TripleH
.
- Член од
- 10 јуни 2005
- Мислења
- 3.399
- Поени од реакции
- 19
Незнам кај да оди ова...
СЛАТКА ОДМАЗДА ИЛИ НЕДОРАЗБИРАЊЕ
Пензионерка ја наместиле на хот лајн
"Немав претстава што се случува, се додека едно попладне не се јави еден постар глас кој зборуваше хрватски. Тој ми кажа дека телефонот го дознал од порно весникот 'Смоквин лист' од Риека, од оглас под кој имало и слика
"Пензионерка од Скопје, 55 години, бара маж за забава и разговор на хот лајн", вака гласи огласот во хрватското порно списание "Смоквин лист" кој излегува во Риека. Во продолжението на огласот стои и телефонски број од Скопје. Навистина се работи за 55-годишна скопјанка која, како што ни кажа, најверојатно некој ја наместил и го испратил огласот со телефонот во риечката редакција на "Смоквин лист".
"Дерман немам веќе две недели. Телефонот sвони постојано, особено навечер по 12 часот. Морав да почнам да го исклучувам оти немав мира дење - ноќе. Се јавуваат стотици", вели нашата пензионерка која пред една недела поднела во Телеком молба за промена на телефонскиот број, но се уште го чека.
Пензионерката вели дека главно и се јавувале млади момчиња: "Барем така ми се чини по гласовите. Јас веднаш им ја треснував слушалката кога ќе чуев дека зборуваат на хрватски, но немав претстава што всушност се случува, се додека едно попладне не се јави еден постар глас којшто исто зборуваше хрватски. Тој ми кажа дека телефонот го дознал од порно весникот, од огласот под кој, замислете, имало и слика на насмеана средовечна русокоса, а под неа тела на голи жени во различни еротски пози. Сега пријателките, на кои веднаш им се пожалив, се шегуваат на моја сметка. Ме викаат смоквичка".
Таа вели оти е сигурна дека не се работи за никаква коинциденција, туку за местенка: "Тоа го направил некој од моето опкружвање и за солено да се пошегува и да се изживува на моја сметка", вели таа.
(Д.С.)
Шо не пра` ова стариве