Ефенди, не барав афирмација на мојот пост, туку од тебе, барав одговор на моето прашање: која е финтата со која ќе докажеш/покажеш дека Сонцето навистина се врти околу Земјата, наспроти мојата изворна информација, добиена од моето око, дека тоа око гледа дека Сонцето изгревајќи на исток, по полукружна патека се искачува до зенитот, на пладне, па се спушта на запад и заоѓа. Моето око манааџиско и архитектонско, сеуште не видело дека Земјата се врти околу Сонцето.
Ајде сега, пополека и од почеток, потруди се да најдеш доказ дека Сонцето се врти околу Земјата и да го наведеш начинот на кој си дошол до тој доказ, а не да ескивираш од одговорот со матни постови.
И не се „замарај„ со мојата професија...
П.С. И прашај го другар ти астроном, како му успеало да открие дека токму Сонцето се врти околу Земјата? Или некој така му дошепнал „на увце„ па тој поверувал?
Ти пишав еден голем пост и пред да го пратам ми рикна лап-топот. Мора да сум бил многу зајадлив.
Затоа, од компјутеров на ќерка ми, овој пост ќе го направам пократок и поискрен.
Прво, само на кратко: Ако во систем имаш две тела, тогаш
никогаш нема да бидеш сигурен кое се движи, а кое стои. Затоа, сети се на двата воза во станица, кога седејќи во едниот не знаеш дали се движи твојот или другиот воз. Се додека не ја провериш пригата или пејсажот.
Затоа ни требаат ѕвездите.
Јас лично, спорниов феномен сум го забележал вака:
Ако Земјата
стои во место следново ќе биде точно:
1. ѕвездите секогаш ќе бидат на истото место на небото во исто време од денот/ноќта
2. сонцето ќе изгрева и заоѓа на истото место на хоризонтот
Прво, забележав дека летно време сонцето има поинаква патека преку небото отколку преку зима. Вторава патека е пониско на хоризонтот. Со тоа 2-ката не ми е ОК.
Кога бев копиљ, секое лето одев во Охрид кај баба ми. Навечер, кога се враќавме накај дома после шеталиште (најверојатно околу 9-10 навечер), секогаш ја гледав големата мечка точно над оџакот од куќата на баба ми. Секогаш одевме во јуни таму, после оценките у школо.
Кога еднаш у средно отидов во Охрид во зима, одејќи накај куќата на баба ми се откачив кога видов дека големата мечка е сосем лево. Секако, времето беше отприлика тоа - 9 ипол навечер. Така
јас самиот тогаш уште и без да знам го проверив 1. Значи ѕвездите не секогаш се на истото место на небото во исто време од денот.
Мене, овие две работи ми покажаа дека
земјата не е статича, туку дека патува низ простор.
Некаде во 3-4 одделение учевме повеќе за годишните времиња и јас го сфатив концептот на
револуција, како различен од
линеарно движење. Затоа сега можам да речам дека сум
забележал (јас самиот) дека Земјата, во своето движење низ просторот повторно и повторно доаѓа на едно исто место. Мене, од искуство (лично), тоа ми кажува дека Земјата најверојатно се движи по кружна патека, или барем елиптична.
Јас многу сакам природа и транс фестивали. Овие вториве се организираат на отворено, во природа, понекогаш и по повод целосно затемнување на сонцето. Од моите досега проследени три целосни затемнувања
недвосмислено тврдам дека месечината се движи околу земјата и дека секој нареден ден е се повеќе и повеќе осветлена преку ноќ, и секогаш од онаа страна од која „заминало“ сонцето,
но во зависност од времето во годината (некогаш фестивалот беше во јануари, еднаш во март и еднаш во август) месечината се „полнеше“ со светлина од различна точка на својот обем.
Овие работи споени заедно (ноќното небо кое е различно посеано со истите соѕвездија, во текот на годината, различната патека која ја изодува сонцето во текот на денот зависно од времето во годината, и аголот под кој месечината се полни и празни зависно од времето во годината, очигледноста на револуцијата на земјата) и поткрепени со мааалку логика, мене
лично ми покажаа дека земјата се врти околу сонцето, а не обратно.
Затоа ни требаа ѕвездите.
Јас не викам дека е ова конечната вистина.
Обрни внимание, Мики. Викам дека е едно од
објективно проверливите тези.
Што можеш ти,
објективно проверливо да кажеш за твоето видување на земјата и универзумот?
* * *
Ако некој сака упатство за тоа како може самиот/самата да
провери дали земјата се врти околу сонцето и на Мики после да му се прави фраер, бујрум:
http://en.allexperts.com/q/Astronomy-1360/earth-revolves-around-sun.htm