Slatka_Mala
devoid of concept
- Член од
- 15 февруари 2006
- Мислења
- 477
- Поени од реакции
- 11
Или луѓето од вашето опкружување што растат како паразити засадени на почвата од вашата лична оригиналност и креативност, а поготово се опасни кога ви се пријатели, т.е. ја имаат можноста секојдневно да бидат покрај вас и да меморираат што е можно поголем број од вашите идеи, изјави, замисли и планови, за после да можат да се перчат пред другите со она што сами не би го смислиле ни за цел живот. :uvo:
Ви текнува на пријателката на која и кажавте дека ви се свиѓа некое парче облека и која утредента ја видовте облечена во баш тие фармерки, баш таква јакна итн...? На другарот со кој одевте заедно во школо и му кажавте за девојката која ви се допаѓа, а потоа забележавте какви насмевки тој и упатува баш нејзе? А другарката која ги употребува истите „финти“ како вас, зборува со истиот тон на гласот и го следи секој ваш нареден чекор за да знае кој би бил нејзиниот!?!
Значи, опкружени ли сте со copy-paste пријатели, како се справувате со нив и имаме ли право кога си го чувствуваме идентитетот загрозен од ваквите луѓе?