначе ако Панче ти е полош од обиџуко, дефинитивно треба поголем диооптер наочари да земеш.
 
Порано квичевте на методите на Гога, сега ги барате назад. Иначе ако Панче ти е полош од обиџуко, дефинитивно треба поголем диооптер наочари да земеш.
И Гоца беше лоша, ама беше многу подобра е од абдалов. А супер почна и на крај ја засра работата.

Не носам наочари, добро гледам, ти благодарам што се грижиш за моето здравје.
 
Аман бе Владе, на шо основ, на основ дека цела зграда пријавува, ајде замерени со еден, двајца ама цела зграда ??
Не им светнало во полиција дека жената негира насилство од страв или манипулација, нарушување јавен ред и мир не постои кај нас ?
Синкир прв случај е ваков кај што жената негира, па ќе земам ќе испратам цивилно лице. Во Шведска од социјални грижи со месеци го следеа едно семејство оти имаше сомнеж дека ги малтретираа децата, во Германија пред некој месец родители со пикап ги возеа три деца напред, од градинка пријавиле во социјално, ги следеа со возило до дома и не знам колкава глоба платија, башка ќе хо јадат од надлежните органи.
Кога се деца во прашање нема милост и сместа треба да се активираат сите органи а не овие нема основ нема дело, ајде жити се
 
Во зграда отспроти работам што гледа во барот кај шо се деси. Језиво милион луѓе се насобраа полицијата трсбаше да вика по нив за да знаат дека не треба на 5 метри да стојат.
У реалност викаа оти не завршиле работа на сите пријави

овој на амфетамини бил
Не бе, супер дечко е па ти.
Ќе се прежени одма после затвор.
Жити фацата клошарка. Вришти на криминал.
Му наоѓале трева, амфетамин, тепачки, напад на службено лице, она го пријавувала.

#тресе Панче
 
Жално навистина... За институцииве што да кажам, или посебно за полицијата, значи поинертна полиција мислам дека не постоела, буквално како side job си ја имаат толку не замарање - купи продај се врти по цел ден, препродаваат, полицаец е оти е државно, да може да се заборчи за кредити. Ако им речеш уште па кукаат ќе ти речат за таа плата толку, лингури едни без никаков став. Да пријавувала жената поголема е шансата џандарот да пушти муабет меѓу другарите дека овој ја тепал, отколку да пријави ќе што треба.

Како што кажа некој погоре, за жал ѓубрево ќе излезе за брзо, и па ќе си продолжи со животот како ништо да не се десило.
Само да потсетам... ние сме држава со најмногу џандари по глава на жител!!
Вклучително тука и држави што важат за тешки диктатури!

Еден саглам нема! Се е партиски примано, бивши џанки, наркомани, манијаци... рамковни..!

К*р не ги боли!
Сами гледаме дека дремат у кола, а пред нив прекршок рецимо у сообраќај!
Сите сме сведоци на оваа држава во обид како функционира.

Центрите за социјална работа па приказна за себе! Мислам дека и посебна тема имаше за нив!

Ама Кочани за жал го потврди она што го мислев, не 100 туку 110%
Клошари што стоеле настрана со рацете у џеб и не знаеле што да прават (оти глупетдите дошле џоинти да фаќаат, и го заклучиле помошниот излез)
 
Истото беше и со ќерка му на Фердо (чоеков на сликава) од Битола, само што Љубе имаше муда и го наполни со олово "бившиот зет".

Сега и двајцата се живи и здрави и слободни.
Му дојде дома со нож. Затоа го наполни со олово или тоа се вика нужна самоодбрана. Не е истото.
 
Истото беше и со ќерка му на Фердо (чоеков на сликава) од Битола, само што Љубе имаше муда и го наполни со олово "бившиот зет".

Сега и двајцата се живи и здрави и слободни.
Мислиш Тони.
 
Screenshot_20260303_190149_One UI Home.jpg

Пред 2-3 месеци ги имало во билтен. Жената со детето го начекала мажот во кафич со швалерката. Ја нападнала, па маж и ја тепал пред детето. Сведлци кажуваат дека детето пиштело на страна, морале да го земат минувачи да го смируваат. И покрај повиците за помош, не сакал да прекине да ја тепа.
 
Прегледај го приврзокот 471253

Пред 2-3 месеци ги имало во билтен. Жената со детето го начекала мажот во кафич со швалерката. Ја нападнала, па маж и ја тепал пред детето. Сведлци кажуваат дека детето пиштело на страна, морале да го земат минувачи да го смируваат. И покрај повиците за помош, не сакал да прекине да ја тепа.
И она со сиот памет отишла во кафич со детето за да се конфронтира со швалерката, знаејќи го него?
И ова е во декември, а она поднела за развод во ноември. Си поднела за развод, што имаш да се замараш со неговиот љубовен живот.

Мене ми делува дека си имала и таа голема фалинка.
 
Мене ми делува дека си имала и таа голема фалинка.
За да тргнеш со таков тип на човек, не може да си нормален. Греота за детето, вакви лудаци има и од двата пола.
 
Аман бе Владе, на шо основ, на основ дека цела зграда пријавува, ајде замерени со еден, двајца ама цела зграда ??
Не им светнало во полиција дека жената негира насилство од страв или манипулација, нарушување јавен ред и мир не постои кај нас ?
Синкир прв случај е ваков кај што жената негира, па ќе земам ќе испратам цивилно лице. Во Шведска од социјални грижи со месеци го следеа едно семејство оти имаше сомнеж дека ги малтретираа децата, во Германија пред некој месец родители со пикап ги возеа три деца напред, од градинка пријавиле во социјално, ги следеа со возило до дома и не знам колкава глоба платија, башка ќе хо јадат од надлежните органи.
Кога се деца во прашање нема милост и сместа треба да се активираат сите органи а не овие нема основ нема дело, ајде жити се
Во Шведска и Германија се спроведуваат законите, функционира судството, децата имаат права загарантирани со устав...
Кај нас функционира, мрза, некомпетентност, корупција, малоумштина, ме заболе к.р за комшијата, неодговорност на највисоко ниво, дај да се почестиме нешто...низата е бескрајна.
Прво види ја полицијава, еден носи адидас патики, друг црни чевли, џемпер од баба му....
Секое сабајле кога одам на работа се разминувам со еден дибек што го носи детето во градинка со кола, во едната рака има цигара а детенцево во скут му седи и дибеков вози со една рака!!!
Заслужува ли тој да има и да чува дете???
Далеку се Шведска и Германија од совршено општество, ама ни сме светлосни години од Шведска и Германија
 
Дечки, ова што го пишувате се здрави инстинкти кај здрава особа во безбедна средина, но не очекувајте дека жртвите на семејно насилство го имаат тоа во тој момент.

Не им пишува на сите на челото дека се насилници и психопати. И не стапуваат жените во врска со вакви ликови затоа што сакаат да живеат во патријархално општество, туку од истите причини од кои сите стапуваат во врска.

Проблемот е што ништо од тоа што зборите дека би го направиле доколку се најдете во таква ситуација, нема да го направите. Зошто? Затоа што додека да стане видливо насилството, жртвата е веќе емотивно соголена и уништена. Додека дојде првиот шамар, тој лик прво ќе ве убеди дека сте луди и дека вие сте криви за се што се случува. Човек почнува сам да се обвинува, да мисли дека не помогнал доволно или дека сам е виновен за тоа што го снашло.

Лесно е на тастатура да се кажува “јас вака, јас така”, ама кога џелатот е покрај вас или покрај вашите најмили, правилата се поинакви. Престанете да ги анализирате постапките на жртвите, туку анализирајте ги постапките на насилниците и молкот на институциите.
Види вака.
Реков прво да не ме цитирате со глупи муабети.
Ја сум ја. Вие сте вие. Секој реагира различно.
Јас кога сум била загрозена, сум мавала без осет.
Пошо мене ми се гаси сијаличката, и муабетот прекинува.
Тоа се вика survival instinct. Или ја или он ми светува у главата.
И кога ќе ми текне како ме чувале, ми се треселе. Неќам ладна земја да ми фрлаат на 20+ години.
И ја знам дека МВР е срање. Сум имала разноразни ситуации. Не ме тепале никад.
Ама сум имала закани, уцени, па ќе дојдам кај тебе, улиците се тесни, нема кај да бегаш. Ехее шо не сум се изнаслушала. Со такви, се постапува на нивен јазик. Никад моите не сум ги умешала, нит МВР.

За другарка имам избегано од часови да идам у Драчево од Карпош да ѝ решавам проблеми.
На другар му стопија 500€ од кафич, до вечерта дечкото го врати новчаникот као шо го земал.
Другарка ја тепаа у основно, ја дома бев. Ја бутнале у вц и ја клоцале. Машки и женски, сама отидов се карав, ме гаѓаа со камења.
На друга другарка дечко ѝ после 4 год врсла ја уценуваше со нивни секс видеа. Истиот тој, додека одеа, сакал да украде пари од еден од маало. Братот вадење муабет дека се дупел со женска му, па и со мене ( не знам шо ја?) ја 21, он 30. Така сум го ресетирала и тоа не го ни допрев. А имав у мене нож и тејзер. Прекина да пие, да пуши, да се дрогира, најде нова работа, и најбитно никад више ме се појави у маало да му ја гледам фацата гадна. Пошто мислев дека ми е најдобар другар.. и искачав со друг човек и споделував сѐ со него. А он ми го прљал образот.

И уште многу други работи.

У овој свет ако сакаш да преживееш, само памет треба, не ширење нозе. И луѓе.

У основно сум била на страната која трпела. Јадев ќутек и трпев вербално насилство. Секој пат кога ќе кажев дома, после у школо бетер пекол беше.
Исто како со овие.
Е еден ден пука филм.
И сум ги бранела секогаш тие шо не можат сами.
Да видам колку од вас ќе седат да го гаѓаат со камења ради другар/ка.
Ја може не зборам и не раскажувам животни приказни. Ама ја не зборам само. Ја дејствувам.
За да се заштитам себеси, моите или близок, ќе направам сѐ што можам.
Само МВР ќе го заобиколам.

Кажав и не мислам веќе да се образлагам за тоа шо ја би напраила. Пошо сум била у секакви друштва, со секакви луѓе, сум имала луѓе и по затвори и по министерства и сегде. И сум настрана од секакви проблеми, без досиеја, без скандали, без проблеми, со добра работа, кров над глава. Ја знам кога е доста, и кога не е доста. За својата безбедност одговара секој сам. Енде.
Не мама, не тато, не баба, дедо.

Баш дека не сите имаат некого, секој треба да си го гледа својот живот. И да си го пази. Пошо иначе, е вака ќе жалиме и ќе кукаме по некој.
 
Треба цело судство да се смени, сите досегашни судии, обвинители да добијат отказ. Скроз нови да се изберат. Дечкото бил фатен со 20 кесички дрога пред 2 месеци. Зошто не е во притвор или осуден по брза постапка ? Зошто се оставаат криминалци, насилници и пореметени да се бранат од слобода а притоа адвокатите нивни да одложуваат судења до бескрај, по 3-4 години да трае една обична постапка шо треба да е завршена 3-4 дена по сторувањето на кривичното дело. Кај нас се суди по интерес или политички, по закон никако. Кој се тие судии шо оставаат да се бранат тешки криминалци од слобода и по 100 пати ги одложуваат судењета ? или се корумпирани и подмитени или намерно работат да го уништат правниот поредок на државата наместо да го заштитат.
 
Основано сомнение дека врши семејно насилство. После нека бараат докази. Ете во случајов отпосле нашле доказ - видео снимка кај што ја тепа. Само за жал касно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom