CN – Народна Република Кина

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Ако е ова вистина, а не гледам зошто не би било, тогаш си правите со умо бајрам дека ќе има војна со Кина.

Нормално дека ќе инвестираат таму кога најголем дел од акциите се потценети.

Кина дворот не може да си го контролира, не па останато.
Немаат гарантиран пристап до нафта - САД ги контролира рутите и добар дел од произведувачите.
Немаат пристап до полупроводници - САД имаат скоро целосна контрола над развојот и производството. Доказ се последните санкции кон Кина во тоа поле.
Немаат гарантиран пристап до светските мориња. САД имаат целосна контрола над секој брод што испловува од Кина.
САД имаат контрола колку производствени капацитети ќе преселат во Кина. Последниве години го селат производството во Индија и околните земји. (види ја последната посета на САД во Индија и што се одеше со неа).
Индија ќе треба да лапа многу фурни леб за да успее да ја замени Кина во поглед на индустрија, и колку што зависат Кина од САД толку тие и цел свет зависи од Кинеската индустрија, видовме за време на ковид во каков хаос отиде целиот свет.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.499
Поени од реакции
18.521

Сите точки ти се или неточни или делумно точни.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.485
Поени од реакции
5.190
Нормално дека ќе инвестираат таму кога најголем дел од акциите се потценети.

Индија ќе треба да лапа многу фурни леб за да успее да ја замени Кина во поглед на индустрија, и колку што зависат Кина од САД толку тие и цел свет зависи од Кинеската индустрија, видовме за време на ковид во каков хаос отиде целиот свет.
Далеку се, ама се во добра насока.
Сите точки ти се или неточни или делумно точни.
Аргументи Тенеке. Покажи дека не е така.

брат, Кина ги држи за јајца, они само можат да џафкаат но Кинезот копа минерали, кинезот е фабрика на светот. Тоа што Кина го дава, овие ни за 10-20 години нема да најдат начин да го заменат.
И во Конго има минерали и во Бангладеш има фабрики. Ништо посебно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.686
Поени од реакции
35.569
Кина дворот не може да си го контролира, не па останато.
Немаат гарантиран пристап до нафта - САД ги контролира рутите...
Повеќе нафтоводи се градат од РФ за Кина, некои од нафтените полиња од кои досега се снабдуваше ЕУ.
Баш ме интересира како САД ќе ги контролираат тие рути.

А за контролата врз другите работи, исто е нешто што прво има алтернативи а второ и тоа самото веројатно ќе се менува во релативно блиска иднина.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Далеку се, ама се во добра насока.

Аргументи Тенеке. Покажи дека не е така.

И во Конго има минерали и во Бангладеш има фабрики. Ништо посебно.
Индија ќе биде наредната земја што ќе работи за џабе, ама тоа не ја става Кина на страна, туку ќе го промени типот на нејзините услуги.
Не се луди и тие, гледаат на каде оди возот и затоа инвестираат во други области и со други методи.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.485
Поени од реакции
5.190
Индија ќе биде наредната земја што ќе работи за џабе, ама тоа не ја става Кина на страна, туку ќе го промени типот на нејзините услуги.
Не се луди и тие, гледаат на каде оди возот и затоа инвестираат во други области и со други методи.
Да, тоа е нормално, но останува прашањето колку ќе бидат конкурентни на пазарот.
Засега освен во едноставни производи, немаат сектор или фирма во која се конкурентни во нешто, освен можеби случајот со Huawei, кој видовме како заврши. Ако САД се решат да ги изгладнат со полупроводници да речиме, не ми се верува да со сопствена технологија да бидат нешто на пазарот.
Бојлери секој може да направи.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Да, тоа е нормално, но останува прашањето колку ќе бидат конкурентни на пазарот.
Засега освен во едноставни производи, немаат сектор или фирма во која се конкурентни во нешто, освен можеби случајот со Huawei, кој видовме како заврши. Ако САД се решат да ги изгладнат со полупроводници да речиме, не ми се верува да со сопствена технологија да бидат нешто на пазарот.
Бојлери секој може да направи.
Толку ти требало да бараш инаку ги има и во апла комплексни индустрии, а исто и во вештачка интелигенција.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.485
Поени од реакции
5.190
Толку ти требало да бараш инаку ги има и во апла комплексни индустрии, а исто и во вештачка интелигенција.
Не реков дека ги нема, реков дека не се конкурентни без технологијата од Запад.
Нека ја смени Xiaomi технологијата што ја користи во своите телефони со технологија од Кинески производители, па да видиме колку ќе бидат конкурентни.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Не реков дека ги нема, реков дека не се конкурентни без технологијата од Запад.
Нека ја смени Xiaomi технологијата што ја користи во своите телефони со технологија од Кинески производители, па да видиме колку ќе бидат конкурентни.
Обострано е, ниту едните ниту другите се способни за да тераат сами затоа сеуште имаш мир.
Трка е со времето, кој стигне да стане понезависен прв ќе има прилика да повлече посериозен потег и да го преземе/забетонира престолот.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.485
Поени од реакции
5.190
Обострано е, ниту едните ниту другите се способни за да тераат сами затоа сеуште имаш мир.
Трка е со времето, кој стигне да стане понезависен прв ќе има прилика да повлече посериозен потег и да го преземе/забетонира престолот.
Нема Кина сопствен развој што е блиску напреден до она на Запад.
Се приближуваат, ама САД имаат контрола врз скоро сите технологии.
Колку Кина ќе станува финансиски помоќна, толку повеќе САД ќе лимитираат технологии за нив.
Последниве години се доказ за тоа.
Ударот врз Huawei. Санкциите за чипови. Преселбата на производителите во други земји, најмногу Индија. Иницијативи за враќање на производството дома, итн.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.537
Поени од реакции
24.355
Нема Кина сопствен развој што е блиску напреден до она на Запад.
Се приближуваат, ама САД имаат контрола врз скоро сите технологии.
Колку Кина ќе станува финансиски помоќна, толку повеќе САД ќе лимитираат технологии за нив.
Последниве години се доказ за тоа.
Ударот врз Huawei. Санкциите за чипови. Преселбата на производителите во други земји, најмногу Индија. Иницијативи за враќање на производството дома, итн.
Daj be ne tresi zeleni ziti se.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Нема Кина сопствен развој што е блиску напреден до она на Запад.
Се приближуваат, ама САД имаат контрола врз скоро сите технологии.
Колку Кина ќе станува финансиски помоќна, толку повеќе САД ќе лимитираат технологии за нив.
Последниве години се доказ за тоа.
Ударот врз Huawei. Санкциите за чипови. Преселбата на производителите во други земји, најмногу Индија. Иницијативи за враќање на производството дома, итн.
Друже, едно се желбите, друго е реалноста, ќе лимитираш фирма со седиште во Кина, ама тешко да лимитираш америчка фирма купена од Кинези чие производство е надвор. Истото е и во Европа, сфатија дека не може да шиткаат нивни брендови во автомобилска индустрија и си купија Европски брендови кои постојат со децении.
И приказната со Хуавеи е привремена, т.е можеби ќе го запрат во западен свет, ама затоа ќе го има во цел Брикс, како компанија се најнапред од сите и во развој на 6Г.
Се е ствар на интерес, државата на запад тешко може да те запри да инвестираш каде што ќе решиш самиот ти. Ако јас сакам да инвестирам во Кина ќе најдам дупки со крипто и слични глупости, и тие пари ќе ги платам на кинезот.
Истото беше и со Русија, ги скапаа санкционирање и банирање, и пак цел интернет ти е преплавен со Руси кои работат римоут за истите тие земји.
 
Мислев за пристапот до технологија.
Хуавеи доби забрана за одредени софтвери чие потекло е од САД, и Хуавеи падна преку ноќ. Веднаш изгубија конкурентност на светскиот пазар.
Не велам дека не продолжија со сопствен софтвер, но беа и се (не знам до кога им е забраната) неконкурентни барем во тој сегмент.

Сега замисли како би било да добијат ограничување во увоз на чипови на пример.

Дури и Европа, особено Германија почна да забранува превземање на Европски фирми од страна на Кинески.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Мислев за пристапот до технологија.
Хуавеи доби забрана за одредени софтвери чие потекло е од САД, и Хуавеи падна преку ноќ. Веднаш изгубија конкурентност на светскиот пазар.
Не велам дека не продолжија со сопствен софтвер, но беа и се (не знам до кога им е забраната) неконкурентни барем во тој сегмент.

Сега замисли како би било да добијат ограничување во увоз на чипови на пример.

Дури и Европа, особено Германија почна да забранува превземање на Европски фирми од страна на Кинески.
Софтвери се развиваат, потешкиот дел се чиповите.
Пред скоро време имав прилика да работам на проект хостиран на клаудот од Алибаба и за најголем дел од апликациите мислам дека е и повеќе од доволен, прашање е на време и методи кога ќе почне да се шитка меѓу „западниот свет“, а верувај ако ти ја завршува работата и е поефтин нема да се мислиш 2 пати.

Чиповите се проблем и за САД, огромен дел од таа индустрија доаѓа од Тајван и Јапонија, така да како и да се свртат ќе мора да одржуваат добри односи со овие 2 локации. Доколку им го отсечат Тајван ќе бидат заебани и САД, а и цел свет.

Целата работа се сведува дека ниту еден не може да живее без другиот, и е добро се додека е така. САД си има други проблеми кои треба да почне да ги решава што поскоро затоа што иако се далеку од цел свет може лесно да завршат како Франција денес. Прашање е само на доволно добра мотивација за латиносите и ѓупштаната (читај пари и немири финансирани од исток) и да гледаш хаос со месеци.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
389
Поени од реакции
521
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Кина води во 37 од 44 технологии следени во едногодишен проект на тинктенк Австралискиот институт за стратешка политика. Полињата вклучуваат електрични батерии, хиперсоника и напредни радиофреквентни комуникации како што се 5G и 6G.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom