Избери живот. Избери работа. Избери кариера. Избери семејство. Избери стан на кредит, автомобил на лизинг и телевизор со илјадници канали. Избери сигурност, рутина и добро испланирана иднина.
Избери што ќе гледаш. Избери во што ќе веруваш. Избери кому ќе му веруваш. Избери среќен крај. Избери да кажеш нешто.
Избери приказна што ќе те промени. Избери филм што ќе те вознемири. Избери да се соочиш. Избери туѓ свет, туѓа перспектива, туѓа вистина.
Избери да гледаш. Да преиспитуваш. Да се сомневаш. Да не се согласуваш.
Избери кино. Избери европски филм. Избери да не го прифаќаш светот онаков каков ти го сервираат.
Избери го своето прашање. Избери го својот одговор.
Избери живот.
Ова е нашето прашање на избор. Бираме победа.
25. СИНЕДЕЈС - Фестивал на европски филм
2-7 декември
МКЦ Скопје
бидете така. програмата ќе се емитува во боја