Crash Team Racing Nitro-Fueled

  • Креатор на темата Dani
  • Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
20.252
Поени од реакции
42.024

Нема кој не ја знае Crash Team Racing, а повеќето чуле и за Nitro Fueled римејкот. Помина речиси година од издавањето, но поводот за темава е тоа што не очекува наскоро, но за тоа подолу во темава.

CTR Nitro Fueled е римејк на познатата PS1 игра Crash Team Racing, како и нејзиното продолжение од PS2, Crash Nitro Kart. Достапна е за PS4, Xbox One и Nintendo Switch. Задржан е речиси целиот концепт на старата CTR, со значително подобрување на графиката и анимациите како примарна разлика.

Стазите од CTR (PS1) се задржани такви какви што беа, во целост, додека оние од Nitro Kart се делумно изменети. Мислам дека сме едногласни во тоа што во Nitro Kart ја кикснаа со стазите, вертикалните траки и ротација на камерата. Тие делови сега ги нема, заменети се со понормален пат.

Карактерите се повторно исти, со плус додадени многу нови.
Можна е и модификација на количката. Има неколку типови на колички, дополнително на нив може да се менуваат тркалата, бојата како и да се додаваат стикери. Се на се, можни се преку милион комбинации на карактер/количка.

Стиловите на возење остануваат (balanced, acceleration, handling, speed), со плус нов стил "drift". Новост е што сега стилот на возење не е врзан за карактерот (Crash - Balanced), туку било кој карактер може да вози во било кој стил.

Физиката на возењето е делумно иста. Промената може да ја почувстуваат по-advanced играчите. Дрифтот е поделен на Good/Perfect и со 3 perfect се достигнуа поголема брзина. На некои од стазите е воведен и "blue fire", каде се достигнува брзина доста поголема од нормалната (треба добар skill за да се задржи брзината).

Додаден е и нов мод на играње (single player), Ring Rally. Налик time trial, но доброто во овој мод е што можеш да ги откриеш сите shortcuts во стазите.

Али да не должам многу, со видео многу подобро се опишува игра него со зборови :D

Интересното е што денес на нивниот сајт се појави и Windows помеѓу конзолите. Истото го видов претходно на скриншотови по некои сајтови, но мислев дека е монтажа пошто на тоа место стоеше Nintendo Switch. Денес се уверив и сам.
Ако ги погледнеме и претходните releases на Activision, веројатноста да ја имаме CTR Nitro Fueled достапна и за PC веќе следниот месец е голема.

Crash Bandicoot N. Sane Trilogy
- PS4 - June 30, 2017
- PC - June 29, 2018

Crash Team Racing Nitro-Fueled
- PS4 - June 21, 2019
- PC - ?

1589210100934.png
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.400
Поени од реакции
1.670
За жал многу ретко или скоро никогаш не ја играв во PS1 ерата ама сега може да се проба :D
 
МИЛЕ КИТИЧ

Пијан бев кога го сменив корисничкото име
Член од
13 јули 2009
Мислења
4.352
Поени од реакции
2.557
Пошто немам конзола, ако испадне за PC дефинитивно ќе си ја играм.
Се сеќавам дека ја превртев на ПС1, а и редовно се играше со другари во играчница, убави времиња, детство :))
 
Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.691
Поени од реакции
5.308
Ја имам за ПС4 .... Кој сака да ја земе .... Шиткам за 2к ....
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.104
Поени од реакции
3.485
Ја имам за ПС4 .... Кој сака да ја земе .... Шиткам за 2к ....
Ќе мораш подобра понуда да направиш.

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.691
Поени од реакции
5.308
Ќе мораш подобра понуда да направиш.

Пола тетовчанец сум,може за 1800 .... Нова ти е 2700
Автоматски споено мислење:

Може да акнам и ГТА5 за 600 денари .... КРАШ+ГТА5 за 2,400 кој сака ... У инбокс
 
Sasa Ilic

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
2.159
Поени од реакции
4.764

Нема кој не ја знае Crash Team Racing, а повеќето чуле и за Nitro Fueled римејкот. Помина речиси година од издавањето, но поводот за темава е тоа што не очекува наскоро, но за тоа подолу во темава.

CTR Nitro Fueled е римејк на познатата PS1 игра Crash Team Racing, како и нејзиното продолжение од PS2, Crash Nitro Kart. Достапна е за PS4, Xbox One и Nintendo Switch. Задржан е речиси целиот концепт на старата CTR, со значително подобрување на графиката и анимациите како примарна разлика.

Стазите од CTR (PS1) се задржани такви какви што беа, во целост, додека оние од Nitro Kart се делумно изменети. Мислам дека сме едногласни во тоа што во Nitro Kart ја кикснаа со стазите, вертикалните траки и ротација на камерата. Тие делови сега ги нема, заменети се со понормален пат.

Карактерите се повторно исти, со плус додадени многу нови.
Можна е и модификација на количката. Има неколку типови на колички, дополнително на нив може да се менуваат тркалата, бојата како и да се додаваат стикери. Се на се, можни се преку милион комбинации на карактер/количка.

Стиловите на возење остануваат (balanced, acceleration, handling, speed), со плус нов стил "drift". Новост е што сега стилот на возење не е врзан за карактерот (Crash - Balanced), туку било кој карактер може да вози во било кој стил.

Физиката на возењето е делумно иста. Промената може да ја почувстуваат по-advanced играчите. Дрифтот е поделен на Good/Perfect и со 3 perfect се достигнуа поголема брзина. На некои од стазите е воведен и "blue fire", каде се достигнува брзина доста поголема од нормалната (треба добар skill за да се задржи брзината).

Додаден е и нов мод на играње (single player), Ring Rally. Налик time trial, но доброто во овој мод е што можеш да ги откриеш сите shortcuts во стазите.

Али да не должам многу, со видео многу подобро се опишува игра него со зборови :D

Интересното е што денес на нивниот сајт се појави и Windows помеѓу конзолите. Истото го видов претходно на скриншотови по некои сајтови, но мислев дека е монтажа пошто на тоа место стоеше Nintendo Switch. Денес се уверив и сам.
Ако ги погледнеме и претходните releases на Activision, веројатноста да ја имаме CTR Nitro Fueled достапна и за PC веќе следниот месец е голема.

Crash Bandicoot N. Sane Trilogy
- PS4 - June 30, 2017
- PC - June 29, 2018

Crash Team Racing Nitro-Fueled
- PS4 - June 21, 2019
- PC - ?

Прегледај го приврзокот 250784
Имав роднини од Белград, имаа пс1 на времето. Секогаш кога доаѓаа го носеа. Ја играв по цели денови, а ми се чини и дека имаше игра на нивоа, ако не се лажам?
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
86
Поени од реакции
63
Ја се мислев ја најавија и за ПЦ за во месец Јуни 2020, а сега гледам дека нема никаква информација официјална дека ќе стигне и за ПЦ. Трилогијата што излезе (N. Sane Trilogy) излесе и за ПЦ но една година подоцна, да се надеваме дека и оваа ќе ја има ова лето бидејќи излезе лани летото.
 
Член од
20 август 2018
Мислења
146
Поени од реакции
261

Crash Bandicoot да ја играш на pc е исто ко да играш Unreal Tournament na ps. :D Ах златни времина беа со ps кецот. Думам ко ми се скара првата женцка за озбилно, еден месец му се истурав на Crash Bandicoot тројката. Најдобрата според мене..
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
20.252
Поени од реакции
42.024
Не фала, ќе си ја играм оргиналната CTR на емулатор...
:kafence:

:place:
И јас ја играм неа на емулатор. Ама од кога ја пробав Nitro Fueled добив озбилна желба да си земам PS4.
Батали носталгија за old school gaming, ја јаде во секој поглед оваа :D
 
Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
20.405
Поени од реакции
52.097
Една од ретките игри на која сум експерт, и тоа со Пура најбавниот лик во цела игра :angel:
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
86
Поени од реакции
63
Ја изиграв на времето на ПС1, ја имам уште на ПЦ и Телефон :D , да се игра на ПС1 е уникатно доживување но веќе не постојат па мора да се прилагодуваме. Оваа новата ептен е стегната само мислам дека има микротрансакции што до некаде го кварат искуството, инаку изгледа феноменално, ќе ја почекам на ПЦ, ПС-то ми е "некомпатибилно" моментално :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.058
Поени од реакции
12.562
Што е најдобро да се симне за ПЦ да каже некој, не сум во тек?
 
На врв Bottom