Counter-Strike: Global Offensive

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Bluejays денеска со пораз од AGO (2-1) :unsure:
Очекував да ги добијат Полјациве, ама очигледно дека нешто не штима во тимот последниве неколку седмици.
Следната е must-win! Ќе биде големо разочарување ако останат без плејоф во оваа конкуренција. Има добри тимови, не е дека играат против распар тимови, ама ваквите како денеска против AGO треба да ги добијат.


Моменталната табела (не комплетирано третото коло)

1651516416532.png
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Денеска нашиве играат против MASONIC.
Со победа си ги враќаат шансите за пласман во Плејоф.
Почнува за 20 минути. Ќе ставам твич и јутуб линк ако не ме фати гужва на работа.
Квотите се изедначени и нема изразен фаворит ама мислам дека нашиве ќе добијат.

1651650031250.png


Edit - Youtube link : https://www.youtube.com/watch?v=iggQ779El74
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Се гледа ли PGL Major Antwerp?


G2 тргнаа со две победи иако имаа уште еден чоук момент во втората против Спирит. Имаа 14-4, па 14-18, 15-8 и нормално Џиту чоук и заврши 15-15.
Ги добија во продужетци ама не изгледаа убедливо.

Од друга страна Vitality ги смачкаа Complexity со 16-1 и за прв пат на major се деси да еден играч ја заврши мапата без да биде убиен. 11-0 скор за ZywOo.
Албанско-косоварскиот тим BNE ги добија турците Eternal Fire ама изгубија против Forze со што си ги комплицираа работите за понатамошен пласман.

Интересен прв ден да бидам искрен.
Еве табела иако некомплетирана. Сеуште треба да играат некои тимови.


1652119705122.png
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Се извадил од себе братот. :D

 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Се извадил од себе братот. :D

Да бе го гледав ова. Претходно овој ретвитна за еден момент кога на Хероик тренерот користел баг за надгледување и некако неказнети поминале Кадиан и екипа иако наводно знаеле за тоа.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Не знаев каде точно да пишам, заслужуваат внимание македонските кантераши кои растураат на Европско...во финале се...

 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Ништо посебно. Мал турнир - C Tier.*
Вчера ја победија Шпанија, а најдобрата петорка на Шпанија играше против Виталити во Келн на ИЕМ 2022.
Немојте живти се како лани да ги праиме светски прваци ако случајно освојат зашто турниров нема некое големо значење. Сите кој пратат кантер го знаат тоа.

*За најдобро да сфатите што е C Tier

Screenshot_20220709-190507_Chrome.jpg
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.143
Поени од реакции
4.528
А зошто викаат дека се европски шампиони?
Затоа што е турнир организиран од ИЕСФ, Интернационална Еспорт Федерација, на кој учествуваат екипи кои се пратени од официјалните федерации на државите, како што е кај нас МЕСФ, меѓутоа одамна не постои европско/светско првенство во кантер во формат каков што ни е познат во другите спортови, каде најдобрите 5 од секоја држава ќе бидат претставници. Едноставно топ30 тимовите во светот имаат пренабиен распоред и учество на еден куп турнири, има се повеќе интернационални екипи со играчи од различни држави и истите преферираат да тренираат со тимот и да се фокусираат на учество на турнири со тимот отколку да издвојуваат време за еден турнир каде би биле дел од рандом 5-ка која допрва ќе треба да се уигрува. Нема формат во кој во моментов би се извело такво нешто, што ќе биде прифатливо и за тимовите, и за играчите, и за гледачите.

А за ранкот на турниров, чисто како за споредба, наградниот фонт е вкупни 25,000$, од кои за прво пласираниот следуваат 10, во исто време се игра ИЕМ Келн, турнир на кој учествуваат најдобрите екипи на светот, каде награден фонт е речиси 1 милион $, и каде последно пласираните 4 екипи учесници на групната фаза добиваат по 10,000$.

Како и да е, дечкиве бележат доста успеси и покрај турниров, беа на чекор до влез во топ30 и полека се пробиваа низ сцената и ја ставија Македонија на мапа, така што не ми е целта да ги омаловажувам во никој случај, ама далеку од тоа дека се некакви европски или светски шампиони во вистинска смисла на зборовите :)
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Добро, со оглед на тоа дека негде во Индонезија, барем ќе имаат за да подмират патни трошоци. Али е легитимно европско првенство значи, тоа ми беше прашањето
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Денеска, после некои проблеми со кои се соочија вчера, нашите Bluejays успеаја да ги победат forZe кој патем се бр. 20 на HLTV ранкинг листата и да се пласираат во понатамошната фаза на ESL Challenger League каде веќе ги чекаат екипи како Movistar Riders, Sinners eSports, Entropiq, Sprout, 1Win...
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Овие forze испаднаа најголемите пички, прво пишаа дека не можеле да се игра денес дека веќе биле пуштени на одмор. Сеа со поразот ќе мора да играт уште 2 дена екстра квалификации.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Баталете ги нашиве, гледате NAVI vs. FaZe Clan?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom