- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 2.327
- Поени од реакции
- 5.366
Искрено, ќе фаќам сеир и ќе се радувам. Додека некој од нас со раце пробуваат да го вадат лебот, они тераа сеир.Мислам дека радоста што владее на темава заради тоа што некои луѓе се заебале и изгубиле пари уште поубаво не отсликува како народ, од тие што подигнале брзи кредити мислејќи дека не е страшно да се задолжат бидејќи сигурно ќе извадат неколку илјади евра до крајот на годината.
Не е ни прв пат некој да искоцка пари за кои се задолжил. И тука, а и секаде низ светот тоа е секојдневие.
Како што објасни Владе погоре, од пирамидална шема може да извадиш нешто само ако си меѓу првите или ако не си алчен, па знаеш дека штом си влегол покасно, мора да се задоволиш со помалце.
Како што еден куп луѓе изгубија пари деновие, така тие што влегле на почеток сигурно заработиле некоја паричка. И така тоа ќе оди во круг со секоја пирамидална шема.
Баш ми спомнаа за апликацијава пред 3-4 дена, кога почнаа да ги нудат тие "бесплатните пакети". Ставаш 1000че и ти дава кеш бек 1000 автоматски. Па со истите пари земаш пакет и од 500, за кој одма ти дава кеш бек, истото го правиш и со пакет од 200 и на крај имаш пакети во вредност од 1.700 долари, и 1000че на "сметка", што во рок од 3 дена треба да ти се префрли на Бајнанс и ти да си чист. На хартија ризикот ти е само 3 дена, а после тоа треба да добиваш по 75 долари дневно и да извадиш над 5 ипол илјади долари во наредните 75 дена, колку што траат пакетите.
И мора да кажам дека вака напишано изгледа многу примамливо, но од друга страна и стварно звучи "too good tо be true" што би рекле енглезите. Реално нема апсолутно никаква смисла да ти даде толку пари со нула влог, ама како што некој кажа поназад, ваквите шеми прво ти даваат нешто за да те загреат, па после те терат да им дадеш уште повеќе. И баш тоа им се случи на многумина претпоставувам. На тие што им врти малку повеќе, сфатиле дека нешто не изгледа како што треба, па се надевам на време си го подигнале тоа што им останало.
Хаха брат си дал гз под кирија, ќе работиш цел живот. Јас правам пари пиејќи кафе, ти мора да идеш на работа. Такви некој глупи муабети слушав секојдневно.
Епа сега дојдоа моите 5мин и мерак ми е ги гледам истите луѓе како плачат по телеграм.
Што си дробел, тоа ќе сееш.