Чие предавство не се простува?

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Досега не сум бил предаден и не знам, само знам дека јас не би предал :toe:.
 
Немаш поддршка ради споствени причини и стравови, ова би било далеку од предавство :)

У ствари немам идеја за пример за предавство на родител или брат, сестра? Пошто конкретно не знам за таков пример, посебно предавство на родител.
Ако е она погоре цитираното, неподдршка за извесни желби или одлуки...во една друга тема го кажав на сличен начин -предавство од аспект на детето, но најверојатно е одлука на родителот ради неговото искуство во слични ситуации. Времето обично покажува дека е до она второто, кога и детето излага на прав пат. А како гледам повеќето од вас, низ годините баш на тој пат и излегувате, повеќето. Значи одлуките за неподдршка биле исправни, а чувството за наводно предавство од родителот...погрешен? Кога ќе минеш по пат полн со дупки, секако ќе му објасниш на дете дека има и друг пат, можда 1 км подолг, но...аутобан во споредба со твојот :)


Несреќно одбран термин е предавство, кажав и претходно, замени го со немање поддршка, недостаток на помош, игнорирање на проблемот, итн, итн...

Неподдржување на родителите освен од лоши искуства, понекогаш може да има и од себични причини, од егоизам. Држи муабетот дека секој родител му мисли добро на своето дете, дека се плаши за неговата иднина, но понекогаш родителите знаат да бидат и себични, да помислат и на себе си при некои одлуки, главно од емотивна природа. Може до утре да спориме колку е тоа правилно или не, но постои.
 
Во животот имате ситуација за битно животно прашање за која останувате без поддршка од сите блиски, баш од оние од кои најмногу сте очекувале (родители, партнер (брачен-небрачен), брат/сестра). Чие предавство би ве погодило најмногу? На кого не би можеле да му простите никогаш?

Фала му на Господ, до сега такво нешто ми се нема случено. Поточно ми се нема случено да немам поддршка од никој (се наоѓа по некој да ме “предаде“ од време на време:)).
Според мене болката би била најголема кога некој кој ме познава цел живот, некој во чии вени тече истата крв како мојата би ме оставил без поддршка.
Партнерот и пријателите ги бираме сами. И токму затоа и да нè “предадат“, би можеле да најдеме нови.
Меѓутоа роднините се оние кои не можеме да ги смениме, и болно е кога знаеме дека некој со кој сме биле многу блиски и некој кој нè познавал (зборувам за родители, брат/сестра) одеднаш нè остави без неговата поддршка и целосно ни го врти грбот.
А никогаш не би простил на другар/ка или партнерка од чиста причина што знам дека секогаш можам да најдам нови пријатели и нова партнерка.
Меѓутоа, блиските роднини никогаш нема да можам да ги сменам. И затоа мислам дека на родителите и на братот/сестрата би им простил многу полесно, без разлика што таа болка која тие би ми ја нанеле би била поголема од онаа другата, нанесена од пријателите.
 
не верувам во никој ни во мама ни во тато ,понекогаш ни на себеси,ако некој ме предаде јас сум крив
највеќе ќе ме повреди егото ,ако свеста ме предаде.. се околу мене е моја одговорност
 
Па не знам....нема ми се случено такво нешто моите родители ме поддржуваат каде и да сакам да учам партнер неам а брат/сестра неам но имам братучетка која исто така ме поддржува кога сум во право а кога не сум ме поправа но тоа не го сметам за предавство :toe:
 
На такво простување мислев, не на целосно отпишување. :) Повеќе би дошло како разочараност, како непријатно "изненадување".
Тоа не го сметам за простување тоа го сметам за еден вид премолчување, чекање на правиот момент да се израмнат сметките .
Ретко се разочарувам, најчесто сум бесна на себе си зошто сум дозволила да рачунам на нив. И бесна зошто сум инвестирала во односот со нив -,- .Али кога веќе стига до кој најмногу би ме разочарал тој што сум мислела дека ќе ме подржи најмногу.
 
на другарот....само таа личност вечно останува и е личност што ти ги знае сите тајни.... е сега кого ти ќе го одбереш да ти биде другар зависи од тебе, а може тоа да бидат или твојата мајка, или другарка, или другар или партнерот...
 
Предавство од другари/другарки.Од девојка не би се ни умарал само би ја пљукнал еднаш за крај.
 
Предавство на љубовниот партнер, тоа страшно би болелео и не би проситла никогаш!
 
Лесно им давам втора шанса на луѓето, така да мислам дека сечие предавство би простила кога тогаш. Но, најмногу би ме разочарало и повредило предавство од семејството, бидејќи нив ги сметам за најблиски и за луѓе што секогаш мислат добро за мене. Од другарките, другарите и партнерот не очекувам многу, затоа мислам дека не би се разочарала многу од нивното предавство.
 
Според мене ниедно предавство не се простува. Зборот предавство си има посебна тежина.
 
предавство од другар/другарка дефинитивно не се простува :nenene: нема шанси, посебно не кај мене
 
Na moite roditeli sto i ne veruvam deka nekogas vo zivoto ke se sluci predavstvo od moite,ne bi mozela da prostam predavstvo od drugarka bliska i decko :tapp:nikogas!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom