Conti Movie Platform

Член од
22 декември 2011
Мислења
2.323
Поени од реакции
5.361
Мислам дека радоста што владее на темава заради тоа што некои луѓе се заебале и изгубиле пари уште поубаво не отсликува како народ, од тие што подигнале брзи кредити мислејќи дека не е страшно да се задолжат бидејќи сигурно ќе извадат неколку илјади евра до крајот на годината.

Не е ни прв пат некој да искоцка пари за кои се задолжил. И тука, а и секаде низ светот тоа е секојдневие.

Како што објасни Владе погоре, од пирамидална шема може да извадиш нешто само ако си меѓу првите или ако не си алчен, па знаеш дека штом си влегол покасно, мора да се задоволиш со помалце.

Како што еден куп луѓе изгубија пари деновие, така тие што влегле на почеток сигурно заработиле некоја паричка. И така тоа ќе оди во круг со секоја пирамидална шема.

Баш ми спомнаа за апликацијава пред 3-4 дена, кога почнаа да ги нудат тие "бесплатните пакети". Ставаш 1000че и ти дава кеш бек 1000 автоматски. Па со истите пари земаш пакет и од 500, за кој одма ти дава кеш бек, истото го правиш и со пакет од 200 и на крај имаш пакети во вредност од 1.700 долари, и 1000че на "сметка", што во рок од 3 дена треба да ти се префрли на Бајнанс и ти да си чист. На хартија ризикот ти е само 3 дена, а после тоа треба да добиваш по 75 долари дневно и да извадиш над 5 ипол илјади долари во наредните 75 дена, колку што траат пакетите.

И мора да кажам дека вака напишано изгледа многу примамливо, но од друга страна и стварно звучи "too good tо be true" што би рекле енглезите. Реално нема апсолутно никаква смисла да ти даде толку пари со нула влог, ама како што некој кажа поназад, ваквите шеми прво ти даваат нешто за да те загреат, па после те терат да им дадеш уште повеќе. И баш тоа им се случи на многумина претпоставувам. На тие што им врти малку повеќе, сфатиле дека нешто не изгледа како што треба, па се надевам на време си го подигнале тоа што им останало.
Искрено, ќе фаќам сеир и ќе се радувам. Додека некој од нас со раце пробуваат да го вадат лебот, они тераа сеир.
Хаха брат си дал гз под кирија, ќе работиш цел живот. Јас правам пари пиејќи кафе, ти мора да идеш на работа. Такви некој глупи муабети слушав секојдневно.
Епа сега дојдоа моите 5мин и мерак ми е ги гледам истите луѓе како плачат по телеграм.

Што си дробел, тоа ќе сееш.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
Jas mislam treba da se prave public shaming na lugjeto so probuvat da navlecat lugje na vakvite scamovi, so cel da imat oni zarabotka. Da se naprave web strana ili neshto kaj so javno sekoj so spodelue vakvi raboti po socijalnite mrezi kje bide objaven na stranata i zasekogas, posle propagjanjeto na sekoj vakov scam, on kje si stoe kako eden od ucesnicite vo navlekuvanjeto na narodot na vakvo nesto.

Kaj mene, bukvalno prvi bratucedi od na majka mi stranata, dzvonea kaj mojte doma, kaj drugi rodnini moi (a i nivni), so cel da gi ubeduvat da vlezat vo Conti. Pa takviot covek ili e glup ili ednostavno nema empatija ili nekakov oset ni kon rodnina ni kon nisto, abe bukvalno majki i tatkovci bi si prodale za 2/3 iljadi evra. (Kaj mene tia so ubeduvaa i dzvonea, definitivno spagjat vo edna od via dve kategorii, oti se i verni glasaci na sds i cel zivot gledat na nekoj vakov nacin da napravat pari, a ne da zemat da srabotat neshto kako so treba).
Автоматски споено мислење:

A i benefitot od takvata strana kje e toa so, otkako kje propadne shemata, da moze slobodno da otvorat da si vidat koj se lugjeto so ubeduvaa i da odat da gi iznatepat. Parite neka si gi davat posle po privatni bolnici.
Автоматски споено мислење:

I uste nesto, kje stavime i za tia so se navlekuvat edna funkcionalnost, kjim ulozat otkako nekoj gi ubedil, da otidat da go upvote takviot covek, pa kje si imame i statistika od tia gradskite menadzeri/admini ili kako i da se vikat, koj kolku lugje navlekol pod nego, kje mu se naprave estimacija na zarabotkata na bratot, na kolku lugje napravil shteta moze da se dodade takodze, pa ce znajme ako ispadne nekoj bogatash preku nokj, od kaj mu se parite i deka mu se napraveni na lopovski nacin.
Автоматски споено мислење:

Eve gi ubavite na majka, samo so spomnav, otvaram Facebook, baam stori od tezok SDS-ovec, koj i onaka mi spama so DGPT cel mesec i povekje
1728209785930.png
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.857
Поени од реакции
23.212
Јас не знам што упорно се ругаат македонците како народ заради група на будали!?
Дарлинг убаво го објасни сето ова со споредување на сите тие НФТ и крипто шеми каде цел свет се изгоре и кои не се ништо поразлични од ова каде целта е иста - измама.
Ние не ги измисливме пирмидалните шеми нити па сме единствена држава во која се практикуваат. Доволно е само да се изгугла и ќе најдете уште илјада вакви платформи како Конти кои хараат по други земји. Башка гледам и во Словенија биле популарни овие шеми со филмовиве. Нели они беа најпаметните и најнапредните јужни словени?
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.808
Јас не знам што упорно се ругаат македонците како народ заради група на будали!?
Дарлинг убаво го објасни сето ова со споредување на сите тие НФТ и крипто шеми каде цел свет се изгоре и кои не се ништо поразлични од ова каде целта е иста - измама.
Ние не ги измисливме пирмидалните шеми нити па сме единствена држава во која се практикуваат. Доволно е само да се изгугла и ќе најдете уште илјада вакви платформи како Конти кои хараат по други земји. Башка гледам и во Словенија биле популарни овие шеми со филмовиве. Нели они беа најпаметните и најнапредните јужни словени?
Велешани на американците им продаваат кредитни картички за 1000$ преку телеграм групи.
Кредитната картичка има неа 5000$.
Кредитната картичка ќе почне да важи од моментот кога господинот Доналд Трамп ќе стане претседател.
Се убија од пари правење дечките. :pos:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
Пред неполн месец дена ми го продаваа срањево. Бате имаш разни пакети од 200 од 300 од 1000, и секој ден си зимал по 40 евра. :pos: :pos:

Одма му кажав на батето дека смрди на пирамида и дека за година дена максимум ќе ги снема. Ни месец не потраја.:pos: Сега ми продава приказни демек уште зимал парии тие што биле вложени ќе биле исплатени. Дооообро.

Многу ме нервират вакви пицајзли шо промовират вакви срања. Еден од кешбек едвај го откачив на крајот морав и висок тон на глас да сменам. Секта.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.808
Ни месец не потраја.
Од тоа до сега што разбрав и собрав како информација, во МКД е од април месец почнато у кавадарци. Во Велес ја прв пат разбрав на 14 јуни. Одма се знаеше дека е пирамидална и дека ќе падне. Не ставив пари зашто не знаев колку ќе трае, а во просек се толку 3-5 месеци колку да се задоволи стартерот на пирамидата. Мислев дека ќе секне до средина на Јули највеќе и не ставив не сакав да ризикувам.

Да знаев дека ќе трае до 4 октомври, ќе ставев ко ништо 500 евра, ќе ги свртев барем еднаш. Тие што почнаа тогаш извртеа парички во зависност од тоа колку вложија. Највеќе се заебаа тие што влегоа од 10 септември навакај оти не им помина 1 месец да си ги извадат парите. (не ме фаќај за збор тука, не знам на колку време се пакетите што им ги нудеа и како беше ќар 1 спрема 3 или друго).

Повеќе се свртеа вакви шеми и се вртат уште. Poshmark исто стартуваше, рикна за 1 недела. Ова Етернал ќе видиме кога ќе рикне, почнато е на крај на август според информацииве, а тоа DGPT во август разбрав за него кога почнало и до кога ќе трае ќе видиме немам информации.

Медиумиве се истрчаа како граѓаните се неписмени и као не знаат ги излажале, а гледам и на форумов и на твитер ги напаѓаат како биле екстремно глупи.
Сите знаеја што е, сите што вложија ставија пари со кои однапред се простија. Кој извади извади, кој накапа накапа. Тие што играа со ризик беа поспремни да изгубат пари од тие што како мене немаа волја да внесат пари. Далеку од тоа дека велешани или кавадарчани се прости и верувале дека со кликови прават пари.

Конти падна и се прошири муабетот. Инаку со многу зделки се занимаваат младите и пари прават. Продавање преку телеграм на картички, на сувенири од трамп, на времето пари со веб сајтови со Адсенс, еден куп шеми има, и си ја пробуваат децата среќата.
Едноставно бараат начин како да заработат брзо и лесно. На дел им успеа, возат БМВ од по 50.000 евра, се преселуваат Дубаи, купуваат станови вили итн. Другите си ја пробуваат среќата на други начини. Многу побрзо разбираат од нас дека ги имаат идеалните услови тука за да заработуваат неоданочени пари преку интернет без можност да бидат кривично гонети.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
60
Поени од реакции
265
Колку пари направиле овие бе?

За 1 ден, 06.10, милиони префрлаат :pos:

3 милиони

700к

600к

+ сите предходни адреси што ги пратив.

Овие изгореле ладно 50милиони. Со сигурност.

пс:

Ауууууу :sekc:

Според ова што го гледам сигурен сум дека овие што се активни реклами што вртат во ист период со Конти, се исти екипи.
Трансферите доаѓаат од 2 адреси (од тоа што најдов, 100% има повеќе). Приливите од сите поврзани доаѓаат од неколку главни па потоа ваљда си ги делат меѓу себе. Кој милион, кој 500к, зависи кој колку заслужил :ROFLMAO:

1) https://usdtscan.com/wallet_info_trc20?id=TJ5usJLLwjwn7Pw3TPbdzreG7dvgKzfQ5y
25 милиони долари

2) https://usdtscan.com/wallet_info_trc20?id=TNXoiAJ3dct8Fjg4M9fkLFh9S2v9TXc32G
20 милиони долари

Бидејќи сеуште се активни и исплаќаат, поврзани се со други шеми.

Муфљузи од Индија и Пакистан за година дена ќе станат инфлуенсери во Дубаи. Ќе ги гледате по рилови.
 
Член од
18 јули 2020
Мислења
53
Поени од реакции
30
само наПреТ...од утрово ми ѕвонат пријатели и ме убедуваат дека конти тера пак...желбата за лесен и богат живот преТ се.И за дџпт-то ми думат.Колку за инфо добив некоја вест дека се работи со меѓунардодни истражители од пред некој период и светски форензичари..ќе има лелек и пискот.Како збореше Сноуден,Нема каде да се скриеш.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.808
Колку пари направиле овие бе?

За 1 ден, 06.10, милиони префрлаат :pos:

3 милиони

700к

600к

+ сите предходни адреси што ги пратив.

Овие изгореле ладно 50милиони. Со сигурност.

пс:

Ауууууу :sekc:

Според ова што го гледам сигурен сум дека овие што се активни реклами што вртат во ист период со Конти, се исти екипи.
Трансферите доаѓаат од 2 адреси (од тоа што најдов, 100% има повеќе). Приливите од сите поврзани доаѓаат од неколку главни па потоа ваљда си ги делат меѓу себе. Кој милион, кој 500к, зависи кој колку заслужил :ROFLMAO:

1) https://usdtscan.com/wallet_info_trc20?id=TJ5usJLLwjwn7Pw3TPbdzreG7dvgKzfQ5y
25 милиони долари

2) https://usdtscan.com/wallet_info_trc20?id=TNXoiAJ3dct8Fjg4M9fkLFh9S2v9TXc32G
20 милиони долари

Бидејќи сеуште се активни и исплаќаат, поврзани се со други шеми.

Муфљузи од Индија и Пакистан за година дена ќе станат инфлуенсери во Дубаи. Ќе ги гледате по рилови.
Брату они и индијци изгореле. Отвори на твитер со #CONTI
Оваа шема е поголема, повеќе луѓе имаат изгорено од тие 14.000 во МКД/
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.409
Колку пари направиле овие бе?

За 1 ден, 06.10, милиони префрлаат :pos:

3 милиони

700к

600к

+ сите предходни адреси што ги пратив.

Овие изгореле ладно 50милиони. Со сигурност.

пс:

Ауууууу :sekc:

Според ова што го гледам сигурен сум дека овие што се активни реклами што вртат во ист период со Конти, се исти екипи.
Трансферите доаѓаат од 2 адреси (од тоа што најдов, 100% има повеќе). Приливите од сите поврзани доаѓаат од неколку главни па потоа ваљда си ги делат меѓу себе. Кој милион, кој 500к, зависи кој колку заслужил :ROFLMAO:

1) https://usdtscan.com/wallet_info_trc20?id=TJ5usJLLwjwn7Pw3TPbdzreG7dvgKzfQ5y
25 милиони долари

2) https://usdtscan.com/wallet_info_trc20?id=TNXoiAJ3dct8Fjg4M9fkLFh9S2v9TXc32G
20 милиони долари

Бидејќи сеуште се активни и исплаќаат, поврзани се со други шеми.

Муфљузи од Индија и Пакистан за година дена ќе станат инфлуенсери во Дубаи. Ќе ги гледате по рилови.
Pool-ови се ова од миксери/тамблери, така ги перат. Не им наоѓаш траги, не се замарај. А секако дека милиони се заработени.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Прегледај го приврзокот 431551

Втор ден се слави на велико у Калкута, гз преку глава. Е овде било најјакото у градскиот парк, ништо чудно и концерт на отворено да имало синоќа.

Прегледај го приврзокот 431552

Движат сеа Индијциве полека накај плоштадот, парадираат на улицава додека Македонецот што вложил у Конти испозаглавен у кредити леб нема да има за јадење. Ве пердашат како сакаат, алал.
Се работи турбо еве видеа од терен, се спремаат чорбите, ова ќе е поголема манифестација и од свадбата на Бандини:
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.521
Поени од реакции
26.182
ехххххххх па сепак @Марли рече дека беше стандарден репстативец на Италија. :icon_mrgr:
класична пирамидална шема ете ти, Вложи бе брат у Конти што ти е ќе расне, талент е, плус стандарден репрезентативец на Италија, само небото е граница.
Добро бе ајде колку?
Па 25 милиони.
Сеи ноу мор.
Кррррррррррррркккккккккк испокинати лигаменти, менискуси, мускули, тетитиви... Извинете ама Конти цркна, не е до нас, знаевме дека може вакво нешто да дојде, плус државата е крива што не се грижи.
Нооо не очајувајте, за вас веднаш достапен е новиот Конти, таканаречен Калдара.
Цела бантер ера вака се тешевме. Ќе продужиме и сега да се тешиме.
dgsagdsaf.png
 
Член од
18 јули 2022
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ме интересира, вие што сте извлекле пари/крипто од понзи шемава и ви се на binance, како ги повлекувате на сметка у банка? Односно ги продавате на binance во фиат валута и после како ги повлекувате на сметка?
vmenuvacnica
 

Kajgana Shop

На врв Bottom