Друже, едно се желбите, друго е реалноста, ќе лимитираш фирма со седиште во Кина, ама тешко да лимитираш америчка фирма купена од Кинези чие производство е надвор. Истото е и во Европа, сфатија дека не може да шиткаат нивни брендови во автомобилска индустрија и си купија Европски брендови кои постојат со децении.
И приказната со Хуавеи е привремена, т.е можеби ќе го запрат во западен свет, ама затоа ќе го има во цел Брикс, како компанија се најнапред од сите и во развој на 6Г.
Се е ствар на интерес, државата на запад тешко може да те запри да инвестираш каде што ќе решиш самиот ти. Ако јас сакам да инвестирам во Кина ќе најдам дупки со крипто и слични глупости, и тие пари ќе ги платам на кинезот.
Истото беше и со Русија, ги скапаа санкционирање и банирање, и пак цел интернет ти е преплавен со Руси кои работат римоут за истите тие земји.