Црква во центарот на Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нешто како струмичкиот плоштад(новиот де)
 
Баш така, Маркус.
 
Подземни сообраќајници. Сегашните сообраќајници да бидат плоштад. Жолтата линија на улиците е местото каде ќе идат под земја.

Сеа разбираш? :)

:pos: Па тоа е идеја стара колку земјотресот, ама за нејзина реализација требаат многу многу пари. И тоа е единствена причина заради која не е реализирана до сега. И моја проценка е дека нема да се реализира се додека Сител не почне да ни нуди вистински холограми. :)
 
:pos: Па тоа е идеја стара колку земјотресот, ама за нејзина реализација требаат многу многу пари. И тоа е единствена причина заради која не е реализирана до сега. И моја проценка е дека нема да се реализира се додека Сител не почне да ни нуди вистински холограми. :)

Не, старата идеја е малку погоре, кај Тифани да се пробие тлото и дас се „продолжи“ Партизанска до бул. Јане Сандански. И скапо е, точно, ама како идеја...фино би изгледало, со тоа што авторот на концептот заборавил на поглобалното, поширокото сообраќајно движење.
 
:pos: Па тоа е идеја стара колку земјотресот, ама за нејзина реализација требаат многу многу пари. И тоа е единствена причина заради која не е реализирана до сега. И моја проценка е дека нема да се реализира се додека Сител не почне да ни нуди вистински холограми. :)
Еве ти за споредба струмичкиот кој е неколку пати помал плоштад за да го добие новиот лик ќе треба да се потрошат 3 милиони евреи...За Скопскиот..изгледа..ќе биде подобро да се смисли некое друго решение..
 
Точно, идејата е за пробивање пред Тифани, но тоа е во главно поентата. Само што планот како што реков веќе нема теоретски шанси да се случи. Ние вовче по Вардар не можеме да протнеме, а не цела подземна сообраќајна инфраструктура да изградиме. Истото ќе се случи и со Струмица, никогаш нема да ви го изградат тој план од погоре.

Инаку планот секако е интересен, ама реалноста е далеку.
 
Точно, идејата е за пробивање пред Тифани, но тоа е во главно поентата. Само што планот како што реков веќе нема теоретски шанси да се случи. Ние вовче по Вардар не можеме да протнеме, а не цела подземна сообраќајна инфраструктура да изградиме. Истото ќе се случи и со Струмица, никогаш нема да ви го изградат тој план од погоре.

Инаку планот секако е интересен, ама реалноста е далеку.

Се додека постојат идеи и ентузујазам постојат и шанси да се направи нешто. Инаку за скопје мене ако ме прашувате треба еве почнувајќи од ота што го имам дадено Серпик, па тунел во кој ќе може да се влегува од лево и десно на полчеток на денешна партизанска, и тој тунел да иде подземно и некаде кај плошад да се дели на една гранка за накај собрание и една за накај НРБМ, а улицата која поминува низ центар односно кај рекорд треба некак да се затвори за масивен сообраќај и да се корисити воглавно за трамвајски транспорт и воглавно да биде пешачка зона.ај ќе пробам да нацртам

.....Неколку минути подоцна:
Мојата претстава за подолгорочно решение за центарот.
Со црвена линија е тунелот, со жолта е просторот кој би станал пешачка зона наместо улица, со зелена линија е како би се движела трамвајска линија (да трамваи поминуваат не само по пешачки зони туку и пресекуваат цели плоштади, кој не верува радо ќе става слики) а тоа во синиот круг треба да биде влезот во тунело слично ко на сликата подоле каде надворешните ленти би биле како сега поврзани со раскрсницата на почеток на партизанска а 4 средни ленти би иделе во тунелот.
8-25underpass9-01.jpg

plan.jpg


Се извинувам што отидов надвор од тема едноставно интересно е да се игра со слики од гугл ерт за свои претстави. Добро би било да се отвори една тема предлог ГУПови за некои места, каде ми мможеле да разменуваме вакви идеи како што црташе серпико и јас како што цртам.
 
Абе според мене они нека градат црква..али глеате шо се дешава...одма и овие ИВЗ сакаат џамија дрн дрн..Шо се занесуете???
Место да земат да го уредат плоштадон..на тоа кругчето у средина да ја напраат фонтаната(преубава беше замислата ептен ми се свиѓа), да земат да расчистат тоа кафичите шо се распослале летно време неможе да се помине на улица Македонија...цел град смрди..они уште одозгора ќе градат црква..абе ајдееееее
И плус плоштадов со новата банка што ја градат сеа ќе се преполови а неголи уште да се изгради и црква...
Кај го изградија тоа малото пред трговски пред ЕСМ (поранешно сеа незнам шо е- сеа кај шо има нешо за спортска опрема) го огрдија цел плоштад...сеа уште и црквава ни фали...
А више ако ја градат нека ја градат на паркчето пред мак телекомуникации...
Ај се занесов малце:kesa:
 
Изградбата на црквата пак на Уставен


Група граѓани најавуваат претставка поради почитување на процедурата при донесување на ДУП „Мал ринг“
41EB8CC4351EAE48A141A41684F7F7A9.jpg

Група граѓани наскоро ќе поднесат претставки до Уставниот суд против иницијативата за изградба на црква на централниот скопски плоштад, Македонија, за кој тој даде зелено светло. Преставката е поради пропусти во процедурата при донесување на Детаљниот урбанистички план „Мал ринг“ од страна на Општина Центар.

- Според тоа што можевме да го видиме, направени се сериозни пропусти во самата процедура поради што сметаме дека одлуката за донесување ДУП е невалидна. Пред се', не е спроведена соодветна јавна расправа, ниту, пак, јавна презентација на планот, што е спротивно на Законот за просторното и урбанистичкото планирање, изјави еден од иницијаторите Мирјана Најчевска.

Најчевска информираше дека друга група граѓани ќе поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на одлуката за финансирањето на проектот за изградбата на црквата од страна на Министерството за култура, што е спротивно на Уставот, кој забранува мешање на државата во работите на црквата.

Невладини организации и Исламската верска заедница претходно иницираа возобновување на Бурмали џамијата на плоштадот Македонија. Најавија дека ако државата нема слух за нивното барање, на локацијата на која во 20-тите години од минатиот век постоела оваа џамија ќе се вршат обреди на отворено.

Министерството за транспорт и врски е со став дека не се прекршени законските одредби и оти во согласност со ДУП на Општина Центар, на локацијата на градскиот плоштад сосема легално е предвидена изградбата на комплексот Градска куќа и хотел. Согласно со ДУП се пристапува кон изградба на предвидените објекти. Ние ги почитуваме законите и плановите кои определуваат како ќе се урбанизира определен простор, изјави Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски.

Портпаролот на Министерството за култура, Анита Јовановска, појасни дека Министерството распишало конкурс и избрало идејно решение за комплексот Градска куќа со хотел, но дека преостанатата постапка е во надлежност на Министерството за транспорт и врски.Од Министерството за култура велат дека имаат дозвола за градба и имотен лист за изградбата на објектот на Филхармонијата. Координативното тело на 38 невладини организации реагираше и на отпочнувањето на градбата на Филхармонијата и на Судската палата на локацијата на познатото маало Ибни Пајко. Таму некогаш била лоцирана џамија и вакуф и не се разрешени имотно-правните односи.

- На оваа локација имотно-правните односи се сосема чисти. Земјиштето беше државно, а со одлука на Владата тоа е префрлено во владение на Министерството, децидна е Јовановска.
 
Кај ке шетаат луѓето :) нека остват, џабе е црквата ... или пак ако толку треба да се гради-нека се гради, само да не е џамија :nenene:
 
Абе во ред е тоа што сакаат да градат црква, ама немора баш во центар. Луѓе врват од сите вери, сега вистина е тоа дека црквата се гради во Македонија, ама веднаш муслиманите ке побараат да се изгради џамија зашо имаат исти права како нас. Грујо ке дозволи да се гради и ајде џамија во центар. Зато подобро нека ја изградат црквата на некое мирно и убаво место како што и прилега на една црква и сите задоволни.
 
Стварно црква може да изградат на некое место каде што нема црква, а не на плоштдот каде што во близина има 2 цркви. По име не ги памтам ама тука се блиску така што не треба таму. Плус плоштадов ваков каков што е мал е и со градењето на црква со можности за подоцна и џамија и плус комплексите на хотели и не знам какви други објекти што се замислени да се изградат на паркингот кај мепсо и телеком центарот ќе се смали на кругчено кај што е планирана фонтаната да биде на плоштадот. Друга работа за коментирање на тоа е што секоја градба што е планирана таму да се изгради нема да одговара на околината. Како што го познаваме плоштад денес сите згради се постари со стар дизајн и фасади и ќе се издига црква на која фасадата ќе и се менувала бојата со рефлектори па друга застаклена зграда па преку Вардар архивот ќе личи на нешто од времето на Александар и сето тоа ќе штрчи.
 
Претставка до Уставен за црква на плоштад

Група на граѓани за денеска најави поднесување на претставка до Уставниот суд за утврдување на уставноста на одлуката за изградба на црква на плоштадот Македонија со државни пари.

Неодамна бевме сведоци на судир на две протестантски групи на плоштадот во Скопје, кога во обид на спречат демонстрациите под мотото „Не го силувајте Скопје“ протестантите ги нападна друга група граѓани кои со себе носеа црковни симболи и кои не сакаа да се протестира против изградбата на црква на плоштад.

Насилствата на плоштад отворија јавна расправа за слободата на говор и изразување, по што уследи уште еден протестен марш низ градот кој помина мирно.

Пред два дена и претставници на ИВЗ излегоа со јавно барање за изградба на џамија на плоштадот во главниот град на Македонија.
=================================================================
Ајде сваќе, аќеееееееееееее, ќе паѓа и оваааааа :tv:
 
...
Неодамна бевме сведоци на судир на две протестантски групи на плоштадот во Скопје, кога во обид на спречат демонстрациите под мотото „Не го силувајте Скопје“ протестантите ги нападна друга група граѓани кои со себе носеа црковни симболи и кои не сакаа да се протестира против изградбата на црква на плоштад.

Насилствата на плоштад отворија јавна расправа за слободата на говор и изразување, по што уследи уште еден протестен марш низ градот кој помина мирно.
...

Дали некој може од вас форумџии, да даде сопствена (груба) проценка за бројноста на двете страни, при оваа немила случка?

можеби е малку off-topic, ама не гледам каде на друго место би го поставил ова прашање
 
Дали некој може од вас форумџии, да даде сопствена (груба) проценка за бројноста на двете страни, при оваа немила случка?

можеби е малку off-topic, ама не гледам каде на друго место би го поставил ова прашање

Да, офтопик е. И после не знам кој пат оставам пост за пример - политика бистрете во соодветниот форум. И информации од овој вид барајте во истиот.

Околу протестот, тема (клик) беше отворена, се исцрпи и се заклучи. Внатре ги има сите потребни податоци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom