Чие предавство не се простува?

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Девојката ти те вара со најдобриот другар.
Чие предавство е полошо, предавство од девојката која си ја сакал и верувал, или другарот со кој си минал пола живот?
Другар или девојка?
Потешко??
Девојка или другар?
Хмм??
другар!ако може така да се нарече тоа...



Веќе го имам ова пишано, но: колку повеќе ми значи некој толку полесно може а ме повреди.
засега не гледам опасност од такво нешто а ми се има случено само еднаш во животот.Кога гледам денес на тоа и не е толку страшно ама кога гледм денес!
 
другар!ако може така да се нарече тоа...



Веќе го имам ова пишано, но: колку повеќе ми значи некој толку полесно може а ме повреди.
засега не гледам опасност од такво нешто а ми се има случено само еднаш во животот.Кога гледам денес на тоа и не е толку страшно ама кога гледм денес!


Партнер!ако може така да се нарече тоа...
 
Партнер!ако може така да се нарече тоа...
за секој е тоа индивидуално.Можеби јас имам превисоки очекувања од другарите а прениски од партнерите!
Во секој случај, разочарувањетое многу поголемо од другар, бар за мене.
 
за секој е тоа индивидуално.Можеби јас имам превисоки очекувања од другарите а прениски од партнерите!
Во секој случај, разочарувањетое многу поголемо од другар, бар за мене.
Да во право си според мене партнерите доагаат и си одат барем сега а со другари си бил 15 години и многу по друго
 
Да не бегаме во офтопик, ама зависно и за каков партнер станува збор, нели?
Ако е од тие кој си дал завет пред нотар и црква, и одгледуваш паразит со него, тешко дека би одиле со другар.
 
Чие предавство? Она кое не можеш да си го простиш.
Ако се обидеш да си најдеш оправдување и утеха секое едно предавство ќе ти биде помалку безболно и времето ќе го избледее.
Родителите најмногу знаат да разочараат зошто во нив ја бараме најголемата заштита и едноставно очекуваме дека секогаш треба да се на наша страна и да климаат со главата за што и да одлучиме, па аналогно на тоа доаѓаат и разочарувањата. Другарите и партнерот се сепак минлива категорија, денес е еден утре (условно) е друга личност, сите разочарувања со времето остануваат само како искуство и мерка за претпазливост.
 
ние веќе забегавме офтопик.
се разбира дека зависи...јас лично кажав дека повеќе се приврзувам со другар отколку со партнер (засега,18 сум фор гад сеик)
ама сепак мислам дека секогаш ке важи тоа,колку повеќе вложуваш во некој (емоционално мислам) толку се поголеми шансите да те повреди:toe:
 
Предавството на семејството најмногу би ме повредило. Тука ги опфаќам родителите, брат/сестра. Тие ми се некако еднакви, едно исто. Семејство.
Од партнерот не би ме разочарало до толку. Мислам, би ме разочарало (ќе ја шутнам) ама нема да ме повреди до толку длабоко како што би ме повредило предавството од родителите. Ако веќе морам да правам споредба.
Партнерката е премногу релативна особа, за прдеж во кревет може да ја снема. Или поради бришење на онаквото од завеса, после анален секс. Или дека имала добиено па тресела повеќе од што смеела да си дозволи. Ама семејството... е семејство. И ништо не може да го замени нивното место во мојот живот.
 
На баба ми :pipi:

Шала на страна. Предавство се предавство ке те боли па и од комшијата да е.

А за простување да бидемо реални на мајка ти и на татко ти когај тогај ке им простиш.

А за другите зависи од личноста и карактерот на тој ( таа) што е предаден у случајов
 
Се може да се прости, тврдам и дека се треба да се прости, но највеќе боли и највеќе лузни остава предавството од оние во кои си имал 100 посто доверба. Најблиските луѓе со кои човек делел се и кои најмногу го познавале и од кој очекувал највеќе поддршка.
На овие години мислам дека од партнер најмалку би била разочарана, затоа што сметам дека најголемиот дел од “партнерствата“ се поповршни и понезрели, па и полесно се заборава и се преболуваат тие разочарувања.
 
Ај вака да видиме:
добиваш стипендија за студирање во странство, за која си се изборила сама и сакаш да одиш најмногу на свет. За истата немаш поддршка (во ситуацијава не ти дозволуваат да одиш) ниту од твоите, ниту брат/сестра, ниту партнер, секој од сопствени причини и стравови.
Од кои од наведените би била најразочарана? Кој би те изненадил највеќе (негативно нормално)?
Немаш поддршка ради споствени причини и стравови, ова би било далеку од предавство :)

На партнер... :nenene:

-Предавство на родител би простила од проста причина што тоа не е предавство туку познавајќи ги своите родители тоа е сепак најдоброто за мене.
-Предавство на брат/сестра, хммм се сомневам.
-Предавство на партнер е вистинско предавство... не би простила, можеби.
У ствари немам идеја за пример за предавство на родител или брат, сестра? Пошто конкретно не знам за таков пример, посебно предавство на родител.
Ако е она погоре цитираното, неподдршка за извесни желби или одлуки...во една друга тема го кажав на сличен начин -предавство од аспект на детето, но најверојатно е одлука на родителот ради неговото искуство во слични ситуации. Времето обично покажува дека е до она второто, кога и детето излага на прав пат. А како гледам повеќето од вас, низ годините баш на тој пат и излегувате, повеќето. Значи одлуките за неподдршка биле исправни, а чувството за наводно предавство од родителот...погрешен? Кога ќе минеш по пат полн со дупки, секако ќе му објасниш на дете дека има и друг пат, можда 1 км подолг, но...аутобан во споредба со твојот :)

Мањак на поддршка за некоја одлука не значи предавство, затоа и ме интересира пример за предавство (освен откажување од дете и исфрлање од домот). Како родител на бруцош и основец баш би сакал да видам каде лежи потенцијал за наводно предавство од моја страна, како искуство повеќе во семејните односи.

А предавство од партнер...па едино тоа и би било можно. И да, секако дека тоа најчесто не се простува...но во одредени случаи и да, се простува, што да не. Зависи ваљда од повеќе фактори, дури и предавството на партнерот :wink:
 
И конечно, ако јас сама сум се изборила за таа стипендија - може да ми се подржат. Сите. Не треба да ме поддржат.

Поштовање.


И јас би се разочарала во сопствениот избор,другар/партнер,тоа се личности кои треба да ме подржат во се,бидејќи за тоа и ги бирам да се до мене.
Родителите гледаат од друг агол,некогаш знаат и да те повредат бидејќи најдобро те познаваат,но никогаш не би им земала за зло.Нема простор за разочарување во нив,можеби лутина,краткотраен бес,караници,но на крајот одлуката е моја.Пострашно ми звучи,ти да ги разочараш нив,тоа предавство незнам дали се простува? (некој родител да каже:) )
 
Мразам предавство.
Ничие не би простила.
А најмогу би ме доболело од партнерот.

За родителите знам дека не би ме предале никогаш.
На брат ми ке му простам(можеби оти е помал).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom