Чудни фудбалски стереотипи/убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Не знам дали ова е соодветен наслов на темава но е најблиску до тоа што го опишува она што сакам да го доловам.

Во темава слободно пишувајте ги вашите стереотипи, „закоравени“ мислења, чудни убедувања кои ви се останати во глава, без разлика колку мислите дека ќе бидат комични. Бидејќи не можам да доловам вака со празни зборови, ќе доловам со неколку примери.

Кога и да се игра на Камп Ноу, никогаш не врне;

На Сент Џејмс Парк никогаш не грее сонце;

Кога и да игра Стоук дома или дува ветер или има невреме како да доаѓа апокалипсата;

Сите екс СССР тимови во ЛЕ поготово мора да имаат Бразилец кој е најчесто АМ;

Има едно 50 црни фудбалери што се презиваат Диара и најчесто се везњаци;

Бразил на секој турнир доаѓа со некој ДМ или напаѓач кој е реално за во отпад, не па за во репрезентација;

САД мораат да имаат ќелав голман - Келер, Фридел, Хауард, Гузан...;

Волкот се` уште има 22 години;

Ако си играл за Јувентус, тоа не значи дека немаш шанси да играш и за Интер и за Милан подоцна во кариерата;

Во Италија се смета за грев ако носиш дрес со бројка помала од 30;

На речиси сите ЕП или СП мора да има барем еден голман кој од никаде ќе се истакне и по турнирот ќе продолжи со медиокритетските настапи;

Алан Карбишли е меѓу фаворитите за секоја менаџерска работа во ПЛ;

итн, итн.

Ајде да видиме што ќе ви текне, се надевам вака е појасно :)
 
Но затоа:

article-1269738-09592ACC000005DC-354_468x332.jpg

:icon_lol:

Извини за офтопик :D
 
Руни вечно има 28 години.
 
Лавеци сеуште доаѓа накај Интер.
Витсел направи трансфер од Интер во Милан, па сега ќе оди во Јуве.
 
Јужна Кореа задолжително во тимот мора да имаат пет Парка, четири Ким-овци и тројца Ли-овци.:icon_mrgr:
Додека Северна Кореа редовно си освојуваат СП.
 
Секој млад французин е поврзан со Арсенал.

Секоја италијанска екипа е на чекор од тоа да ги купи азиец што ќе вложи билијарди!

Секоја екипа што игра дефанзивен фудбал "не го заслужи трофејот"

Секогаш кога игра македонската репрезентација "не заебува судијата" или "ете, толку ни е силата"
 
Секој бразилски талент на 17 години е "новиот Пеле".
Слично беше и претходно со Аргентинските таленти и "новиот Марадона".
Секој црнец со мускули и релативно долга коса е новиот Дрогба :D
 
Било која германска екипа кога игра ЛШ или ЛЕ или репрезентацијата ако губат и направат пресврт до крајот - шваби се тоа , машини до крај играат машки, а ако изгубат никому ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom