Чудни приорирети?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Во последно време се почесто забележувам малку чудни приориритети кај луѓето во споредба со целите кои сакаат да ги постигнат. Не, велам дека оваа појава не била присутна и претходно, но јас ја забележувам во последно време. Па така многу често ги забележувам следните апсурди:

  • сакаат да успеаат во животот, а не сакаат да работат (јас не сум сретнал некој да успее без разбота)
  • направиле 25 години и сеуште единствената работа со која цел ден се занимаваат е сексот вечер, со кого, каде и зошто (нели е малку незрело ова?)
  • врвот во кариерата на 25 години им е сепарето и флашата вечер во диско
  • сакаат да изградат кариера, а секоја втора слика на kadevecer е нивна. не заборавија дека помина модата на ноќните галерии?
  • сакаат да станат нешто во животот, а целиот ден се замараат со туѓите животи
  • малку работат, а сакаат да имаат многу пари
  • тешко седнуваат да размислат, а сите сакаат да станат бизнисмени (со туѓа идеја)
  • сакаат да и помагаш, а ретко можеш да најдеш човек да ти помогне. сакаат многу да земат, а малку да дадат.
Што мислите вие за ова?
 
Кај машките секогаш ќе најдеш ливче во џебот од некоја кладионица.
Кај женските секогаш ќе најдеш во ташна обавезно кармин и дурех.
 
земаат кредити чисто без цел тие што работат,дел од нив што ги познавам, без никаква цел,чисто онака да имааат повеке за да си купат пример,,оригинал адидас патики...
 
Се е тоа до воспитувањето и буквално кажано разгалувањето од дома. Отсекогаш сум забележувал за оние со кои се дружам кој колку прави сам нешто по дома, а на кој се му прават мајка, татко, баба и сл (зборам за мали работи како земање чаша вода, за поголеми да не збориме). Сите оние што биле, чекај јас ќе ти донесам, чекај баба ќе ти даде да јадеш итн. сега се во дадениот опис и сакаат се, а очекуваат тоа да им падне од небо. Тие што како деца биле воспитувани дека кога ти се пие вода, стануваш и си земаш и кога ти се јаде, не ја тераш баба ти да прекине што и да прави друго за тебе да ти направи сендвич, туку сам си го правиш, не се занесуваат дека ќе успеат без работа. Истите многу полесно си поставуваат одредена цел и работат за да ја остварат.
 
Жално е што приоритет стана и лајковите на фб, па така они се подготвени да менуваат слика секој ден за после пак да ја вратат таа на која и собираат лајкови, да се означуваат сто пати само со цел да се појави таа слика повеќе пати на насловна за повеќе да ја видат и да и стаат лајк, па девојчињата подготвени се и телото да си го рекламират само за лајкови, фактички подготвени се да се ебат у гз за нешто што ништо во животот не им значи, само бруки во очите на другите :(
 
Треба да се читаат повеќе книги и повеќе да се проучува животот во позитивна смисла и да се пронајдат сите во природна форма на живот како единка, а не како маса. Тие со лоши принципи функционираат според тезата: Мајмунот прави тоа што ќе види.
 
Кај машките секогаш ќе најдеш ливче во џебот од некоја кладионица.
Кај женските секогаш ќе најдеш во ташна обавезно кармин и дурех.
Јас би рекол дека позитивна работа е ако најдеш кондоми кај женските во ташна. Барем допрела до нив едукацијата за половите болести и несаканата бременост. Ова е една голема позитивна особина. Карминот и кладилницата се лична определба. Разубавувањето и натпреварот се дел од човековата природа.
Проблем е што на крајот од смената кога го чистам што сум го направил ѓубрето или кога ке фанам да ја бришам прашината од работниот алат, помладите колеги гледаат со подсмев на мене. И дури и ми префрлаат како тоа не е моја работа и демек сум се "лижел" за поголема позиција. Напротив, тие се уназадуваат во работата, а јас го работам она за што сум платен. Спремни се пред пола саат пред крајот на смената да си одат дома, без оглед дека на некој му пука газот од работа за тој пола саат.
 
Или пак, ќе извади бугарски пасош ќе поработи во странство 3-4 месеци за една ,,бесна,, кола (набиена километража, излижани гуми) ќе се испука низ градот, да биде виден, после ќе ги малтретира домашните за бензин и поправки.
Кога ќе прашам: Што направи зошто се врати назад?
- Како не, ќе му работам за 6 евра од саат таква макотрпна работа, поарно во Македонија ќе си седам барем дома сум си, не плаќам сметки, има кој да ме пери, да ми готви, и тука се наоѓа по некоја работичка колку толку има за живот (за цигари) народот таму е многу ладен, досадно е (е нема кафе мафе како во Македонија).

Денес за утре.
 
Ова е само обична неодоговорност и неприфаќање на работите какви што се во нашево секојдневие од нашата шугава младина која не знае да живее.
 
Побитно им е сега да си ги потрошат сите пари на битни и небитни ствари, отколку да ги заштедат за во иднина.
 
Колку само жално е ова. Ко моден тренд да е, така најверојатно сите се однесуваат.
 
Мене па ми се чудни луѓето што се занимаваат со туѓи приоритети. Кој што сака нека си поставува за цел. Ич не ми чуе дали комшијата Петко зел кредит за да иде на одмор или да реновира дома. Мене тоа воопшто не ми менува нешто во животот.

На крај краева, на сите оние кои пишале на темава дека младината е мрзлива - супер за вас, имате помала конкуренција. Не знам што ви смета тоа.
 
Ах, дали е ова уште една од темите - Македонецот е размазен, има работа, само он неќе да работи.
Ако е така, тогаш кој кур сите тие кои шират вакви теми не се вработат у индустриска зона, кај што ќе зимаат по 8000, него атерирале со газовите во државна администрација?
 
Мене па ми се чудни луѓето што се занимаваат со туѓи приоритети. Кој што сака нека си поставува за цел. Ич не ми чуе дали комшијата Петко зел кредит за да иде на одмор или да реновира дома. Мене тоа воопшто не ми менува нешто во животот.

На крај краева, на сите оние кои пишале на темава дека младината е мрзлива - супер за вас, имате помала конкуренција. Не знам што ви смета тоа.
Оо да, се согласувам 102%! >)
 
Се е тоа до воспитувањето и буквално кажано разгалувањето од дома. Отсекогаш сум забележувал за оние со кои се дружам кој колку прави сам нешто по дома, а на кој се му прават мајка, татко, баба и сл (зборам за мали работи како земање чаша вода, за поголеми да не збориме). Сите оние што биле, чекај јас ќе ти донесам, чекај баба ќе ти даде да јадеш итн. сега се во дадениот опис и сакаат се, а очекуваат тоа да им падне од небо. Тие што како деца биле воспитувани дека кога ти се пие вода, стануваш и си земаш и кога ти се јаде, не ја тераш баба ти да прекине што и да прави друго за тебе да ти направи сендвич, туку сам си го правиш, не се занесуваат дека ќе успеат без работа. Истите многу полесно си поставуваат одредена цел и работат за да ја остварат.

Добар пост најискрено, причините што ги наведе се виновници во голем дел за таквото однесување. Најтрагично е што во најголем дел моето однесување до пред некоја година беше баш такво како што ги имаш ти опишано. Чиста среќа што имав смена на околности, па премотај некоја година подоцна и моментално сум потполно самостоен. Шуќур.

Имајќи шанса да видам како во странство растат младите, жал ми е што толку сме мазени во Македонија од родителите, а што е уште полошо така не растат мислејќи дека тоа е најдобро за нас. Затоа и очекуваме се на тацна да ни биде за жал, ретко кој од нас е израснат да се однесува малку поодраснато.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom