Во Македонија, подобар коментатор од Златко Калински, ни имало нити ќе има. Сега е малку во години инаку има страшен речник на изразување, знае кога и колку да го повиши гласот при некоја шанса. Се гледа дека е малку " отупен " со играчите, знае да ги промаши, ама човекот има 60 и кусур години. Штета што повеќето од вас петлиња овде не го памтат Калински како кометираше Премиерлига на МТВ кога ја емитуваа, со ништо не би ги сменил тие преноси и тие коментари од Златко. Ако Калински не чини тогаш што останува за останатите " коментатори " во нашата земја?
А Панчев едноставно не е коментатор, знае да се занесе понекогаш и да претера со некој безвезни муабети, ама некогаш знае да даде и добра анализа за некој натпревар или акција, посебно кога се работи за некој гол - шанса, во каква тој се нашол 1000 пати, за разлика од вас овде што го тролата. Незнам зошто сте се запнале толку за овој " двоец ", кога е убедливо најдобар од сите коментатори кои го коментираат Светсково ( во Македонија ).