Cinedays

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Фини филмови има али педерска работа што не даваат наши филмови, а годинава имаме и тоа филмови за гордеење.

Нек се угледаат малце на белградскиот ФАФ. Сите српски филмови ги пуштија на фестивалот, освен Оче наш.
 
Фини филмови има али педерска работа што не даваат наши филмови, а годинава имаме и тоа филмови за гордеење.

Нек се угледаат малце на белградскиот ФАФ. Сите српски филмови ги пуштија на фестивалот, освен Оче наш.
Мора да се забележи дека ова не е ни четвртина од тоа што на времето беше Синедејс! Во официјална селекција има само 5 филма, гала програмата - 7-8, и сите филмови ќе бидат прикажани во 3 минијатурни кино салички (го нема Милениум веќе :( ). Жално е од што на што дојдовме. Мора новиот градоначалник на Скопје да направи нешто повеќе за да ја врати грандиозноста на овој фестивал. Зашто за наши услови, и тоа како беше грандиозен! Не би сакал да останеме само да се сеќаваме како беше „во наше време“.

Ама инаку, да. Од тоа малку што има, има навистина фини наслови: Панахи, Дарден, Тајниот агент кој е еден од посериозните кандидати за номинации за Оскар, Фатих Акин, Линклејтер (иако овој одамна го има и по торенти), Џармуш, Сорентино, Парк Чан-Вук, во официјална селекција е и турскиот кандидат за Оскар! Стварно интересни наслови. Браво за тоа што се потрудиле.
 
Cinedays годинава со Trainspotting најава:

Избери живот. Избери работа. Избери кариера. Избери семејство. Избери стан на кредит, автомобил на лизинг и телевизор со илјадници канали. Избери сигурност, рутина и добро испланирана иднина.
Избери што ќе гледаш. Избери во што ќе веруваш. Избери кому ќе му веруваш. Избери среќен крај. Избери да кажеш нешто.
Избери приказна што ќе те промени. Избери филм што ќе те вознемири. Избери да се соочиш. Избери туѓ свет, туѓа перспектива, туѓа вистина.
Избери да гледаш. Да преиспитуваш. Да се сомневаш. Да не се согласуваш.
Избери кино. Избери европски филм. Избери да не го прифаќаш светот онаков каков ти го сервираат.
Избери го своето прашање. Избери го својот одговор.
Избери живот.
Ова е нашето прашање на избор. Бираме победа.
25. СИНЕДЕЈС - Фестивал на европски филм
2-7 декември
МКЦ Скопје
бидете така. програмата ќе се емитува во боја

 
Back
На врв Bottom